Олимписки шампион на суд поради сексуален однос со малолетничка - Канал 5

Олимписки шампион на суд поради сексуален однос со малолетничка

Олимпискиот шампион, кенискиот атлетичар Концеслу Кипруто е обвинет за сексуален однос со 15-годишно девојче.

Олимписки шампион на суд поради сексуален однос со малолетничка

Тој бил ослободен со кауција од 1800 американски долари откако пред судот се изјаснил за невин.Кипруто е обвинет за она што во кенискиот закон е познато како „нечист“ сексуален однос со лице на возраст под 18 години.

Тој се соочува со најмалку 20 години затвор затоа што имал однос со малолетничка.25-годишниот спортист, кој е и полицаец, е обвинет пред судот во градот Капсабет, регион познат по создавање тркачи на долги патеки од светска класа.

Тој во судницата носел црвена тренерка со качулка навлечена над главата во обид да го скрие лицето од фотографите.Според обвинението, Кипруто имал врска со девојчето на 20 и 21 октомври, а за прв пат бил уапсен на 11 ноември.

Кениските медиуми објавиле дека девојчето исчезнало од нејзината куќа и дека останало со Кипруто три дена.

Кипруто освоил златен медал во стиплчез на 3.000 метри на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро. После тоа, тој освоил две златни медали на светските шампионати, во 2017 и 2019 година.

Тој не се натпреварувал оваа сезона. Се повлекол од митингот во Дијамантската лига во Монако по позитивниот тест за коронавирус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Има ли начин да се стави крај на проблемот со питачењето на крстосниците?

Детска рака подадена кон прозорецот од автомобилот....Ова е честа слика, особено на оваа крстосница зад мене. 

Има ли начин да се стави крај на проблемот со питачењето на крстосниците?

Надлежните велат дека овој пат имаат подолготрајно решение на проблемот со децата питачи. Во минатото, акции за отстранување на децата од крстосниците се правеле, а тоа се прави и сега, но што е различно и дали децата повторно ќе го најдат патот назад кон улицата...

Дваесетина деца затекнати како питачат низ скопските улици деновиве се тргнати од таму, а најпрво им е овозможен детален медицински третман во детската болница „Козле“ и треба да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес, вели Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски. Тој тврди дека овој пат ќе биде поинаку бидејќи им се нуди реална помош на децата, има интервентен центар каде што можат да бидат и привремено згрижени, а клучно е и тоа што ако по втор пат службите ги затекнат на улица, и во пракса ќе се одзема родителското право.

-Можам да уверам дека денеска системот ќе биде поинаков. Овие интервентни сместувања не постоеја. Односно, за жал ги имаше на хартија, во Законот за социјална заштита, постоеле, но резурсот на интервентни сместувања за овие дечиња во кој за нив ќе има комплетна грижа, не постоел. Денеска го имаме, со доволен број на вработени и целосна програма за работа за 30 дена додека децата се во интервентниот центар. Потоа, на располагање ги имаме „25 Мај“ доколку имаме воспитно социјални проблеми, а потоа и „11 Октомври“ ако е дете без родители или без родителска грижа. - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади.

Идејата е на крајот да нема ниту едно дете оставено на улица, а и реално да се работи со нив за да сфатат дека питачењето не е единствениот начин на живот за нив, вели Министерот Велковски. Според него, акцијата што започна пред неколку дена е само дел од еден системски пристап, а следниот чекор е кампања за граѓаните со цел да се демотивира питачење на улица.

-Другиот дел на системска поставеност е кампањата. Веќе денеска е дефинирана од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Капмања преку која ќе ги насочиме и учесниците во сообраќајот, бидејќи таму е детектирано најголемото присуство, на булеварите и крстосниците низ Скопје. Преку кампањата буквално би ги демотивирале учесниците во сообраќајот да ги помагаат на некаков начин овие дечиња, а ако сакаат да им помогнат тоа да имаат пожност да го сторат на понаков начин. - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади.

Ќе се смени и законот за да има поостри санкции, а акциите за детектиреање и помош на дечињата питачи кои се затекнувани со цивилни возила во кои има вработени од центарот за социјална грижа и полициски службеници, ќе станат редовна пракса, тврдат надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предвремени избори ќе има ако здружената опозиција во Собранието ги побара, порачува Мицкоски

Владата ќе прифати предвремени избори ако има барање од „здружената опозиција“, изјави премиерот Мицкоски, но лидерот на СДСМ Филипче вели дека нема координација со ДУИ и Левица а доколку власта сака може и без нив да ги распише. 

Предвремени избори ќе има ако здружената опозиција во Собранието ги побара, порачува Мицкоски

Темата за изборно соочување пред редовниот термин во 2028 останува со непроменети позиции, иако сите партии тврдат дека се подготвени да се одржат во секое време. Според премиерот фокусот на Владата сега е на испорачување на ветените проекти од претходните избори, за кои Филипче вели дека останале само на хартија.

„Тоа е наш приоритет, како да испорачаме повеќе за да имаме подобри услови за живот.Тоа е суштината на функционирањето на оваа Влада, остануваме посветени на тоа. Здружената опозиција Левица, ДУИ и СДСМ во парламентот можат да се соберат да поднесат инцијатива за предвремени парламентарни избори. Доколку здружената опозиција СДСМ, Левица и ДУИ поднесат, тогаш ние како Влада ќе дадеме соодветен одговор.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

„Ние не сме здружена опозиција со ДУИ и со Левица, така како што сака тоа Христијан да го прикаже, единствената вистинска опозиција во државата е само СДСМ. / Избори доаѓаат после одреден временски период откако таа политичка структура која е на власт требало нешто да испорача. Што да испорачаа, ништо, а што ветија, сешто, се што ветија се излажаа. / Зошто му треба алиби од СДСМ кога има две третини во парламентот? Може кога сака да ги распише изборите. Избори ќе има кога ќе снема пари.“ -Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Филипче повтори дека ставот на СДСМ во однос на измена на изборниот законик останува ист. И покрај очекувањата на министерот за правда Шасивари дека се вратат и ќе учествуваат во работната група, лидерот на партијата кажа дека аргументите на СДСМ се јасни и најави дека може само да ги испрати писмено до правда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширување

Еврокомесарката за проширување – Марта Кос утре од Стразбур ќе го претстави прегледот на новите предпристапни политики на Унијата. 

Европската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширување

Клучните предлози се однесуваат на ефективноста на процесот на проширување, но и промена во праксата на носење одлуки, што ја адресира и опасноста од т.н тројански коњи меѓу новите земји членки, посочува директорката на Институтот за европска политика – Симонида Кацарска.

Доколку земјите членки се согласат на принципот гласање со квалификувано мнозинство, тоа нема да донесе големи промени во оваа фаза на македонскиот евроинтегративен пат, но ќе има доколку се нарпраравт уставните измени и почне отворањето на кластерите – оценува Кацарска.

Дали земјите членки ќе го прифатат предлогот на Кос и дали тој ќе претрпи измени ќе се знае после стратешкиот состанок на Советот на ЕУ кон средината на месецов. Дополнително, утре од Кос се очекуваат и повеќе детали за патоказите за најуспешните земји кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер