Околу 750 пациенти со попреченост сместени во три болници се дискриминирани во делот на престој и лекување - Канал 5

Околу 750 пациенти со попреченост сместени во три болници се дискриминирани во делот на престој и лекување

Околу 750 пациенти со попреченост сместени во три болници се дискриминирани во делот на престој и лекување, утврдила Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. 

Околу 750 пациенти со попреченост сместени во три болници се дискриминирани во делот на престој и лекување

Анонимната пријава на пациент од психијатриската болница Демир Хисар за условите во болницата дека ги возат со товарно возило без свеж кислород, прозор, клима уред и светлина, а единственото санитетско возило е неисправно и вон употреба долг период било аларам да се проверат условите во психијатрските болници.

Од комсијата објаснуваат дека и самите болници потврудваат дека условите се под секое достоинство и дека вработените исто така се дискриминирани. Еден вработен е одговрен и за четворица пациенти некогаш и повеќе со оглед дека по дежурство имаат регуларно слободен ден.

Во болницата во Демир Хисар има 86 медицински сестри од кои повеќето се со несоодветно образование: гимназија, земјоделско или средно економско. Таму има сместено 262 пациента.

Во Психијатриската болница во Скопје има 328 пациенти а веќе осум доктори ќе одат во пензија, а нема конкурс за ново вработување.

Комисијата бара во рок од 180 дена да се изгради ново судско психијатриско одделение во Скопје и нова зграда за геријатриско женско и хронично одделение во Демир Хисар.

И од министерството за финансии се бара соглнаснот за вработување на медицински кадар. Ако барањата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација комисијата ќе ги даде на суд Министерството за здравство, трите психијатриски болници и Министерството за финансии.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови, информираат од Управата за хидрометеролошки работи. 

Сончево со мала до умерена локална облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер