Ограбена е вилата на францускиот фудбалер Франк Рибери: Како да сум со спуштени панталони (ВИДЕО)

Фудбалскиот фудбалер Франк Рибери, напаѓач на Фиорентина, вчера откри дека за време на викендот, додека неговиот тим бил во Парма, неговата луксузна куќа била ограбена.

„Откако се вратив по победата во Парма (2: 1), се вратив дома и еве што го најдов ...“, напиша Рибери на својот Твитер каде што објави видео на кое се прикажани личните предмети расфрлани на подот.

"Значи, мојата сопруга остана без неколку торби и неколку парчиња накит ... Но, тоа не е најважното. Она што ме шокира е чувството како да сум гол, дека пантолоните ми се спуштени, тоа не го прифаќам ", додаде 37-годишен фудбалер, посочувајќи дека неговата сопруга и децата биле во Минхен во времето на кражбата.

Италијанските медиуми пишуваат дека скапоцени предмети биле украдени од вилата на Рибери, сместена на падините во близина на Фиренца, додавајќи дека по самоизолацијата и другите мерки за борба против ширењето на коронавирусот, криминалот нагло се зголемил по нивното укинување, вклучително и провалните грабежи. Бројот е двојно зголемен во мај во однос на април годинава.

СДСМ: Мицкоски беше најлошиот директор на ЕЛЕМ

Во време на ВМРО-ДПМНЕ најмногу растеше цената на струјата, во време на СДСМ најмногу пораснаа платите.

Денеска, со нови демогогии и лаги на тема енергетика се јави Христијан Мицкоски човекот кој беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Никола Груевски, во време кога цената на струјата порасна до 100 отсто.

Мицкоски денес уште еднаш покажа дека е голем незнајко и голем манипулатор. Имено, тој во едно исто обраќање цената на струјата најпрво ја споредуваше најпрво со висината на платите во земјата, за потоа да ја споредува со светските цени на продажба на струја. Овие две споредби се неспоиви, а Мицкоски до сега требало да знае дека струјата има и свои светски, берзански цени и токму поради тоа нејзината цена ја утврдува независна регулаторна комисија.

Сепак, ако толку сака да ги споредува и висините на платите, Мицкоси треба да научи дека во време на ВМРО-ДПМНЕ и во негово време цената на струјата имаше највисок раст од 100%, а во време на СДСМ цената на струјата остана непроменета цели три години, додека платите имаа највисок раст во историјата на земјата. Оттука, раст на струја од 7% за три години е неспоредливо со растот на струја од 100% за нивните 10 години.

Покрај зголемување на цената, токму ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски ја укина евтината тарифа на струјата што значеше и сериозно дополнително зголемување на сметките на корисниците. СДСМ беше и натаму останува позади својата политика за евтина тарифа на струја, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се тие кои ја укинуваа евтината тарифа на струјата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ниту една држава не може да биде целосно заштитена од терористите повратници

Ниту една држава не може да биде целосно заштитена од насилниот екстремизам на повратниците од боиштата на блискиот исток – вели безбедносниот експерт Злате Димовски.

По информацијата за 38 годишната скопјанка која доби кривична пријава, откако во два наврати била на боиштата во Сирија, Димовски додава дека тоа не е единствен случај и дека бројката на повратници во Македонија се движи на околу 150 лица од кои 20-тина до сега ги загубиле животите како дел од Исламската држава. Проблемот го наоѓа во тоа што земјава се потпира во голем дел на сознанијата и информациите од надвор, но и во македонскиот казнен систем.

Според Димовски, најголем проблем е дерадикализацијата на повратниците и додава дека е тешко да се предвиди како некое лице ќе се однесува по отслужената затворска казна, односно дали може осуден терорист да ги промени ставовите во текот по неколку години поминати во затвор. За да се постигне тој ефект, според него потребни се посебни програми и ресурси кои земјава во моментов ги нема.

Заминувањето на фронтовите во други земји од пред неколку години стана и кривично дело во Македонија, кое се казнува со затвор до пет години, а истото важи и за оние кои ги помагаат и организираат овие дела. Голем дел од западно - европските држави пак, кои изминатите неколку години се соочуваа со наплив на повратници од Исламската држава, се решија на тие лица да им забранат влез и да им ги одземат државјанствата.

Течат роковите за формирање на новата влада

Откако на вчерашната конститутуивна седница беа верификувани мандатите на новите пратеници течат роковите за формирање на новата Влада.

Претседателот нема да ги кани партиите туку ќе чека иницијатива од нив.

Дел од експертите пак отворија дилема околу конститутивната седница и тајмингот од кога течат роковите од кои шефот на државата треба да го додели мандатот.

Пред Вила Водно е Андријана Лазова.

Што велат од кабинетот на претседателот ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер