3ВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор
Други спортовиОлимписки шампион е претепан од негов колега и облеан во крв, причината е - љубовен триаголник Британскиот пливач Адам Пити, двократен олимписки шампион, предизвикал тепачка со својот колега Лук Гринбенк, а медиумите во Англија истакнуваат дека во еден момент имало „масакр“.Причината била тоа што Пити дал некои несоодветни коментари за Ана Хопкинс, сегашната девојка на Гринбенк, која претходно била во врска со Адам, објави британски Сан. На Пити му требало лекарска помош, лицето му било облеано со крв и имал непријатен оток над левата веѓа, бидејќи бил прилично истепан од разбеснетиот Гринбенк. На крајот, на убедување на останатите, си подале рака. Пити и Хопкин биле дел од британскиот тим за штафетни 4 x 100 метри кој го освои златото на Олимписките игри во Токио. Од друга страна, Пити и Гринбанк го претставуваа Обединетото Кралство и освоија сребро во дисциплината 4 x 100 метри мешано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
СветИран го одби предлогот на ТрампИран го отфрлил предлогот за прекин на огнот што американскиот претседател Доналд Трамп го испрати до Техеран преку ирачкиот премиер Али ал-Заиди, според неименувани ирански и американски официјални лица, пренесува денеска „Њујорк тајмс“.Овој неуспешен обид за посредување се случи во време кога Доналд Трамп се закануваше дека ќе го ескалира конфликтот и ќе изврши напад врз клучната иранска инфраструктура. Официјални лица изјавија дека посетата на премиерот Али ал-Заиди на Иран уследила по неговата неодамнешна средба со Трамп во Белата куќа. Деталите од предлогот за прекин на огнот сè уште не се јасни, но иранските претставници изјавија дека тоа е единствената понуда на маса и оти нивната влада не е заинтересирана за привремен договор што би го оставил нерешено прашањето за контролата врз Ормускиот Теснец, пишува весникот. Иран и САД постојано ги зголемуваат тензиите во текот на изминатите неколку недели, при што американските сили бомбардираа воени бази, како и инфраструктура како што се железници, аеродроми, мостови и пристаништа, додека Иран изврши напади со балистички ракети и беспилотни летала врз американски воени цели на Блискиот Исток, потсетува весникот. Двајца ирански претставници изјавија дека вооружените сили на земјата очекуваат и се подготвуваат за можноста од ескалација на конфликтот доколку Доналд Трамп ги спроведе своите закани за напад врз Техеран и клучната инфраструктура.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВитаминка донираше флаширана вода за граѓаните на ГостиварКако одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење.Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите основни потреби. Свесна за сериозноста на состојбата и за значењето на навремената реакција, Витаминка веднаш се вклучи со конкретна поддршка за локалната заедница. „Кога една заедница се соочува со предизвик кој директно влијае врз секојдневието и здравјето на граѓаните, потребна е брза и конкретна реакција. Како компанија која со децении е дел од ова општество, чувствуваме одговорност да бидеме присутни токму кога поддршката е најпотребна. Веруваме дека солидарноста најсилно се покажува преку дела и се надеваме дека оваа донација барем делумно ќе им го олесни секојдневието на жителите на Гостивар“, велат од Витаминка. Во вакви околности, навременото вклучување и конкретниот придонес од деловниот сектор можат значително да помогнат во задоволувањето на најитните потреби и полесното надминување на последиците од кризата. Компанијата ќе продолжи внимателно да го следи развојот на состојбата, со надеж дека проблемот ќе биде решен во најкраток можен рок и дека граѓаните на Гостивар наскоро повторно ќе имаат непречен пристап до безбедна вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАргентинците со петиција бараат повторување на финалето на Светското првенство?!Аргентинците бараат повторување на финалето на Светското првенство?! Тврдат дека натпреварот бил обележан од корумпираниот судија Винчиќ.Авторот на петицијата, Гизела Санчез, тврди дека финалето на Светското првенство било „извалкано со контроверзно и корумпирано судење“. Повеќе од 100.000 аргентински навивачи потпишаа петиција со која бараат од ФИФА да се преигра финалето на Светското првенство против Шпанија. Тие сметаат дека натпреварот бил одбележан со скандалозното судење на Словенецот Славко Винчиќ и бараат финалето да се одигра повторно, со друг судија. Авторот на петицијата, Гизела Санчез, тврди дека финалето е „извалкано од контроверзно и корумпирано судење“ и ја повикува ФИФА темелно да ги истражи сите спорни ситуации. Во описот на петицијата се наведува дека дозволувањето на вакви настани би му наштетило на угледот на фудбалот и се бара финалето да се повтори „без влијание на корумпиран судија“. Шпанија ја освои титулата светски првак откако ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата во финалето одиграно во Њу Џерси. Шпанците беа подобриот противник во текот на речиси целиот натпревар, а Аргентина не упати ниту еден удар кон голот на противникот сè до 122-рата минута. Единствениот гол го постигна Феран Торес во 106-тата минута. Претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина, Клаудио „Чики“ Тапиа, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство и им порача на навивачите да не бараат оправдувања во теории на заговор. Аргентина загуби од Шпанија во финалето на Светското првенство, а по голот на Феран Торес и крајот на соништата за одбрана на титулата, во земјата почнаа да кружат бројни приказни за наводен надворешен притисок, вмешаност на ФБИ, закани кон семејствата и други објаснувања за поразот. Лионел Скалони и Роберто Ајала беа првите што ги отфрлија таквите тврдења, признавајќи дека Шпанија била подобра, а сега истото го стори и Тапија. „Не наседнувајте на лагите. Тие беа супериорни, нè победија фер и чесно“, напиша претседателот на АФА на социјалните мрежи. Во подолга порака, Тапија потоа ја повика нацијата достоинствено да го прифати поразот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00