Оливер Драгоевиќ: Ако некогаш ми требало помош, тоа е вечерва (видео)

Ми рекоа, верувај во љубовта .....хрватската ѕвезда не се предава пред пакосната болест, но на сцена призна дека сепак сега најпотребна му е помош.

Оливер Драгојевиќ за првпат запеа во јавност откако пред два месеци ја соопшти лошата вест дека има тумор.

Хрватската ѕвезда донесе многу емоции на концертот „Верувај во љубов“, а публиката пееше со него и го наградуваше со гласни аплаузи.

Во еден момент, славниот пејач ја извади капата и покажа дека ја изгубил косата поради хемотерапијата.

Оливер Драгојевиќ

„Јас сум добро, терапијата е добра, ја поднесувам хемотерапијата одлично, резултатите се видливи и треба да се издржи“ – изјави Драгојевиќ за хрватскиот медиум IN Magazin.

Оливер Драгојевиќ

Концертот кој се одржа во Сплит беше организиран од невладината организација Жупаниската лига против ракот, по повод 50 години хуманитарна работа. Тој на бината пееше толку колку што имаше сила само 5-6 песни.Не криеше да каже дека сега помошта му е најпотребна.

Иако тешко болен сепак духовитоста кај него не исчезнала, тој на публиката и рекол дека докторот му рекол да мисли на здравјето, така да мора да скрати со настапот, на што добил овации и солзи во очите кај публиката кја сочуствувала со него.

Следниот свој концерт, Оливер ќе го одржи во декември, кога ќе го прослави и својот 70 роденден.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер