Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
БалканОдреден му е притвор на таткото на монструмот од Младеновац На Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, кој уби осум лица во Мали Орашје и Дубона, му е одреден притвор, дознава Новости.На предлог на Вишото јавно обвинителство во Смедерево тој ќе помине во притвор до 30 дена. Радиша Блажиќ на рочиштето го негирал кривичното дело. Тој е поранешен припадник на српската војска, објави Новости. Тој е обвинет дека во објектите каде што живеел, незаконски чувал поголема количина огнено оружје, муниција, експлозив и делови од оружје. Исто така, постои сомнеж дека незаконски набавил и чувал оружјето, муницијата и возилото што го користел неговиот син при извршување на тешкото убиство и други кривични дела за кои се товари. По претрес на неговиот стан и други простории, полицијата пронашла и одзела две воени дозволи за пушка, карабина со оптика и револвер. Одземени се и еден пиштол со два чаури, две ловечки пушки со оптика, револвер, неколку стотини парчиња муниција од различен калибар, како и една рачно изработена направа со можност за активирање. Да потсетиме, Урош Блажиќ е уапсен во селото Вињиште кај Крагуевац девет часа откако уби осум и тешко рани 14 лица. По рочиштето му е одредена мерка притвор до 30 дена. На рочиштето во Обвинителството, убиецот ги кажал деталите за грозоморното злосторство. Како што пишува Блиц, тој раскажал што му претходело на масакрот, но и детално како го извршил злосторството. Тој изјавил дека испукал две рамки куршуми (околу 60 куршуми) кон жртвите во Мало Орашје и дека продолжил да пука во луѓето на кои наишол во Дубона, а потоа и во групата што седела во училишниот двор. На рочиштето тој изнел застрашувачка одбрана - дека сакал да покаже дека не може да се шегува со него. Исто така, како што пишува Блиц, тој рекол дека знаел за убиството во училиштето во Врачар, но дека случајот немал никакво влијание врз неговата одлука ниту пак бил трик за убиство на осум сограѓани. „Тој рече дека имал површни контакти со мештаните на Мало Орашје и Дубона. Дека некои знаел, а некои не. Кажал и дека некогаш играл фудбал со Милан Паниќ, полицаецот што го убил. Рече дека мештаните во Дубона и Мали Орашје немале добро мислење за него и неговото семејство и дека чувствувал потсмев и подбив во нивното однесување“, рекол извор близок до истрагата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСамоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар КржаловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook