Олимпија го отпушти екс-селекторот на Македонија, Алеш Пипан - Канал 5

Олимпија го отпушти екс-селекторот на Македонија, Алеш Пипан

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Алеш Пипан повеќе не е тренер на љубљанска Унион Олимпија.

Олимпија го отпушти екс-селекторот на Македонија, Алеш Пипан
Раководството на Олимпија реши да му врачи отказ на Пипан по поразот од Златорог (72:63) во полуфиналето на националниот Куп на Словенија.

Тимот од Љубљана веднаш најде замена за екс-селекторот на Македонија и поранешен тренер на МЗТ Скопје. Така до крајот на сезоната екипата на Олимпија ќе ја предводи Меми Беќировиќ.

Популарните „Змајчеки„ токму под раководство на Беќиревиќ во сезоната 2007/2008 ја освои двојната круна во Словенија.

Новиот тренер Беќиревиќ, ќе има тешка задача како во домицилниот шампионат на Словенија така и во регионалната АБА лига, да ја одведе Олимпија до самата завршница. Инаку тимот од Љубљана во АБА лигата се наоѓа на петтото место со скор од 12 победи и 10 порази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Останавме без ресретнувачки ракети за „Патриот“

Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без пресретнувачки ракети за своите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ по уште еден голем руски напад во текот на ноќта.

Зеленски: Останавме без ресретнувачки ракети за „Патриот“

Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без пресретнувачки ракети за своите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ по уште еден голем руски напад во текот на ноќта, истакнувајќи дека била соборена само една балистичка ракета. .

Според украинските власти, најмалку девет лица загинале, а повеќе од 30 биле повредени само во Киев. „Службите за итни случаи сè уште гаснат повеќе пожари што избувнаа во главниот град и во околниот регион“, објави Зеленски на социјалните мрежи. Тој наведе дека биле оштетени 18 станбени згради, училиште, амбасадата на Литванија и инфраструктурни објекти.

„Руските напади погодија обични станбени згради“, додаде тој.

„Секоја пратка со пресретнувачки ракети спасува животи на нашите луѓе“ „Во текот на ноќта, Русија лансираше 35 ракети – од кои 27 беа балистички – како и 185 напаѓачки дронови од различни типови“, рече Зеленски.

Киев беше главната цел, но нападнати беа и регионите Днипропетровск, Суми, Харков и Полтава.

Зеленски нагласи дека е пресретната само една балистичка ракета бидејќи Украина останала без ракети-пресретнувачи за своите системи „Патриот“ – системи за противвоздушна одбрана од американско производство. Балистичките ракети се особено тешки за соборување поради нивната голема брзина, а системите „Патриот“ генерално се сметаат за најефикасна одбрана од нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“ вечерва на „Охридско лето“

„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“ е насловот на концертот што вечерва ќе се одржи на „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. 

„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“ вечерва на „Охридско лето“

„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“ е насловот на концертот што вечерва ќе се одржи на „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Ќе настапи НУ Камерен оркестар на Битола, а солисти на вечерта се австрискиот виолончелист Емил Ровнер и македонскиот виолинист Симон Поповски. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на Евгениј Шчербаков од Канада.

Виолончелистот, пејач и диригент Емил Ровнер е возбудлив музичар со „неверојатна техника“ (ФоноФорум) и експресивен израз, а покрај тоа тој е искусен педагог и организатор на фестивали. Роден е во Горки во Русија во семејство на музичари, веќе на 10-годишна возраст дебитира со Градскиот симфониски оркестар во Горки. Виолончело учи со Иван Монигети во Мадрид и во Базел, а дипломира во класата на Борис Пергаменчиков на Високата школа за музика „Ханс Ајслер“ во Берлин. Учел и со легендарниот виолончелист Мстислав Ростропович кој имал силно влијание врз неговиот уметнички развој. Студирал пеење на Школата „Канторум“ во Базел, а посетувал и часови по диригирање.

Неодамнешните концерти на Емил Ровнер вклучуваат настапи со: Прашкиот радиосимфониски оркестар, Корејскиот камерен оркестар во Сеул, Синфониета Краковија, Претседателскиот орекстар во Анкара, деби на фестивалот посветен на Шостакович во Гориш, како и концерти на водечките европски фестивали во Бон и во Гштад. Настапува во концертната сала „Елбфилхармонија“ во Хамбург, како и во Копенхаген и во Луцерн.

Емил Ровнер е победник на бројни натпревари и е наградуван на натпреварот „Јоханес Брамс“ во Австрија, како и на натпреварот во Лозана под патронство на Лорд Мењухин. Во 1998 година освојува прва награда на натпреварот „Ј. С. Бах“ во Лајпциг кога и започнува неговата меѓународна кариера. Од неговиот солистички деби настап со оркестарот „Тонхале“ во Цирих, тој честопати настапува со оркестри како: Филхармонијата во Санкт Петербург, Симфонискиот оркестар во Берлин, Камерата Берн, симфониските оркестри во Москва и во Базел, како и со камерните оркестри во Штутгарт, во Базел и во Минхен.

Тој е еден од основачите и уметнички директор на фестивалот „Резонанци“ во Сент Мориц и на фестивалот „Мјечеслав Вајнберг“ во Дрезден. Емил Ровнер е посветен на камерната музика и во 2007 година е именуван за најмлад професор на Универзитетот „К.М фон Вебер“ во Дрезден. Неговото ЦД со дела од Вајнберг издадено во 2010 година е оценето со 5 ѕвезди од списанието „ФоноФорум“ и е номинирано за наградата „Ехо Класик“.

Симон Поповски е роден во Битола и своите студии ги завршува во 2014 година. Магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2018 година, а последователно студира и на Универзитетот во Бока Ратон, Флорида, САД каде се стекнува со диплома во 2022 година. Во текот на своето образование посетува часови и мајсторски курсеви кај: Меи Меи Луо, Олег Кондратенко, Сихана Бадивуку, Сузан Гилмор, Павел Верников, Ванчо Стоилков и други.

Своето искуство го започнува во ансамбли за камерна музика како гудачкиот квартет „Аксиос“, „Кон Темпора“, а работното искуство го гради како член на Македонската филхармонија, „Палм Бич Опера“, „Атлантик Симфони“, „Бока Симфониета“, „Мајами Сити Балет“, оркестарот за снимање филмска музика (FAME’S), НУ Камерен оркестар на Битола и No Borders Orchestra.

Симон има повеќе пати настапувано како солист со Оркестарот на Музичката младина на Македонија, со камерниот оркестар и со симфонискиот оркестар при ФМУ-Скопје, со Македонска филхармонија, со НУ Камерен оркестар на Битола, со оркестарот и хорот при ,,Прва Пресбитеријанска Црква” во Флорида, со симфонискиот и камерниот гудачки оркестар при ФАУ -Бока Ратон и други. Моментално е вработен во НУ Камерен оркестар на Битола.

Кандскиот композитор, диригент и педагог Евгениј Шчербаков е роден во 1958 година во Горки (денешен Нижни Новгород). Уште од раната возраст покажува талент и интерес за музика, започнува да свири во брас бенд и кога има само 9 години ја пишува првата композиција за пијано „Минути“ која сè уште се изведува во Русија, Европа и Канада.

Дипломирал на одделот за композиција на Конзерваториумот „Глинка“ во Нижни Новгород каде се здобива и со титулата магистер на одделот за композиција и музичка теорија, а докторира Композиција и педагогија во класата на проф. Борис Гецелев.

Студирал оркестарско и хорско диригирање и на Академијата за уметности во Самара и на Конзерваториумот „Глинка“ каде во периодот од 1990 до 2008 година бил и професор по композиција и оркестрација.

Во 2008 година емигрира со семејството во Канада, каде продолжува да работи како диригент, композитор и пијанист. Низ годините компонира бројни дела почнувајќи од композиции за деца, преку камерна и симфониска музика, инструментални дела, концерти, кантати и ораториуми. Многу од неговите композиции се изведени во Украина, Македонија, Русија, Швајцарија, Германија, Белгија и Канада. Шчербаков одржува мајсторски курсеви по композиција и оркестрација во Швајцарија, во Македонија и во Германија.

Добитник е на грантови и интернационални резиденции во Швајцарија и во Канада како поддршка за развој на неговиот уметнички израз. Од 2008 год. тој е независен професор и консултант за композиција, оркестрација и за оперско и симфониско диригирање, а истовремено работи како диригент на хорот на Школата „Валдорф“ во Ванкувер (2008-2017). Активен е како професор по музика и како пијанист, а посветено работи со неколку хорови во Ванкувер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ултиматумот на Реал до Винисиус: „Потпиши или...“

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид и бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор стигнаа до точка што лесно би можела да го означи почетокот на крајот за Бразилецот во „Кралскиот клуб“.

Ултиматумот на Реал до Винисиус: „Потпиши или...“

Во Реал Мадрид повеќе немаат намера да чекаат околу продолжувањето на договорот со Винисиус. Според шпанска „Марка“, „кралскиот“ клуб му поставил јасен ултиматум на бразилскиот ас – да ја прифати последната понуда или ќе биде продаден уште во овој преоден рок.

Договорот на Винисиус истекува следното лето, а раководството на Реал не сака да ризикува тој да си замине без обесштетување.

Од клубот му порачале на неговиот менаџерски тим дека последната понуда е конечна и нема да има ниту подобри финансиски услови, ниту нови преговори.

Иако Винисиус и понатаму се смета за еден од најважните фудбалери на тимот, во Реал не сакаат да прават исклучоци кога станува збор за платната структура во клубот.

Доколку Бразилецот одбие и да потпише нов договор и да биде продаден ова лето, не е исклучено да добие споредна улога во тимот на Жозе Мурињо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер