Одземени 26 возила на одреден период согласно измените во Законот за безбедност во сообраќајот

Секое возило што создава прекумерна бучава или кое испушта издувни гасови и ја загадува животната средина може да биде одземено односно исклучено од сообраќај во тој момент .

Од почетокот на примената на измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата досега се одземени 26 возила за одреден временски период, меѓу кои некои биле нерегистрирани, други стари возила кои испуштаат чад, но и стари возила кои ја нарушуваат безбеднсота во сообраќајот, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Секое возило што создава прекумерна бучава или кое испушта издувни гасови и ја загадува животната средина може да биде одземено односно исклучено од сообраќај во тој момент и да се утврди преку вештачење кои се проблемите што ги има тоа возило и дали понатаму ќе може да продолжи, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски, кој денеска од амбасадорката на Сојузна Република Германија во РСМ Анке Холштајн ја прими донацијата од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција.

Имаме неселективен пристап, да бидеме транспарентни во тој дел, потенцира тој, додавајќи оти тоа го прават во последните четири месеци континуирано, а продолжуваат и понатаму.

Тој појасни дека кога се правеле измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата прво се одело кон усогласување со Законот за прекршоци како основна измена, но и врз основа на согледувањата кои ги имале од терен во однос на тоа каде се потребни промени за да се постигне ефикасност во работењето.

Спасовски меѓу другото појасни дека казнените поени се укинуваат со новиот Закон за прекршоци и измените во Законот за бзбедност во сообраќајот на патиштата.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер