Одложен боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол - Канал 5

Одложен боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол

Одложен е боксерскиот меч меѓу поранешниот апсолутен светски шампион Мајк Тајсон (САД) и неговиот сонародник, блогерот Џејк Пол, соопштија од компанијата „Мост Валјубл Промоушнс“ која е организатор на борбата.

Одложен боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол

Дуелот требаше да се одржи на 20 јули во Вашингтон.

-За жал, долгоочекуваната борба помеѓу Пол и Тајсон ќе биде одложена. По консултација со лекарите на Тајсон, му беше препорачано да прави минимална физичка активност неколку недели, по што ќе може да продолжи со целосни тренинзи. Двајцата дојдоа до заклучок дека им треба рамноправен терен за да влезат во борба во добра форма, се вели во соопштението.

Новиот термин на натпреварот ќе биде објавен на 7 јуни. Борбата треба да се одржи кон крајот на оваа година.

Пред неколку дена се дозна дека здравствената состојба на Тајсон се влошила за време на лет и дека му е потребна лекарска помош. Подоцна, претставник на боксерот изјави за медиумите дека здравјето на спортистот е добро.

Тајсон, кој на 30 јуни ќе наполни 58 години, има 50 победи (44 со нокаут) и 6 порази во професионалниот ринг. Американецот стана апсолутен светски шампион во тешка категорија и беше сопственик на појасите на Светскиот боксерски совет, Светската боксерска асоцијација и Меѓународната боксерска федерација.

Рекордот на 26-годишниот Пол вклучува девет победи (шест со нокаут), еден пораз. Во професионалниот ринг се натпреварува од јануари 2020 година. Американецот е познат пред се како блогер и актер./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на владата туку козметичка промена на истата криминална структура.

Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ.

Според нив „внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието велат од опозициската партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторат

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторат

Судењето за трагедијата во кочанската дискотека „се одвива во судницата во „Идризово“.

Обвинителството презентира материјални докази, вклучувајќи документи и снимки кои откриваат пропусти во безбедноста и контролите од институциите. “, во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Денеска на градските гробишта во Бутел ќе биде погребан македонскиот пејач и автор, Владо Јаневски.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Јаневски за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на градските гробишта во бутел во периодот од 10 до 11 часот.

Синоќа пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.

Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач.

Со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека заедно го пееја најголемиот хит на Јаневски, „некогаш и негде“.

Присуствува и повеќе негови колеги и пријатели, меѓу кои Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт, Спасеновски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, Ѓорѓе Давид…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер