СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
2СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
СветОман и Иран разговараа за обезбедување транзит низ Ормускaта ТеснинаОман и Иран се сретнаа на ниво на заменик-министри за надворешни работи за да разговараат за можностите за обезбедување непречен транзит на бродови низ Ормуската Теснина, соопшти на „Х“ Министерството за надворешни работи на Оман.Разговорите се одржаа откако ирански функционер во четвртокот изјави дека Иран подготвува протокол со Оман за следење на сообраќајот во Ормуската Теснина, низ кој минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта.Тагови: Иран Оман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главитеКако да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?Христијан Мицкоски изјави дека очекува добри односи со Србија и по победата на студентската листа. Како? Како да има добри односи со студентите што се бореа против неговиот шеф? Против Александар Вучиќ, менторот, диригентот и газдата на македонската банда. Студентите се побунија против корупцијата што доведе до смрт на 16 луѓе на железничката станица во Нови Сад. На Мицкоски му се случи Кочани поради корупција. Истата матрица. Како да има добри односи со студентите кога е дел од балканскиот картел? Кога е дел од Вучиќевата криминална мрежа на Балканот? Кога е дел од Орбан-Вучиќевата мрежа што се распаѓа, делче по делче? Како, кога ја донесе Вучиќевата банка во Македонија? Алта банка, што Европската централна банка ја запре, што има забрана во Црна Гора, што е под истрага за сомнително потекло на капитал и што врши трансфери кон Москва. Банка чиј сопственик, Давор Мацура, до пред неколку години сопственик на менувачница, има барање за американски санкции врз него. Банка за која се смета дека е поврзана со семејството Вучиќ. Мицкоски ја пумпа касата преку јавните претпријатија и министерствата право во таа банка. Тоа не се добри односи. Тоа е врска. Како, кога ја донесе Ало групацијата и Информер во Македонија? Вучиќевата пропагандна машинерија. Медиумите што го нарекуваа својот народ „усташи“ и „терористи“, што ја нарекуваа студентската листа „силувачко-секташка“, што со години ја хранеа омразата. Латас и Ивона Талевска се пандан на Вучиќевиќ и Митровиќ. Истиот метод. Истиот газда. Како, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите на студентите, а во тоа време Мицкоски со него пиеше вино? Како, кога навивачи, хулигани и криминалци Вучиќ праќаше против тие исти деца, а Мицкоски го зеде Адамовиќ од таа група да му биде партнер за струја, броила и да биде конзул на нашата земја? Како? Како, кога организираше митинг против студентите во Куманово? Како, кога неговиот министер е дел од БИА групата што ги апсеше студентите? Како, кога праќаше луѓе во Белград на митинг на Вучиќ и со него издаваше српски пасоши? Како кога студентите се бореа против корупцијата, а Мицкоски ја градеше како систем? Кога народот во Србија ја враќа државата во свои раце, а Мицкоски ја држи сопствената држава како плен? Добри односи со студентите не се градат така. Се градат со тоа што ќе одговара и Вучиќ и Мицкоски. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Следен е Мицкоски. Студентите победија. Народот ќе победи и тука, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветПоразениот Болсонаро по бегството од Бразил, со семејството пристигна во Мајами (ВИДЕО)Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро и неговото семејство пристигнаа во Мајами откако одбија да ја исполнат наредбата од Врховниот суд на Бразил за предавање на нивните пасоши.Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро и неговото семејство пристигнаа во Мајами откако одбија да ја исполнат наредбата од Врховниот суд на Бразил за предавање на нивните пасоши, а американските власти објавија дека ќе им издадат влезни визи. Болсонаро, кој ги загуби претседателските избори од актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва во неделата, го напушти Бразил тајно по судската наредба издадена како дел од истрагата за перење пари, во која тој негира какво било кривично дело, објавува Ројтерс. Болсонаро, неговата сопруга и двете ќерки прво отпатуваа во Аргентина, од каде што со приватен авион пристигнаа во еквадорскиот град Гвајакил, а потоа отпатуваа во Мајами. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе му дозволи на Болсонаро влез во Соединетите Држави откако Стејт департментот објави дека на неговото семејство ќе му бидат издадени влезни визи. Трамп претходно тврдеше дека таткото на Флавио, поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, е жртва на политички прогон во Бразил. Болсонаро, кој го губи имунитетот од кривично гонење кога ќе му заврши сенаторскиот мандат во февруари, во понеделник изјави дека нема намера да ја напушти земјата. „Никогаш не сум помислил да ја напуштам земјата. Ќе ги предадам моите пасоши и ќе се одбранам од оваа фарса, што е јасен обид да ме заплашат“, рече тој. Defeated Brazilian presidential candidate Flávio Bolsonaro and his family have landed in Miami after fleeing his country. This comes a day after they were granted United States visas by the Trump administration. https://t.co/oB91ejWab5 — The Associated Press (@AP) October 28, 2026 Жаир Болсонаро, исто така, го напушти Бразил во 2022 година откако одби да го признае својот изборен пораз од Луиз Инасио Лула да Силва. Подоцна се врати во земјата, каде што беше осуден на 27 години затвор за заговор за државен удар откако неговите поддржувачи упаднаа во државните институции во Бразилија.Тагови: Болсонаро Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook