ЗдравјеОхрид подготвен за 11-тиот Конгрес за ретки болести: Над 300 учесници и врвни светски експерти на едно местоМакедонското здружение за ретки болести со голем гордост го најавува претстојниот „11th Congress on Rare Diseases in Southeastern Europe“, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај 2026 година во Хотел „Гранит“, Охрид.Под мотото „Кон персонализирана медицина“ (Towards Personalized Medicine), овој конгрес претставува еден од најзначајните научни собири во регионот. Организациониот одбор со особено задоволство известува дека до овој момент се пријавени над 300 учесници, што го потврдува огромниот интерес и релевантноста на темите кои ќе бидат опфатени. Она што го прави овој настан особено значаен е учеството на еминентни странски експерти, кои заедно со домашните специјалисти ќе ги споделат најновите сознанија, истражувања и современи пристапи во дијагностиката и третманот на ретките болести. „Горди сме што успеавме во Охрид да обединиме научна елита од целиот свет. Присуството на реномирани странски предавачи и големиот број на пријавени учесници се доказ дека заеднички го трасираме патот кон подобра иднина и персонализиран третман за пациентите со ретки дијагнози,“ велат од организацијата. Конгресот е поддржан од бројни медицински здруженија и институции, вклучувајќи ги Педијатриското здружение на Македонија, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како и многу пациентски организации за ретки болести. Покануваме претставници на медиумите да ја проследат работата на конгресот и да придонесат во подигнувањето на јавната свест за ретките болести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНетанјаху и Ајзенкот ги почнаа преговорите за формирање влада на национално единствоИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, денес започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, денес започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив, каде што прво ќе добијат безбедносни информации, а потоа ќе разговараат за можноста за формирање влада на национално единство, објави денес Јашар. Партијата, исто така, изјави дека во исто време се одржува состанок меѓу претставници на Јашар и партијата Б'Јахад, предводена од Нафтали Бенет, објавува „Тајмс оф Израел“. Бенет, единствениот лидер на партијата во блокот на Ајзенкот кој се залагаше за формирање влада на национално единство со Ликуд, не се очекува на состанокот Јашар-Ликуд. Средбата следеше по вчерашното соопштение на Нетанјаху дека е подготвен, според договорот за ротација, да му ја предаде премиерската функција на Ајзенкот, а потоа да ја преземе функцијата втор премиер, по што Ајзенкот му даде на Ликуд 24 часа да постигне коалициски договор. Според израелските медиуми на хебрејски јазик, Нетанјаху бара да остане премиер одреден, засега неопределен период пред да започне ротацијата, со цел да надгледува евентуален безбедносен инцидент поврзан со Иран. Ајзенкот, според овие извештаи, цврсто го отфрлил овој услов. Тагови: Бенјамин Нетанјаху Гади Ајзенкот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗаврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себесиЖозе Мурињо остро го критикуваше судијата Сезар Сото Градо откако вчера Реал Мадрид загуби со 1-2 од Алавес на Бернабеу . Португалецот рече дека Реал не загубил поради судијата, но додаде дека судијата сака да ја покажува својата моќ и се пошегува дека ќе го исклучи Тибо Куртоа следната сезона. „Мислам дека овој судија сака да ја покажува својата моќ, дека е феномен. Не ми се допадна неговата работа, но не го загубивме натпреварот поради судијата, туку поради нас самите“, рече Мурињо. „Пред две сезони го исклучи Мбапе, минатата година Винисиус, а оваа година Белингам. Следната година ќе биде Куртоа“, додаде тој. Белингам го исклучи поради симулирање На крајот, Сото Градо досуди пенал за Реал по падот на Џуд Белингам, но по прегледот на ВАР, ја поништи одлуката и му покажа на Англичанецот втор жолт картон поради симулирање. „Го погледнав пеналот и изгледа сомнително, но Џуд вели дека е пенал“, рече Мурињо. Португалецот ја презеде одговорноста за поразот. „Изгубивме поради мене, јас сум шефот“, рече тој и му честиташе на тренерот на Алавес. Додаде дека Алавес имал среќа бидејќи судијата бил многу попустлив кон губењето време и прекините. Крај на серијата од десет победи Алавес поведе со голот на Тони Мартинез во 22-та минута, по грешката на Дин Хујсен, а Анхел Перез го израмни резултатот во 61-та минута. Килијан Мбапе го намали резултатот во 69-та минута по асистенцијата на Белингам, а Бернабеу свирна за Винисиус по вториот гол на гостите. Мурињо го бранеше Бразилецот. „Винисиус беше како целиот тим, не мислам дека може да се каже дека еден играч бил подобар или полош“, рече тој. Со поразот, Реал ја прекина серијата од десет победи и падна на третото место со 33 бода, зад Барселона со 36 и Атлетико со 34.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБорозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на МицкоскиБајките на Мицкоски за трета економија ги разби прво ММФ а сега и Евростат.Евростат објави дека Македонија е трета во Европа по младинска невработеност. Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026 година. Речиси секој трет млад човек од работната сила е без работа. Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски. Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот и за оние што саката да се иселат од државата. Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А младинската невработеност е 29%. Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа? Дури Мицкоски одбива и да го зголеми студентскиот оброк. Јаневска уште и ги навредува студентите заради нивното незадоволство. Пари за криминални тендери има. За младите – нема. Тие треба само да ги враќаат скапите кредити. Криминалните политики на Мицкоски се на директна штета на младите. Колку е лоша економијата сите граѓани гледаат, во своите празни паричници и празни фрижидери. Народот едвај врзвува крај со крај, секој месец гледа колку им останува од платата која не стига ниту до половина од месецот. Од следната недела стигнува нов ценовен удар. Парното поскапува за дури 7,56%. Трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%. Од 1 јануари е најавено и поскапување на струјата. Поскапата струја носи нов притисок врз цените на храната и услугите, а платите на граѓаните не мрдаат. Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување. Народот во Македонија буквално живее крпен живот, заглавен е во сиромаштија, во брзи кредити, во математики како да преживее. Според некои проценки 80.000 до 100.000 луѓе кај нас се веќе заглавени со брзи кредити а вкупниот број е над 200.000. Ете ја третата економија на Мицкоски. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е Христијан Мицкоски и неговите криминални политики, рече Маја Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31