ТехнологијаОколу 500 луѓе ја тестираат социјалната мрежа на Доналд ТрампТестирањето на оваа социјална мрежа доаѓа една година откако Трамп беше забранет од „Facebook“, „Twitter“ и „YouTube“.Околу 500 луѓе започнале со бета тестирање на социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, која се нарекува „Truth Social“, изјавија два извори за Ројтерс. Тестирањето на социјалната мрежа „Truth Socia“ доаѓа една година откако Трамп беше забранет од „Facebook“, „Twitter“ и „YouTube“. Неговиот нов медиумски и технолошки потфат, „Trump Media & Technology Group (TMTG)“, вети дека ќе обезбеди, како што велат, „интересно нецензурирано искуство“ во апликацијата, за која извршниот директор Девин Нанс вели дека ќе биде лансирана до крајот на март. Сепак, сè уште е во тајност и некои експерти изразуваат скептицизам. Останува нејасно дали целосната слобода на изразување може да коегзистира со правилата за користење пропишани од „Apple“ и „Google“. Меѓу бета-тестерите на апликацијата е Вејн Дапри, основач на „waynedupree.com“ и водител на конзервативен подкаст. „Гледам дека мојата вклученост во „Truth Social“ го надминува „Twitter“ бидејќи не сум толку потиснат како што сум на „Twitter“ “, вели Дапри, кој сака да зборува за своите искуства како самохран татко. До синоќа, на налодот на Трамп на „Truth Social“ имаше 317 следбеници, според информациите со кои располага Ројтерс. Инаку, пред „Twitter“ да го забрани, Трамп имаше 88 милиони следбеници на таа социјална мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТешко е повреден соиграч на Меси- веднаш го свртеа на страна и во паника повикаа доктор (ВИДЕО)Фудбалерот Герман Бертераме од американскиот клуб Интер Мајами се повреди на натпреварот од МЛС против Монтреал.Бертераме скокна со двајца противнички играчи - Даниел Переира и Ефаин Моралес. Но, не се снајде добро во тој дуел. Откако се урна, остана да лежи на тревникот. Неговите соиграчи, како и противниците, сфатија дека нешто не е во ред со него. Го свртеа на страна и френетично ги повикаа лекарите да влезат на теренот. Единственото добро нешто што произлезе од таа ситуација беше што повремениот мексикански репрезентативец изнуди пенал, кој го реализираше Луис Суарез. Можете да ја видите ситуацијата ТУКА. Бертераме постигна седум гола на 17 натпревари оваа сезона. Тој дојде во Мајами во првиот месец од оваа година за 12,6 милиони евра од Монтереј, Мексико. Деталите за неговата повреда сè уште се непознати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаМаж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook