МакедонијаОЈО: Истрага за жена која се обидела да внесе дрога во КПУ ИдризовоОсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции .Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот. Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно вкупно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин. Имајќи ја предвид тежината на делото и ризикот од бегство и од повторување на делото, но и фактот дека осомничената е мајка на малолетни деца, од кои едно 5-месечно бебе, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИздадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека има информации дека Русија подготвува масовен напад врз Украина.„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски на прес-конференцијата по церемонијата на отворање на ирското претседателство со Советот на Европската Унија. Украинскиот претседател ги повика граѓаните да не ги игнорираат сирените за воздушен напад и веднаш да одат во засолништа во случај на опасност. ❗️Zelenskyy: There is intelligence information about Russia preparing for a new massive strike on Ukraine. The President also stated that because of this, he is urgently returning to Ukraine from Ireland. pic.twitter.com/1FLlWAtjd7 — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) July 1, 2026 „Ги повикувам нашите луѓе да бидат особено внимателни, да се заштитат себеси, своите деца и семејства, да користат засолништа и да обрнат внимание на сирените за воздушен напад“, нагласи тој.Тагови: Володимир Зеленски предупредување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНајголем пад на цената на златото во последните 13 годиниЦените на златото паднаа за околу 16 проценти помеѓу април и јуни.Ова беше најлошиот квартален резултат од вториот квартал од 2013 година, бидејќи инвеститорите го изгубија оптимизмот за неприносните средства поради потенцијалното зголемување на каматните стапки. Годината започна добро за златото, достигнувајќи го рекордниот максимум од 5.586,20 долари за унца на 29 јануари, но следеше голем пад. Војната на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата, повторно разгорувајќи ги стравовите од инфлација и зголемувајќи ја веројатноста дека Федералните резерви на САД дополнително ќе ги зголемат каматните стапки, објави CNBC. Фјучерсите за злато останаа во минус денес, намалувајќи се за 1,24 проценти во раната трговија на 3.989 долари, додека спот златото (за моментална испорака) исто така падна, паѓајќи за 0,82 проценти на 3.974,51 долари. Среброто, исто така, забележа остар пад, бидејќи фјучерсите паднаа за 3,34 проценти на 57,49 долари, додека спот среброто падна за 1,31 процент на 57,80 долари во раната трговија. Инвестицискиот институт Амунди сè уште очекува дека попредизвикувачките монетарни мерки, во комбинација со високиот јавен долг и желбата на централните банки да ги диверзифицираат своите резерви подалеку од средствата во долари, би можеле да ја зголемат побарувачката за злато и други скапоцени метали во втората половина од годината. Најновото годишно истражување на Светскиот совет за злато покажува дека голем број глобални централни банки планираат да ги зголемат своите резерви на злато во наредната година, па затоа оптимизмот не исчезнал целосно од пазарот. Извор: Б92Тагови: злато Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода возач кој управувал возило со двојно поголема брзина поголема од дозволенатаСообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава.Денеска (01.07.2026) во 18:00 часот на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена возило со брзина од 177 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од слобода кој управувал патничко возило "шкода" со тетовски регистарски ознаки. Против возачот К.Б. (47) од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-а од Кривичниот законик на РСМ. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook