Одбојкарските ветерани на Југохром победници на „Тетово опен 2019"

Ветераните на одбојкарскиот клуб Југохром се победници на четвртиот турнир за ветерани „Тетово опен 2019". Во финалето на турнирот што денеска се одигра во Тетово, Југохром ја совлада Струмица со 2-0 или со 21-11 и 21-18 по сетови.

Во полуфиналните дуели Југохром ја совладата екипата на 11 Октомври од Прилеп со 2-0 (22-20 и 21-8) додека Струмица го совлада Вардар со 2-0 (21-14 и 21-17)

За екипата на Југохром настапија поранешниот селектор Жарко Ристоски, Ивица Хаџи Иљоски-Чајка, Марјан Шуменковски, Ванчо Милошески, Тасо Угриновски, Борче Мирчевски и Борис Чуприна.

Турнирот беше во организација на Федерацијата на спортски ветерани и Здружението на спортски ветерани „Шарпланинец" од Тетово, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт./МИА

притисни ентер