ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
1ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
КошаркаОфицијално: АБА-лигата е одложена!Регионалната кошаркарска АБА-лига сега и официјално ќе биде одложена поради несогласувања со судиите.Кошаркарите на Цибона не отпатуваа за Подгорица на натпреварот од првото коло против Будуќност, а причината се – судиите! Клубот од Загреб доби информација дека натпреварот е одложен и дека нема потреба да патуваат во Црна Гора, поради несогласувања со судиите околу исплатата на хонорарите за натпреварите. Се чинеше дека АБА-лигата нашла решение откако распиша повик за ангажирање судии од целиот свет, но сега тие судии почнаа да се повлекуваат, па оваа иницијатива се соочува со сериозни проблеми. Сè уште не се знае што ќе се случи со останатите натпревари, ниту кога АБА-лигата ќе најде решение, но едно е сигурно – доколку наскоро не се најде излез, регионалното натпреварување ќе се соочи со огромен проблем околу календарот и вклопувањето на преостанатите натпревари во веќе пренатрупаниот распоред на сите екипи, поради обврските во другите европски и домашни натпреварувања.Тагови: АБА ЛИГА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ? РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Талогот од СДС се махери сами да си дадат автогол. Актуелната Влада нема никаква врска со приватен договор склучен меѓу две компании. На СДС им работи потсвеста, заеднички со бугарската политика ја обвинуваат владата за лажни лобисти кои тие гордо ги фалеа и им делеа ордени. Што е заедничко помеѓу актуелната бугарска политика и СДС? Одговорот е едноставен, заеднички работат и ја обвинуваат владата за лажни лобисти. За која АТС Груп зборува Богданка Кузеска? Дали зборува за истата АТС Груп, фирма која ја отвори Зоран Заев и заедно со пола влада насмеан се сликаше, каде патем беше и Радмила Шекеринска која сега е заменик генерален секретар на НАТО? Или за истата АТС Груп за која истиот Заев на отворањето на компанијата викаше дека резултат на членството на НАТО или да го цитираме „Членството во НАТО отвора нови пазари и можности за зголемување на извозот и инвестициите“. Можеби СДС и Кузеска зборуваат за истиот Демировски и АТС за кој медиуми пишуваа дека иако обвинет за шпионажа поврзана со споделување доверливи информации за воена опрема, а претходно обвинет дека поткупил лица за да му достават доверливи информации, сепак добил дипломатски пасош во владата на СДС како другар на Заев? Дали можеби Кузеска зборува за истата АТС за која Фатмир Битиќи нивниот пратеник, екс вицепремиер добиваше ордени и изјави дека ја отвораат можноста за истата да учествува во НАТО-тендерите за набавки, процес во кој тогашното министерство за одбрана предводено до Славјанка Петровска, сега пратеничка на СДС, дало целосна поддршка? Или можеби СДС и Кузеска зборуваат за АТС за која Ковачевски како премиер и лидер на СДС викаше дека активно придонесува за колективниот систем на за одбрана на НАТО? Навистина веќе е дегутантно занимавањето на СДС со ширење лаги и дезинформации. Тешката безидејност во која се наоѓаат веќе станува хронична состојба на една партија окупирана од криминални структури, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
ФормулаРасел со најбрзото време на првиот тренинг во АзербејџанВозачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го постигна најбрзото време на првиот тренинг пред 16-тата трка во сезоната на Формула 1 – Големата награда на Азербејџан. Тркачкиот викенд на уличната патека во Баку започна порано од вообичаеното, бидејќи самата трка беше преместена во сабота поради денот на сеќавање што се одбележува во Азербејџан во недела. Расел извозе круг за 1:45,387 минути, обезбедувајќи ја првата позиција со предност од четири десетинки пред второпласираниот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заостана само четири илјадитинки од секундата зад Верстапен, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го постигна четвртото најбрзо време.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаМЗТ Скопје ја почнува новата сезона - со европски шмек во Аеродром„ Почнуваме во Куманово, да играме со Куманово за Суперкупот. МЗТ е најдобар кога игра како гостин, а победите на гостувања се одлика на големите екипи“.Стартот е закажан веќе за в сабота (26 септември), кога сино-белите, како освојувачи на двојната круна, против Куманово на теренот на противникот ќе го бранат трофејот од Суперкупот, кој го освојуваат во изминатите пет години по ред. Потоа следуваат стартни пресметки на домашен терен на сите три фронта – против Слобода Ужице (30 септември), повторно против Куманово (2 октомври), овој пат во суперлигашки дуел, и против грчкиот Ираклис (6 октомври). Овие четири средби во само 11 дена го најавуваат пеколниот НБА-ритам со кој ќе се соочат кошаркарите на македонскиот шампион, кои само до крајот на годината ќе одиграат вкупно 26 средби, односно по еден натпревар на секои 80 часа. „Ростерот со кој располагаме дефинитивно може да одговори на предизвиците што ќе ги имаме пред нас сезонава. Ритамот е пеколен, но имаме доволен број квалитетни кошаркари кои можат да одговорат на предизвиците. Во секој дуел ќе влеземе со желба за победа, без разлика за кое натпреварување станува збор. Некако настапите во АБА2 и обидот да се вратиме во регионалната елита можеби се наш приоритет, секако, со задржување на домашните трофеи, но тоа не значи дека нема да го оставиме и последниот атом енергија на пресметките во ФИБА Еврокупот. Почнуваме во Куманово, да играме со Куманово за Суперкупот. МЗТ е најдобар кога игра како гостин, а победите на гостувања се одлика на големите екипи“, изјави тренерот Васко Атанасов. МЗТ Скопје во АБА2 е во група со Слобода Ужице, Сутјеска и Триглав Крањ, додека во ФИБА Еврокупот, освен против Ираклис, ќе ги одмери силите и со Џики Варшава, германскиот Вурцбург, АЕЛ Лимасол и естонскиот тим Тарту. Формирањето квалитетен тим, кој ќе се обиде да ја врати „старата слава во Аеродром“ на европската сцена, како и да нападне влез во АБА-лигата и одбрана на домашните трофеи, немаше да биде можно без помошта на нашите партнери. Без поддршката од нашиот сопственик, Општина Аеродром, како и од моќните компании што ја препознаа нашата визија, како МТЕЛ, Адмирал, КАМ, Алта банка, Протеини.си, Аџибадем Систина и Авант кар, но и од Град Скопје, сето ова не би било можно, поради што сме им бескрајно благодарни. Сето ова, секако, ќе биде мотив плус за нашите навивачи, симпатизери, но и за сите други вљубеници во кошарката во следните месеци да дојдат во салата „Јане Сандански“, да уживаат во квалитетни натпревари и да навиваат за нашите момци. Само така ќе можеме да стигнеме до целта.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook