КултураОхридскиот театар со премиерна изведба на претставата „Сирано"Охридскиот театар утре премиерно ќе ја изведе претставата „Сирано", работена според текст на Душан Ковачевиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризевски.Режисерот на претставата Ризевски, кому ова му е седма режисерска поставка, рече дека генералната идеја на овој проект и од продуцентски и од уметнички аспект е да се остане не само физички, туку и психички здрав, во време на карантини наметнати од коронавирусот. -Претставата се бави со темата театар, поврзана со денешницата. Мислам дека во ова време што ни се случува малку замре културата. Генерално најдовме некоја комфорт-зона…Треба да се тера напред, да се работи култура, театар, изјави за МИА режисерот Ризевски. Самата претстава е хиперреалестична трагикомедија, антихумор што реално ги искажува проблемите на театарот денес. -Нашата претстава се вика „Сирано", иако оригиналниот текст на Душан Ковачевиќ е „Лари Томсон", едно од неговите последни дела. Иако текстот е напишан одамна, тој е актуелен во денешницата бидејќи буквално на комичен начин ги искажува проблемите со кои денес се соочува театарот односно културата на овие простори, вели тој. Улогите во претставата ги толкуваат Горан Стојаноски, Никола Тодоровски, Филип Кипровски, Ивица Цонев, Павел Маслов и Биљана Билаловиќ Вељаноска. Премиерната изведба на „Сирано" за прв пат од формирањето на театарот во Охрид пред десет години ќе биде на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев". Претставата ќе биде изведена согласно здравствените протоколи за заштита од Ковид-19. Горан Симоновски, директорот на Центарот за култура „Григор Прличев" во чии рамки функционира охридскиот театар, рече дека „Сирано" е прва премиерна претстава во куќата оваа година, сопствена продукција финансирана со средства на Центарот. -За оваа година од Министерството за култура ќе се финансираат две премиери – проектите „Балкански шпиун" во режија на Љупчо Георгиевски и „Изгубени германци" на Сашо Миленковски. Од традиционалните манифестации оваа година поддршка од државата добија „Балкански фестивал", „Охридските староградски средби", „Прличевите беседи", Граскиот хор „Лихнидос"и Фолклорниот ансамбл „Бисери", рече Симоновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСо лопата си ја убил мајка си и братот- трагедија во Сараево: Ги испратив меѓу мачениците Полицијата во Сараево денеска уапси 43-годишен маж под сомнение за убиство на две лица, а локалните медиуми објавија дека неговите жртви се мајка и брат, кои ги убил на исклучително брутален начин.Уапсениот во медиумите е идентификуван како Аднан Локванчиќ, објави Кликс. Тој е уапсен во семејниот стан во сараевската населба Храсница, каде што полицијата го пронашла по дојава. Полицијата накратко објави дека е приведен под сомнение за убиство на едно машко и едно женско лице и дека е во тек истрага за да се утврди што точно се случило. Лопата и отсечена глава Според порталот „Дневни аваз“, Локванчиќ наводно ги убил својот брат и мајка со удари со лопата. Потоа ја обезглавил мајката. Неговиот официјален адвокат, Омар Мехмедбашиќ, потврди за медиумите дека жртвите се мајката и братот на уапсениот маж, кој веднаш најави дека ќе побара психијатриско испитување. „Очигледно постои причина за стручно мислење на невропсихијатар, бидејќи кога го дал своето сведоштво, рекол дека ги испратил мајката и братот што ги убил меѓу мачениците на подобро место“, изјавил Мехмедбашиќ за порталот Кликс. Семејство обележано со трагедии Медиумите известуваат дека целото семејство во кое се случила оваа трагедија имало тежок живот, а особено било трауматизирано од фактот дека таткото извршил самоубиство со рачна граната по војната.Тагови: лопата сараево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСимеоне се расплака додека зборуваше за Меси: Видете го, има 39 години (ВИДЕО)Аргентина е во финалето на Светското првенство. Во драматично полуфинале во Атланта, тие ја победија Англија со 2:1 по голем пресврт во самата завршница. Англичаните водеа со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за титулата светски шампион со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение. Две асистенции забележа легендарниот Лионел Меси. Во финалето против Шпанија, Аргентина ќе се обиде да ја освои својата втора последователна и четврта титула во целост. Натпреварот е закажан за недела, 19 јули во 21 часот. Франција и Англија играат за третото место еден ден порано во 23 часот. По натпреварот, Џулијано Симеоне (23), десниот играч за врска на Аргентина, му се поклони на Меси. Низ солзи, тој проговори за медиумите: „Меси има 39 години, постигна сè што еден фудбалер може да сонува и и покрај ова, тој сè уште се бори како најдобар. Значи, на сите нас ни преостанува само едно. Да дадеме сè што имаме и да трчаме за него и Аргентина.“ Меси е одличен на Светското првенство. Во седум натпревари, постигна осум гола и асистира за четири. Giuliano Simeone becomes emotional speaking about Lionel Messi following Argentina’s World Cup semi-final win over England by u/JorSimpson45 in soccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: Само јас не ја потпишав заедничката декларација во Киев-Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот..Србија беше единствената земја на Самитот Украина–Југоисточна Европа во Киев што не ја потпиша заедничката декларација за продолжување на политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка за Украина и за засилување на притисокот врз Русија.. -Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот.. Србија не сака да се приклучи на воената поддршка за Киев и на политиката за дополнително економско изолирање на Москва, појасни Вучиќ, посочувајќи дека ја поддржува европската интеграција на Украина и ја признава нејзината територијална целосност. Документот го потпишаа претставници на Украина, Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Во киевската декларација руската инвазија е осудена како незаконска и неоправдана агресија, а од Москва се бара целосно и безусловно да ги повлече своите сили од целата меѓународно признаена територија на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook