Одложени се мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи во Лондон - Канал 5

Одложени се мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи во Лондон

Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Одложени се мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи во Лондон

Форин Офисот во соопштението наведе дека „состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи, закажан за денеска (среда) е одложен“, но дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени врати, без присуство на медиуми, пишува Гардијан.

Дипломати од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и САД денеска во Лондон требаше да одржат нова рунда разговори со цел постигнување прекин на огнот во тригодишната војна меѓу Украина и Русија.

Претходната рунда мировни преговори за Украина се одржа во Париз, а на неа присуствуваа претставници на САД, Франција, Велика Британија, Германија и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денeска намалени цени на училишниот прибор низ книжарниците

Почна примената на владината мерка училишна кошничка.

Од денeска намалени цени на училишниот прибор низ книжарниците

Почна примената на владината мерка училишна кошничка - ранците, тетратките, блоковите, колажи, моливи, пенкала, боички, фломастери, острилки, гуми, футроли, лепила, папки, дигитрони, односно сите неопходни материјали за почетокот на новата учебна година од денеска во книжарниците се продаваат со попуст. По објавувањето на одуката во службен весник, министерот за економија Бесар Дурмиши вели трговицте ќе имаат неколку дена да се прилагодат и да ги променат цените, од понеделник стартуваат контролите. Доколку ДПИ утврди непочитување или злоупотреба на одлуката ќе има соодветни казни...

„Mерката е донесена на седница на влада и заедно со ДПИ ќе излеземе ќе ги контролираме сите книжари и сите маркети трговци кои продаваат овој вид на производи. Таму каде што ќе видиме дека не се почитува мерката или се злоупотребува нормално дека во рамки на законот ДПИ ќе постапува....“ - Бесар Дурмиши – министер за економија.

Со мерката, која ќе важи до крајот на месец септември, трговците не големо се задолжени цените на училишниот прибор да ги намалат најмалку 10, додека пак, оние на мало се задолжени да обезбедат попуст од најмалку 15 проценти.

- Трговците се должни, покрај новата намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, затоа што токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето.

Во септември засилени контроли Друмиши најави и кај цените на храната. Растот на цената на горивата очекува да влијае и на другите цени но засега вели инфлацијата е стабилна и два месеци по ред имаме намалување на цените на храната. Доколку, инспекторите забележат девијантно однесување, вели како надлежно министерство веднаш ќе реагираат.

„Сега за сега стабилна е ситуацијата, ја мониторираме, ако се зголемуваат цените без економска оправданост од страна на трговците, како што сме постапиле и во минатото ќе постатиме и сега. Ние ја гледма ебруто профитанта маржа на трговцеот поради тоа што ако на берза се зголемува цената на нафта тоа ќе влијае и кај другите цени и ние со ДПИ правиме контроли на целиот синџир... “- Бесар Дурмиши – министер за економија.

На брифингот со новинарите Дурмиши рече дека во периодот кој следи можни се и измени во законот за нефер трговски практики, а зборуваше и за минималната плата – прашање кое рече дека во наредниот период ќе се отвори во рамки на ЕСС, бидејќи вели сите индикатори досега покажуваат дека таа во март повтроно ќе се згоелми, но исто така рече дека како институција се отворени за разговори и за смена на формулата за пресметка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изградба на дата центри – државен интерес или енергетски ризик?

Изградбата на дата центри е од државен интерес за Македонија, секоја висока технологија во иднина ќе биде зависна од нив и доколку создадеме сопствена база ќе ги елиминираме безбедносните ризици на податоците- оценува за Канал 5 деканот на ФИНКИ.

Изградба на дата центри – државен интерес или енергетски ризик?

Изградбата на дата центри е од државен интерес за Македонија, секоја висока технологија во иднина ќе биде зависна од нив и доколку создадеме сопствена база ќе ги елиминираме безбедносните ризици на податоците- оценува за Канал 5 деканот на ФИНКИ, Петре Ламески. Според него, во ера на напредна вештачка интелигенција воопшто не треба да има дилема за овие инвестиции, единствено вели треба да се направи добра стратегија за потрошувачката на струја како клучен ресурс за работа на дата центрите.

-Имањето на сопствени дата центри на територија на државата гарантира донекаде суверенитет на сопствените податоци. Доколку ние немаме сопствени капацитети ќе бидеме увозно зависни и ќе мора нашите податоци да одат некаде во странство да се процесираат и да се враќаат и тоа е безбедносен ризик и ризик по внатрешните капацитети за иновација. Не става под ризик на индустриска шпиуниажа. / Веќе е државен интерес да имаме и на наша територија, секако тоа да биде направено со добро планирање на енергетските ресурси и со добро менаџирање со отпадот,- Петре Ламески – декан на ФИНКИ.

Дата центрите се објекти во кои се сместени голем број на моќни комплјутери и сервери кои чуваат, обработуваат и разменуваат огромни количини податоци. Ламески вели дека тие трошат струја како големите компании, но секогаш постои опција за снабдување од обновливи извори за да не се загрозат постојните количини со кои располагаме. И во однос на водата смета дека нема простор за загриженост бидејќи тие можат да користат т.н. затворени системи кои не ја доведуваат во опасност животната средина.

-Во зависност од големината, тие знаат да бидат потрошувачи на електрична енергија во ранг на една поголема фабрика. Како таков објект, мора добро да се испланира мрежната инфраструктура за снабдување со електрична енергија, а имаме и дата центри кои користат електрична енергија и за самото процесирање, меѓутоа и за нивното ладење или да користат вода којашто во помодерните системи е затворен систем којшто овозможува помали загуби или да имаат од помодерните енергетски ефикасни решенија кадешто топлината од дата центрите којашто се ослободува се реискористува во некои други процеси,- Петре Ламески – декан на ФИНКИ.

Изградбата на дата центри не е нова, ниту пак сме единствени во намерата, потенцира Ламески, кој вели дека многу држави од регионот и светот веќе ги користат и ги надградуваат.

-Во Грција, Србија, Бугарија веќе се градат големи вакви центри како државни. Во Грција има и приватни како инвестиции.. Романија планира во стотици мегавати да се градат на нејзина територија во наредниот период, и Словенија планира исто такви капацитети, се градат и во Хрватска. Сите држави од регионот, во Европа, Америка и Кина веќе се наптпреваруваат во тоа кој ќе има поголеми капацитети. Петре Ламески – декан на ФИНКИ.

Власта пред неколку месеци ги изгласа измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, со што дата-центрите станаа објекти од национално значење, и е воведена забрзана постапка во која стручна ревизија и јавна анкета не се задолжителни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата преговара со неколку компании за изградба на дата-центри во Македонија, вели Мицкоски

Владата ништо не прави тајно, ниту преговара под маса, но нема нема да се откаже од стратегијата за изградба на дата-центри, порача премиерот Христијан Мицкоски. 

Владата преговара со неколку компании за изградба на дата-центри во Македонија, вели Мицкоски

Според него ова е иднината на светот и прашање е дали државата ќе го препознае моментот. Се што се прави ќе биде јавно и транспарентно, уверува Мицкоски, а во моментов Владата преговара со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри во Македонија, изјави Мицкоски.

-Апсолутно остануваме на таа стратегија како влада, овие впрочем проекти се во таа насока да преку гас се изградат гасни централи кои ќе произведуваат електрична енергија која што подоцна ќе се користи во овие дата центри... И преговараме, јавно кажувам со најмалку 5-6 потенцијални инвеститори. Меѓу нив е и голема мултинационална компанија и нема да отстапиме од тој чекор ни милиметар. Овој процес е неповратен и дека светот ќе го развива и дали ние ќе го препознаеме, ќе се качиме на бродот и ќе ја развиеме Македонија во богата европска држава, бидејќи ова е моментот кога треба да се почне, затоа што ова е новата нафта, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, и денеска ја обвинија власта дека под радарот турка изградба на дата центри за профит и со тоа, како што велат, ги става во ризик водата, струјата и земјоделството.

-Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието. Овие дата-центри, додава таа, трошат огромен капацитет на струја. Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит, изјави Борозан.

За коментарите од опозцијата премиерот Мицкоски, вели Фројд работел кај нив, а нивните критики ги оцени како неточни и целосно непознавање.

- Тоа што го слушам претставува тотална невистина, незнаење и непознавање и понекогаш и се срамам што тие луѓе кои ги испраќаат овие пораки имаат политичка тежина и водат политички партии. Замислете, да не е вештачката интелигенција или податочните центри или дата центрите, како би изгледал денеска БДП на САД. Зарем Амазон, Спејсекс, Опен АИ, мултинационални глобални компании чии што бреднови тежат трилиони, илјадници милијарди, би постоеле денеска ако на било каков начин тие ги добиваат квалитетот на животот на граѓаните под знак прашање, изјави Мицкоски.

Во однос на проектот во Пехчево, премиерот Мицкоски повтори дека тоа е приватна иницијатива и предлог на нацрт урбанистички план, а тука државата според него нема никаква улога.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер