Олимпијакос ја освои Лигата на конференции, прв европски трофеј за грчкиот тим - Канал 5

Олимпијакос ја освои Лигата на конференции, прв европски трофеј за грчкиот тим

Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија титулата во третото по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на конференции, откако вечерва во Атина ја совладаа Фиорентина со 1-0 по продолженија.

Олимпијакос ја освои Лигата на конференции, прв европски трофеј за грчкиот тим

Големиот триумф на Олимпијакос во финалето одиграно на стадионот на градскиот ривал АЕК го донесе Ајуб Ел Каби во 116 минута.

Ова е прв европски трофеј во клупската историја на Олимпијакос.

По историскиот триумф на улиците на Атина успехот на фудбалерите го славеја повеќе од 100 000 луѓе. Грчката метропола „гореше“ од навивачите на Олимпијакос.

Фиорентина, пак, загуби на пет од своите шест европски финалиња, вклучувајќи го и ланското финале во Лигата на конференции од Вест Хем со 2-1.

Сонот стана реалност за грчкиот фудбалски тим Олимпијакос, но и за навивачите на „црвено-белите“, освојувајќи го првиот европски трофеј во историјата на клубот, откако синоќа со гол во продолжението ја совладаа Фиорентина во финалето на Конференциската лига, а триумфот во Пиреас се славеше до раните утрински часови, јави дописничката на МИА од Атина.

Илјадници навивачи на Олимпијакос, кои не обезбедија билети за натпреварот, финалето го следеа организирано, преку гигантски видео бимови поставени на три локации во атинското предградие Пиреас од каде што е и клубот и каде што кулминираше прославата.

Неколку часа по завршувањето на натпреварот, играчите, со отворен двокатен автобус, стигнаа во Пиреас, а навивачите им приредија импресивен пречек.

Автобусот беше подготвен уште пред почетокот на натпреварот, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, а со последниот свиреж на судијата, започна славењето, плоштадот пред општинскиот театар во Пиреас „гореше“, особено по пристигнувањето на играчите, тренерот и останатите членови на тимот, но и сопственикот Вангелис Маринакис.

Традиционално, со „We are the champions“ на Квин беше кренат пехарот заедно со навивачите на „црвено-белите“.

Но, не само Пиреас туку и други грчки градови беа обоени во црвено, каде што се славеше европската титула.

Честитки, преку социјалните мрежи, упатија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателката Катерина Сакеларопулу, министри од Владата, како и лидерите на партиите, додека пак претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, натпреварот го следеше од трибините на „АЕК арена“.

Вчерашното финале од УЕФА Конференциската лига што се одржа во атинската населба Неа Филаделфија, помина во најдобар ред, без никакви проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Претседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Сѐ уште се активни  пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер