Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
1Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
Шоу бизОдложено судењето по тужбата на Блејк Лајвли против Џастин БалдониСудењето по тужбата на Блејк Лајвли за сексуално вознемирување против Џастин Балдони е одложено. Тоа првично беше закажано за на 9 март 2026 година, но Судот одлучи да го помести за 18 мај, поради згуснатиот распоред на главниот судија, објави „ПиплИмено, судијата објасни за време на сослушувањето одржано по завршувањето на фазата на собирање докази дека има закажано две кривични судења наредниов период и истакна дека „колку и да е важен овој случај, кривичните случаи имаат приоритет“. Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември лани, тврдејќи дека тој сексуално ја вознемирувал додека го снимале филмот „Завршува со нас“. оптужениот глумец и режисер ги отфрли обвинувањата. Во јануари, Балдони (41) поднесе противтужба за отштета од 400 милиони долари против Лајвли, нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и нивниот публицист, обвинувајќи ги за клевета и изнуда. Балдони во тужбите тврдеше дека Рејнолдс и Слоун дале дополнителни изјави што го поврзуваат со сексуално вознемирување и дека „Њујорк тајмс“ објавиле обвинувања за наводна кампања за клевета против „Вејфарер студиос“. Во јуни, Судот ја отфрли противтужбата за клевета, како и неговата тужба од 250 милиони долари против „Њујорк тајмс“. Судијата сметаше дека Балдони и неговата продуцентска куќа „Вејфарер студиос“ не доставиле доволно докази дека Лајвли е одговорна за какви било изјави вон оние содржани во нејзиниот исказ до Калифорнискиот оддел за граѓански права, а коишто според надлежните, имаат законска привилегија. Балдони и неговите сообвиненија имаа можност да ја дополнат својата тужба, но, според пресудата донесена минатиот месец, тие одлучија да не го сторат тоа, по што судијата донесе конечна одлука и го затвори тој дел од случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупцијаСо скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада. И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието. Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев. Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиенаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен. - До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook