Ограничувањето на трошоците за Формула 1 ќе се зголеми на 215 милиони долари во 2026 година - Канал 5

Ограничувањето на трошоците за Формула 1 ќе се зголеми на 215 милиони долари во 2026 година

 Ограничувањето на буџетот на тимовите во Формула 1 ќе се зголеми драстично во 2026 година.

Ограничувањето на трошоците за Формула 1 ќе се зголеми на 215 милиони долари во 2026 година

Директорот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) за финансиски регулативи на Формула 1, Федерико Лоди, објави значително зголемување на ограничувањето на трошоците за тимовите од Формула 1.

Ограничувањето беше 135 милиони долари годишно од 2023 до 2025 година, прилагодено за инфлација. Во 2026 година, ќе се зголеми на 215 милиони долари.

Исклучок ќе биде ограничувањето за Ауди (се натпреварува како Заубер до крајот на сезоната 2025 година) ќе биде поголемо, бидејќи платите во Швајцарија, каде што е базиран тимот, се за 35-45 проценти повисоки отколку во Велика Британија и Италија.

Како и во претходните години, ограничувањето нема да важи за платите на возачите, тројцата најплатени вработени или одредени други ставки во буџетот.

Лоди го припиша зголемувањето на инфлацијата и транзицијата на Ф1 кон нови технички регулативи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка Мурму

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија  Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје

Втор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка Мурму

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто се обратија на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид.

Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последната порака на Олександр Сирски

Во контраофанзивите оваа година, Украина успеа да поврати 700 километри од својата територија, соопшти денес началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина во заминување, Олександр Сирски.

Последната порака на Олександр Сирски

Тој на својот канал на платформата „Телеграм“ потврди дека ја напушта функцијата началник на Генералштабот и истакна дека на својот наследник, Михаил Драпати, му ја препушта армијата која „не само што ја одржува одбраната, туку и дејствува офанзивно“, пренесува „Ројтерс“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека денеска ќе биде официјализирана неговата одлука Михаил Драпати да биде назначен за нов главен командант на Вооружените сили на Украина, со што ќе го замени Олександр Сирски.

„Заедно со Михаило, Јевгениј Хмар и Павло Палис, утврдивме како треба да се реорганизира Генералштабот на вооружените сили на Украина. Факт е дека Олександр Сирски постигна резултати за Украина во одбраната на Киев, офанзивата кај Харков и операцијата во Курск. Изминавме долг пат, одбраната на Украина продолжува и кон секој борец мора да се постапува достоинствено“, изјави Зеленски во објава на платформата X.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тепачот“ Паредес конечно проговори по хаосот во финалето против Шпанија

Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес даде изјава по драматичното финале на Светското првенство.

„Тепачот“ Паредес  конечно проговори по хаосот во финалето против Шпанија

Паредес беше иницијатор на агресивните напади на Аргентинците кон шпанските фудбалери по последниот судиски свиреж.

Тој ја шокираше јавноста со своето прегрубо и „валкано“ однесување, физички напаѓајќи го Гави и упатувајќи навреди кон другите фудбалери од противничкиот тим.

Сега, тој се огласи на социјалните мрежи. „Ти благодарам, Аргентина; Те сакам сега и засекогаш. Денес пишувам со длабока тага во душата, бидејќи не успеавме да ја донесеме радоста што нашата земја толку многу ја заслужува, но сепак срцето ми е полно со гордост знаејќи дека го дадовме максимумот и уште еднаш гордо го кренавме нашето знаме! Ви благодарам на сите што беа дел од оваа репрезентација – на оваа група играчи кои дадоа сè од себе за да го претстават овој дрес, борејќи се до последната секунда од секој натпревар! Беше чест да се биде дел од најдобрата аргентинска репрезентација во историјата!“, напиша Паредес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер