Он лајн купувањата со раст од 14 проценти

Купувањето онлајн во државава и понатаму расте со забрзано темпо. 

Спроведената анкета во првиот квартал на 2019 година во државава во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст од 14 проценти, односно онлајн купувале 35,9 проценти од интернет корисниците, наспроти 31,6 проценти во истиот период минатата година, информира Асоцијацијата за е-трговија.

Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од 2019 година е зголемена на 81.8 проценти опфат на домаќинствата, наспроти 79,3 проценти во истиот период минатата година. Според резултатите, има подобрување и во начинот на пристап (фиксно широко појасно и мобилно) потребен за вршење на е-трговија. Осумдесет и еден процент од Македонците на возраст 15-74 години употребиле интернет во последните три месеци наспроти 79,2 проценти во истиот период лани. Притоа 72,9 проценти користеле интернет секој ден, наспроти 68,7 проценти лани, при што мажите користеле интернет повеќе (74,9 проценти) од жените (70,8 проценти).

Анализата на Асоцијацијата вo која се користени податоци на Државниот завод за статистика покажува дека Македонците интернетот најмногу го користеле на социјалните мрежи. Конкретно, 70,4 проценти за лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени, потоа 70,1 процент за инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Скајп, Месинџер, ВатсАп, Вибер и 68,4 проценти за учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, Твитер итн.). И понатаму мажите се убедливо повеќе на социјалните мрежи, па така за ставката „ставање лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени" учествувале со 73 проценти, наспроти 67,8 проценти од жените.

Како и во минатата година, така и годинава Македонците најмногу купувале облека и спортска опрема или 35,8 проценти, по што со 10,5 проценти следат производи за домаќинство и 10,4 проценти електронска опрема. Најголемиот дел од он лајн купувањата 38,8 проценти се од продавачи од нашата земја. Ако во минатото доминантна онлајн трговија била од продавачите од другиот дел на светот, годинава тоа е намалено на 20 проценти, со 11 проценти учество на продавачите од Европска Унија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер