3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
СветОН го поддржа планот на Мароко за автономија на Западна СахараРезолуцијата претставува најсилен израз на меѓународна поддршка досега за предлогот на Мароко од 2007 година, кој предвидува територијата да добие право на самоуправа под марокански суверенитет. Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа усвои резолуција поддржана од САД со која се одобрува предлогот на Мароко за автономија на Западна Сахара како основа за обновени разговори, со што се зајакнуваат претензиите на Рабат кон спорната територија, објави ДПА. Единаесет членови на советот гласаа за резолуцијата, додека Русија, Кина и Пакистан се воздржаа. Алжир, кој се спротивставува на резолуцијата и го поддржува движењето Полисарио Фронт, кое се бори за независност на Западна Сахара, не учествуваше во гласањето. Резолуцијата претставува најсилен израз на меѓународна поддршка досега за предлогот на Мароко од 2007 година, кој предвидува територијата да добие право на самоуправа под марокански суверенитет, забележа ДПА. Документот ги повикува страните да ги продолжат преговорите без предуслови со цел да се постигне „дефинитивно и меѓусебно прифатливо политичко решение што ќе обезбеди самоопределување на народот на Западна Сахара“. Мароко анектира делови од пустинската територија богата со ресурси откако Шпанија се повлече од неа во 1975 година и оттогаш контролира големи делови од неа. Спорадичните судири продолжуваат меѓу мароканските сили и Фронтот Полисарио, поддржан од Алжир. САД, Израел, Франција и неколку африкански земји веќе ги признаваат претензиите на Мароко за територијата, која се наоѓа меѓу Мароко и Мавританија на атлантскиот брег. Амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Валц, го нарече гласањето „историско“ и рече дека тоа „го зајакнува моментумот за воспоставување долгоочекуван мир во Западна Сахара“. Постојаниот претставник на Алжир во Обединетите нации, Амар Бенџама, рече дека резолуцијата не ја одразува точно и доволно доктрината на ОН за деколонизација. Со Резолуцијата, исто така, се продолжува мандатот на мировната мисија на ОН во Западна Сахара за уште една година.Тагови: Мароко ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00