ОЈО најавува дека ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело во случајот со Народната банка - Канал 5

ОЈО најавува дека ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело во случајот со Народната банка

Дали ОЈО ќе отвори постапка по допрен глас и дали ќе ги истражува индициите поврзани со примената на Законот за Народна банка и работењето на гувернерот Трајко Славески?

ОЈО најавува дека ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело во случајот со Народната банка

Дали ОЈО ќе отвори постапка по допрен глас и дали ќе ги истражува индициите поврзани со примената на Законот за Народна банка и работењето на гувернерот Трајко Славески, откако Канал 5 објави дека највисокото тело во институцијата веќе три месеци работи со вицегувернерки со истечен мандат?

- Јавното обвинителство ги следи информациите и доколку бидат утврдени елем енти на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ пак, во кус телефонски разговор ни посочи дека до сега не бил запознаен со случајот, но потенцира дека следната недела тој ќе биде ставен на дневен ред на редовниот колегиум.

Канал 5 упати прашања и до ВМРО-ДПМНЕ, дали со цел утврдување одговорност кај гувернетот и двете вицегувернерки ќе побараат отворање на истрага од надлежните институции, но и дали го осудуваат вчерашниот недоличен однос на Славески кон новинарот на Канал 5, од партијата одговорија:

-Епската битка на СДС која наликува на онаа шега "где је печат" треба да заврши единствено на начин кој ќе е во согласност со законите и Уставот. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе постапи во согласност со законот – стои во одговорот од партијата, додека во однос на однесувањето на Славески додаваат:

-ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува било кое навредливо однесување кон новинарите и медиумските работници или било кој друг субјект. Сметаме дека таквото однесување е недолично и ја охрабруваме критичката мисла и слобода на медиумските работници. Воедно повикуваме на обострано почитување на правилата и кодексите.

ОЈО да отвори предмет за гувернерот Славески, денеска повторно побараа од СДСМ, од каде сметаат дека ваквата состојба во институцијата може да има сериозни правни импликации врз функционирањето на Народната банка.

- Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески. Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав и одлуките донесени во такви услови можат да бидат правно оспорени- Богданка Кузеска

По вчерашното непримерно и потценувачко однесување на Славески кон новинарот на Канал 5, кој побара легитимни одговори на прашања од јавен интерес, денеска реагираа и од Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, од каде велат дека јавните фунционери треба да покажат повисоко ниво на политичка култура, а новинарските прашања да не се третираат како непријателски чин, туку како составен дел од јавната отчетност.

-Ваквиот настап е недозволив за носител на висока јавна функција. Новинарите не се должни да трпат омаловажување, инсинуации и префрлање на вина само затоа што поставуваат непријатни, но легитимни прашања во интерес на јавноста. Наместо аргументи и отчетност, јавноста виде обид новинарските прашања да се претстават како напад, а новинарите да се дискредитираат пред камери. – стои во соопштението на ЗНМ и ССНМ.

Вчера Славески ја обвини Канал 5 за тенденциозност, а прашањата за неговата работа ги оцени како атак врз Народната банка.

-Дали чувствувате одговорност зошто чекавте Зошто чекавте повеќе од половина година за огласот, а тој истечен? - Добро, за ова разговарајте со вашиот уредник и прашајте го кои се мотивите за овој напад врз централната банка, јас многу добро ги знам.. Дали може да одговорите, не одговорив одговорив... Оставка ќе поднесете? Оставка дали ќе поднесете? Од што? Од позицијата во која што ги пробивте законските рокови? Сериозен сте? Сериозен сте? Одговорете вие, не мене да ме прашате? Не, дали сте сериозен со прашњето – Вие одговорете – Не, нема да поднесам. Може уште едно прашање? – Не може.

Вчера реагираше и Македонската асоцијација на новинари од каде велат дека е недозволиво фунционерите кои имаат обврска да одговараат на новинарски прашања, да ги третираат како напад врз институција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка.

Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот.

Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители.

Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

По Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

Таму е Сања Трајковска Ставров.

Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје

Една чаша вода како одговор на информациите дека скопската вода не е безбедна за пиење. 

Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред камерите испи вода од чешма, уверувајќи ги скопјани дека нема место за паника, дека во водата нема бактерии и дека таа е целосно безбедна за пиење.

Откако изминативе денови на социјалните мрежи се ширеа предупредувања дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, Ѓорѓиевски на вонредна прес-конференција обвини за организирано ширење паника од опозициски структури. Најави дека ќе бидат идентификувани профилите кои ги ширеле дезинформациите и дека за нив соодветно ќе постапува МВР. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека водата секојдневно се испитува од околу 40 точки низ градот, а по појавата на информациите била направена и вонредна ПЦР-анализа, која исто така не покажала присуство на бактерии.

-Ние имаме една од 5-те најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монстум кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен..Ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад и од утринава се сублимираат сите профили и лажните а и оние приватни а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје

- Земен е уште еден вонреден примерок од водоснабдителниот систем, од мерно место фабрика Пивара и е направена брза ПСР анализа. Таа е брза анализа која за помалку од 4 часа имаме основни индикаторски параметри каде е констатирано дека не е утврдено присуство на ешерихија коли, ниту на колиформни бактерии, ниту на псевдомонас.- Емилија Јанеска – ЈП „Водовод и Канализација“

Покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство. Од АХВ посочија дека немаат информација за незадоволителни резултати од лабораториско испитување на водата за пиење, што е нивна законска обврска, додека од Министерството за здравство велат дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со пиење вода од скопскиот водовод. Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, вели дека дека иако бројот на пациенти е зголемен поради високите температури, кај ниту еден нема индикации дека причината за хоспитализација е водата.

-Бројот е зголемен но не е над нормалата, споредбено со другите години тука е во очекуваниот раст, така што немаме податоци дека некој има гастро интестинални тегоби поради пиење на вода. - Фадил Цана – Директор на Клиника за инфективни болести

Во меѓувреме, ОЈО соопшти дека по допрен глас оформило предмет за проверка на информациите за енормно загадување со отпад, во заштитено подрачје во близина на изворите Рашче. Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на обвинителството, посочувајќи дека иако депонијата не е во надлежност на Градот, градските служби во моментов ја чистат. Според него, депонијата се наоѓа на значително растојание од изворите Рашче и не може да предизвика загадување на водоснабдителниот систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер