Собранието ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
Рокот за носење на измените на Изборниот законик истече, партиите меѓусебно се обвинуваат за блокада на процесот
1Собранието ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
2Рокот за носење на измените на Изборниот законик истече, партиите меѓусебно се обвинуваат за блокада на процесот
3Објавени се имињата на двајцата убиени американски војници во ирански напад- едната имала само 19 години (ВИДЕО)
Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
1Ламин Јамал со девојка му Инес ја прослави победата на СП- снимката веднаш собра 6 милиони лајкови (ФОТО)
ФудбалОдложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионотНатпреварот од 26. коло на шпанската Ла Лига меѓу Виљареал и Еспањол не се одигра.-Во согласност со безбедносните препораки, поради ризикот од поплави поради актуелните временски услови во провинцијата Кастелон, претставниците на натпреварувањето одлучија да го одложат денешниот натпревар помеѓу Виљареал и Еспањол, се вели во соопштението на тимот. Натпреварот требаше да се одигра на стадионот на Виљареал „Де Ла Керамика“ вчеравечер во 21 часот. Обилни врнежи се забележани во провинцијата Кастелон. Новиот датум за средбата ќе биде објавен дополнително. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаСобранието ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомвриСо 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври.Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија. Со донесената одлука, како што соопштија, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати. – Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и на меѓународниот енергетски пазар и доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати – посочија од владината прес-служба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРокот за носење на измените на Изборниот законик истече, партиите меѓусебно се обвинуваат за блокада на процесотПомина рокот за носење на измените на Изборниот законик., што беше обврска од рефопрмската ЕУ агенда.Рокот за носење на нов Изборен законик помина, пет дена подоцна власта и опозицијата се уште меѓусебно се обвинуваат кој е виновен за неисполнување на оваа реформска обврска. Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги прозваа СДСМ, Левица и ДУИ за намерна блокада на Изборниот законик со цел, како што велат, да предизвикаат застој во реформите и да извлечат политичка корист на сметка на државните интереси и реформска агенда. - Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сами сами 9. Не дојдовме до таа последната токму поради блокадата на СДС, Левица и ДУИ. Затоа што кога е потребен консензус, тие избираат конфронтација. Со тоа, покажаа дека нивната цел не е подобар Изборен законик, ниту подобар изборен процес, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, од друга страна, возврати со обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски не сакаат Изборен законик усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, туку закон кој, според нив, ќе овозможи манипулации со изборниот процес. Од „Бихаќка“ повторија дека е потребенно донесување на закон кој ќе биде во согласност со европските и меѓународните стандарди. „ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски го блокираат донесувањето на нов Изборен законик во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Наместо да се донесе закон кој ќе обезбеди фер, транспарентни и демократски избори, тие се обидуваат да протуркаат решенија кои ќе им овозможат контрола и манипулација врз изборниот процес. Особено загрижувачки е нивниот однос кон гласањето на дијаспората, велат од СДСМ.“ Од Левица, пак, соопштија дека не се откажуваат од барањето за воведување една изборна единица и ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорна за недонесувањето на новиот Изборен законик во рокот предвиден од ЕУ. Ставот на ДУИ е за една изборна единица, но со изборен праг од 5 проценти. Од ВМРО-ДПМНЕ претходно, пак, се изјаснија дека ќе дадат бланко поддршка на се што опозицијата ќе договори - и една изборна единица и моделот на финансирање, со единствен услов – дијаспората да може да гласа. Изборниот законик беше десеттата обврска што Македонија требаше да ја исполни во рамките на Реформската агенда за користење на средствата од Планот за раст на Европската унија. Поради недонесувањето на законот, земјата остана без предвидените 4,2 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОбјавени се имињата на двајцата убиени американски војници во ирански напад- едната имала само 19 години (ВИДЕО)Министерството за одбрана на САД официјално ги идентификуваше двајцата војници на американската армија кои беа убиени во саботата навечер .Министерството за одбрана на САД официјално ги идентификуваше двајцата војници на американската армија кои беа убиени во саботата навечер за време на иранскиот напад со балистички ракети врз воздухопловната база „Мувафак ал Салти“ во Јордан. Една од убиените е 19-годишна девојка која штотуку ја започнала својата воена кариера. Пентагон објави дека 25-годишниот поручник Тајлер Џејмс Фихан од Ева Бич, Хаваи, и 19-годишната војничка Изабела Гонзалес од Каролтон, Тексас, биле убиени во нападот. Двајцата биле распоредени во воздушни и ракетни одбранбени единици на американската армија. BREAKING: New video shows yesterday’s Iranian missile strikes that killed 2 U.S. soldiers in Jordan pic.twitter.com/HoiUPMGy7b — Visegrád 24 (@visegrad24) July 18, 2026 Официјално распоредени како дел од друга операција Интересно е што Пентагон официјално ги припиша овие жртви на операцијата „Инхерентна решителност“ (која првично беше започната за борба против ИСИС), а не на тековната војна што Америка ја води против Иран. Јасно е дека оваа класификација ја одразува оперативната рамка според која војниците формално биле распоредени на Блискиот Исток, а не вистинските геополитички околности на нивната смрт. Војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна започна на 28 февруари 2026 година. По месеци жестоки борби, се чинеше дека е постигнат дипломатски спас кога САД и Иран го потпишаа таканаречениот Меморандум за разбирање (MoU) од Исламабад на 17 јуни 2026 година. Договорот отвори 60-дневен преговарачки прозорец и донесе привремен прекин на огнот на сите фронтови за да се преговара за траен мир и да се реши прашањето за нуклеарната програма на Иран и отворањето на Ормутскиот теснец, кој Иран го затвори поради нападите меѓу САД и Израел. Сепак, Договорот од Исламабад траеше помалку од еден месец пред целосно да се распадне под налетот на нови еднострани дејствија и ескалација. Со обновувањето на непријателствата, кое трае веќе втора недела, војната влезе во уште побрутална фаза во која САД спроведуваат континуирани воздушни напади врз иранската инфраструктура, додека Техеран одговори со балистички ракети врз американските бази во соседните земји. Со смртта на младите војници во Јордан, вкупниот официјален број на американски воени жртви од почетокот на војната се искачи на 17 убиени припадници на вооружените сили на САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53Прогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53