МакедонијаОЈО ГОКК „ја врати топката“ кај ЕСМ: Тврдат дека генералниот директор ги овластил лицата што дале исказ дека нема штетаСостојбата не е утврдена паушално, ниту само врз основа на поединечни изјави – одговраат од ОЈО ГОКК.Состојбата не е утврдена паушално, ниту само врз основа на поединечни изјави – одговраат од ОЈО ГОКК откако АД ЕСМ ја обвинија предметната обвинителка Катерина Коларевиќ дека не ги зела превдид фактите и одлуката за затворање на случајот за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино, ја базирала врз искази на некомпетентни лица од компанијата.. Од обвинителството велат дека исказ дале оние кои АД ЕСМ, односно генералниот директор ги овластил и од каде точно знаеле за што се повикани. „Врз основа на овластување од Генералниот директор на АД ЕСМ од 4.3.2026 година, Помошник директорот за производство на електрична енергија од хидроелектрани и управување со производни капацитети, како и Советникот за комерцијални работи, беа овластени како претставници на АД ЕСМ да дадат исказ во својство на сведоци и претставници на оштетеното правно лице. Оттука, не може постфестум да се тврди дека биле повикани „погрешни луѓе“, кога токму раководството на АД ЕСМ ги определило лицата кои ќе ја претставуваат компанијата пред обвинителството.“ Од ОЈО ГОКК додадаат и дека ЕСМ не приложижа конкретни докази за оштетно побарување, а доказите кои ги доставиле од компанијата – покажувале дека немало настаната штета. Обвинителските одлуки се носат врз докази и факти, а не за задоволување на јавната перцепција, додаваат од ОЈО ГОКК. „Најлесно е секоја одлука што некому не му се допаѓа да се прогласи за политички договор. Но обвинителска одлука не се носи врз основа на реакции на социјални мрежи, партиски соопштенија или медиумски притисок, туку врз основа на докази и закон. ОЈО ГОКК не може да измислува кривично дело за да задоволи јавна перцепција, ниту пак да продолжува постапка само затоа што предметот е политички атрактивен. Тоа би било незаконито и неодговорно постапување.“ Во меѓувреме, итна истрага од правосудните органи и да прекине молкот на Советот на јавни обвинители, побараа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои прашаа дали зад запирањето на истрагата стои корупција и подмитување. „Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДСМ и ДУИ во политиката. Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител, избран од владата на СДС во 1998та година и на Вера Маркова, Уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС. За Абази и да не говориме, човек кој дојде на времето на Русковска во ОЈО ГОКК, сосед на Ахмети од Зајас кој функционира на начин како што Али ќе му каже. Коларевиќ и Абази застанаа цврсто во одбрана на криминалот на функционерите СДС и ДУИ, наречен „Мазут“.“ Од ОЈО ГОКК ваквите наводи ги оценија како шпекулации без фактичка основа. Според нив, станува збор за класичен обид за дискредитација наместо аргументирана критика на обвинителска одлука. Велат, несериозно е, а воедно и политички конструирано да се оценува обвинител по тоа што го работеле нејзините родители пред 20 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
СветВрховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојбаСпоред порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и неговиот живот е доведен во прашање. Изворите тврдат дека Хамнеи не се сретнал со ниту еден член на владата по нападот на сад врз комплексот на врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари.во највисоките кругови на иранскиот режим, се шират гласини дека состојбата на Хамнеи е сериозна и дека може да дојде до најлошо сценарио во секој момент.дополнителен повод за шпекулации е фактот што откако го презеде лидерството, Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста ниту одржал официјално обраќање. Досега биле објавени само неколку пораки што официјалните медиуми му ги припишуваат немузасега нема официјална потврда од иранските власти за овие наводи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаО. Карпош: Реконструкција на урбаната опрема во НерезиОпштина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија.Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се заменија и дотраените даски на летниковецот. Општина Карпош и во наредниот период продолжува со интензивна динамика да инвестира во реконструкција и модернизација на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни и побезбедни услови за своите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаУставен суд за првпат пријави судија за непочитување на судска одлукаУставниот суд за прв пат го активираше новиот механизам за заштита на сопствените одлуки, откако судија во Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил нивната одлука за повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска. Судијата, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Додека пак, претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, за Канал 5 вели дека според уставно утврдените правни карактеристики, одлуките на Уставниот суд имаат дејство на конечност, извршност и општа задолжителност и не се предмет на интерпретација. -Станува збор за историска одлука на Уставниот суд и прва од ваков вид во 63 години уставно судство во Македонија. Целта и смислата на овој механизам и на одлуката на Уставниот суд во конкретниов случај, е да покаже одлучност дека се грижи за извршувањето на своите одлуки и да испрати порака до сите субјекти дека неговите одлуки мора да се почитуваат и извршуваат и дека во тоа се состои суштината на уставното судство. Доколку било кој не ги почитува и не ги извршува одлуките на Уставниот суд, но и доколку тоа се игнорира и не се утврдува од самиот Уставен суд или од било кој надлежен орган, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Сметам дека конкретната одлука води кон поголема уставна дисциплина,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд. Костадиновски дополнува дека согласно новиот механизам воведен пред три години, сега Уставниот суд ќе подготви извештај за судијата кој не ја извршил нивната одлука и за истото веќе го известил Јавниот обвинител и Судскиот совет. -Уставниот суд и по службена должност и по пријава од лице кое има правен интерес испитува дали неговите одлуки се извршуваат. Доколку утврди дека негова одлука не е извршена, подготвува посебен извештај и доколку утврди неизвршување за истото го известува јавниот обвинител и органот кој го избрал или именувал лицето кое не ја извршило одлуката на Уставниот суд,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд . Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше и утврди повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска сторена со една пресуда од Основниот граѓански суд и уште една од Апелација, се однесува на настаните во Собранието од 27 април каде таа, присутна како акредитиран новинар, била изложена на закани без притоа да и е обезбедена соодветна заштита. Адвокатот на Стојановска – Филип Медарски, ја оценува оваа одлука на Уставниот суд како исклучително важна. -За разлика од претходниот Деловник кој упатуваше исклучиво на следење на извршувањето на одлуките, со новиот Акт Уставниот суд добива проактивна улога и има можност формално да реагира доколку неговата одлука не е извршена. Со ова се зајакнува нивната позиција во однос на непосредната уставно-судска заштита на правата од член 110 алинеја 3 од Уставот,- -Филип Медарски, адвокат. Од Уставниот суд напоменуваат дека конечноста и извршноста на нивните одлуки се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат. Сепак, последниот збор за тоа дали судијата од Основниот граѓански суд ќе добие евентуална санкција, го имаат Судскиот совет и Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04