Олгин: Христодулидис и Ерхурман ќе продолжат со напорите за постигнување договори за мерките за градење доверба - Канал 5

Олгин: Христодулидис и Ерхурман ќе продолжат со напорите за постигнување договори за мерките за градење доверба

Ова е особено важно бидејќи во моментов се наоѓаме во претпреговарачка фаза. Постојаниот и директен дијалог е од суштинско значење. 

Олгин: Христодулидис и Ерхурман ќе продолжат со напорите за постигнување договори за мерките за градење доверба

Лидерите ќе продолжат со напорите за постигнување договори за различните мерки за градење доверба што се разгледуваат, како и кон започнување суштински преговори, соопшти личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање Марија Анхела Олгин по заедничката средба со претседателот на Кипар Никос Христодулидис и лидерот на кипарските Турци Туфан Ерхурман, јави дописничката на МИА од Атина.

Олгин, според соопштението, на средбата истакнала дека ваквиот директен дијалог е од „суштинско значење за изразување ставови, загрижености и надежи“.

- Ова е особено важно бидејќи во моментов се наоѓаме во претпреговарачка фаза. Постојаниот и директен дијалог е од суштинско значење. Лидерите ги споделија нивните предлози за исцртување на патот напред со цел започнување суштински преговори, соопшти Олгин.

Додаде дека двајцата лидери ги разгледале и актуелните иницијативи за градење доверба меѓу двете страни.

Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање вчера имаше одвоени средби со двајцата лидери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица

Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 10 лица, соопштија официјални лица.

Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица

Неколку населби беа евакуирани откако беа нападнати станбени згради низ градот, неколку часа откако украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за „масовен“ напад.

Деца беа меѓу „значајниот број“ жртви, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на киев.„непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива цивили“ рече тој .

Руското министерство за одбрана тврди дека ги таргетирало енергетските објекти како одговор на неодамнешните украински напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот мицкоски во посета на Општина Неготино

Премиерот мицкоски во посета на Општина Неготино

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Неготино каде ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „29 ноември“ и ќе изврши увид во Градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата „Маршал Тито“ со улиците „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието

Владината реконструкција влегува во завршна фаза. Познати се имињата и на министрите од ВРЕДИ кои ќе седнат во министерските фотељи во рамки на владината реконструкција.

Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието

Од партијата за Канал 5 потврдуваат дека Јетон Шасивари ќе биде предложен за нов министер за правда, а Седат Сулејмани за култура. Но според нашите извори во ВРЕДИ се уште се кршат копјата околу изборот на Агон Ферати, на местото на Иван Столковиќ во министерството за односи меѓу заедниците.

Предложените пресонални решенија се прифатливи и за премеирот Христијан Мицкоски.

ВРЕДИ по реконструкцијата на владата ќе има едно вицепремирско место. Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, а на партијата ѝ остануваат и секторите животна средина и економија и труд. Вицепремиерската функција за добро владеење, која ја извршуваше Арбен Фетаи нема да постои во реконструираната влада, а овој ресор ќе се покрива од кабинетот на премиерот. Кадар на знам пак ќе раководи со министерството за земјоделство, каде Димитриевски го номинира Борче Серафимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер