Одбојкарите со автобус до Вроцлав - Канал 5

Одбојкарите со автобус до Вроцлав

Одбојкарската репрезентација на Македонија попладнево треба да стигне во Вроцлав каде од утре до недела ќе настапува на првиот квалификационен турнир за Европското првенство 2015 година. Нашата селекција синоќа со автобус од Скопје замина на далечното патување (околу 1.500 километри).

Одбојкарите со автобус до Вроцлав
Во однос на претквалификациите кои нашите одбојкари ги завршија во недлата во Струмица има една промена во составот. Меѓу 12-те избраници на селекторот Жарко Ристоски е повратникот во репрезентацијата Јовица Симовски, кој поради клупски обврски сега се приклучува. Во составот го нема Александар Милков, кој се повлече од настапите од националниот дрес.

Македонија на првиот од двата турнира, утре во 1.коло ќе игра против Словенија. Во сабота противник ни е домаќинот Полска, а во недела ќе играме против Летонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце

Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце

Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра.

Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства.

Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрага

Осум лица се осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови по вчерашната акција на полицијата и ОЈО ГОКК. Меѓу нив има и царински службеник но двајца се во бегство.

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрага

Од 2024 до 2026 година, првоосомничениот криумчарел непријавени цигари, избегнувајќи царинска контрола. Според ОЈО ГОКК, во тоа му помагал и царински службеник, кој го информирал за смените и засилените контроли, овозможувајќи непречено пренесување на цигарите. На товар им се ставаат повеќе кривични дела како криумчарење, избегнување на плаќање акциза, давање и примање поткуп. Дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи.

-Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.- ОЈО ГОКК

Акцијата произлегла од анализата на мобилниот телефон на првоосомничениот, одземен при претрес во јануари, кога во неговиот дом биле пронајдени цигари и поголема сума пари во различни валути. Сега му се става на товар и перење пари. При вчерашните претреси кај првоосомничениот се пронајдени над 86 илјади евра и 16 златни плочки, скриени во сефови во неговиот дом, а во возилото биле пронајдени уште околу 7 илјади евра.

-Со преземените дејствија е причинета штета на Буџетот на државата по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето.- ОЈО ГОКК

За тројца осомничени обвинителството бара притвор, а за тројца други мерки мерки на претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дизелот поскапе за 5,5 денари – дали владините мерки ќе го спречат ценовниот шок?

Намаленото ДДВ на дизелот ќе го ублажи ценовниот шок, но нема целосно да го реши проблемот со високите цени на горивата, оценува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

Дизелот поскапе за 5,5 денари – дали владините мерки ќе го спречат ценовниот шок?

По новото поскапување на дизелот од 5,5 денари, тој посочува дека просторот за дополнителни интервенции на државата е ограничен, а доколку се носат нови мерки смета дека тие треба да бидат временски ограничени и насочени кон најпогодените граѓани и сектори. Поссочува дека секоја нова интервенција да се прави врз основа на темелни анализи на трошоците и ефектите, со цел да не се создеаде потреба од нови дополнителни задолжувања.

- Секако дека овие намалувања во делот на ДДВ-то ќе помогнат во ублажувањето на овој ценовен шок, меѓутоа клучно е дека едноставно треба да се види каква е состојбата со буџетот, кои се расположливите средства и доколку се планираат мерки, тие мерки треба да имаат пред сè времен карактер. Затоа што на долг рок повторно цената ќе треба да ја платат граѓаните, заради тоа што мерките ќе треба да се финансираат од некакво задолжување или од средства коишто во моментот доколку ги нема државата, ќе треба да се обезбедуваат преку зголемување на долгот.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии

Миноски предупредува доколку надворешниот ценовен шок потрае, ефектите нема да останат само на бензинските пумпи. Повисоките трошоци за енергенси веќе се прелеваат и врз храната, превозот и комуналните услуги..Иако Македонија не може да произведува нафта и нафтени деривати, вели дека постои можност да се намали зависноста од увоз, во обласите каде што има услови за сопствено производство...

-Македонија треба да размислува на обезбедување на сопствената енергетска независност и независност во поглед на производство на храна. Ние не можеме да произведуваме нафта и нафтени деривати, меѓутоа она што можеме да го произведуваме треба да настојуваме да станеме самодоволни во оние сегменти кај што реално имаме предуслови тоа да го правиме. На тој начин се обезбедува и суверенитетот и независноста на државата и се отвораат перспективи за ублажување на овие екстерни шокови.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески пак, споредувајќи ги цените со земјите од регионот, посочува дека Македонија и натаму има најниски цени на горивата. Ристески вели дека додека бензинот 95-ка во Грција се продава за 129, а во Албанија за 126, кај нас чини 99 денари за литар...Посочува и дека дизелот кај нас чини 104,5 денари, во Албанија дури 40% повеќе или 147 денари. Според него, ваквата разлика е резултат на владините мерки за намалување на ДДВ-то и акцизите. Министерката за енергетика Сања Божиновска, вчера нагласи дека доколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер