Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Други спортовиОлимписки спортист брутално e претепан во Ирска, ќе му прават операција на лицето (ВИДЕО)Ирискиот олимпиец Џек Вули бил брутално претепан на ноќно излегување во Даблин.Во центарот на Даблин, неколку непознати лица го нападнале 22-годишниот таеквондо борец. Во конфликтот, олимпиецот завршил целиот крвав и брутално претепан, пишува The Sun. "Требаше да му се направи итна операција утрово, но беше одложена. Неговото лице ... Тој е убав човек, и се плашам дека ќе биде таков по операцијата за реконструкција на лицето. Мислиме дека нападот беше случаен. Страшно, но можеше и полошо “, рече неговата мајка. Полицијата се уште трага по напаѓачите. "Излегов во градот да јадам нешто и да се напијам неколку пијалаци. На улица, група од десетина мажи и жени напаѓаа луѓе покрај шеталиштето. За жал, јас исто така бев жртва на таа група. Еден од нив ме удри со тупаница по лицето од чист мир. За среќа, успеав да повикам брза помош и да останам свесен. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка “, напишал младиот човек на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Jack Woolley 🦂 (@jack_woolley_tkd) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министритеДенеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и другиТагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВрховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапувањеВрховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за КочаниГазда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода.Родителите порачаа дека правдата не смее да истече. А што прави власта на Мицкоски? Две и пол години ја контролираат полицијата. Две и пол години ги контролираат обвинителствата. Две и пол години ги контролираат судовите. И каков е резултатот? Виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода. Ова е контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда. Како што Мицкоски рече дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во Пулс има врска со ВМРО, така и сè што ветил и кажал е лага. Човек кој кога ќе прозбори – лаже. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи. Го ослободуваат Латас. Го ослободуваат Груевски. Си го враќаат имотот стекнат преку криминал. Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени. Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога. Ги ослободуваат градоначалниците… Така изгледа правдата со Мицкоски. СДСМ стои со семејствата на жртвите. Бараме целосна и неселективна одговорност. Бараме правда што нема да истече. Под оваа власт, правдата е заробена. Под оваа власт, виновниците шетаат слободно. Под оваа власт, жртвите остануваат без одговори. До кога? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11