Огромно мнозинство Германци го поддржува прекинот на испраќање оружје за Израел - Канал 5

Огромно мнозинство Германци го поддржува прекинот на испраќање оружје за Израел

Одлуката на германската влада делумно да го замрзне извозот на оружје во Израел доби широка јавна поддршка, според нова анкета објавена денеска.

Огромно мнозинство Германци го поддржува прекинот на испраќање оружје за Израел

Анкета спроведена за јавниот сервис ZDF покажа дека 83 проценти од Германците сметаат дека е исправно да се запре снабдувањето со оружје на Израел што потенцијално би можело да се користи во Појасот Газа.

Анкетата, исто така, покажа дека мнозинството Германци сакаат нивната влада да изврши поголем политички притисок врз Израел за да ја заврши својата воена кампања во Газа. Поточно, 62 проценти од испитаниците побарале поголем притисок, додека само 30 проценти се спротивставиле на тоа.

По неколку недели зголемени критики, канцеларот Фридрих Мерц минатиот петок објави дека Германија повеќе нема да одобрува извоз на оружје во Израел што би можело да се користи во Газа. Одлуката е донесена како одговор на планот на израелскиот кабинет целосно да го окупира Појасот Газа и да го протера палестинското население.

Промена во германската политика

Анкетата на ZDF покажала дека мнозинството Германци, исто така, го поддржуваат признавањето на палестинската државност, и покрај неподготвеноста на германската влада по ова прашање. Според анкетата, 60 проценти од испитаниците веруваат дека Германија треба да ја признае Палестина како држава, додека само 22 проценти се противат на тоа, а 18 проценти се неодлучни.

Мерц, долгогодишен верен сојузник на Израел, првично се спротивстави на повиците на опозициските пратеници за ембарго за оружје и покрај обвинувањата дека владата на Нетанјаху користи тактики на гладување и извршува воени злосторства во Газа.

Во неделата, Мерц јасно стави до знаење дека иако Германија ќе престане да одобрува нов извоз на оружје што може да се користи во Газа, традиционалната политика на Берлин за поддршка на Израел ќе остане непроменета. Конзервативниот лидер не ги поддржа повиците од другите европски земји за суспендирање на трговскиот договор меѓу ЕУ и Израел и изрази скептицизам кон признавањето на палестинската државност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден

Американските сили  нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.

Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден

Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Нема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП.

Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи.

Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.

Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.

Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти.

Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер