Други спортовиОдбојкарите на Струмица за противник во ЛШ го добија Олимпиjакос ПиреусМакедонскиот одбојкарски шампион, екипата на Струмица, за противник во квалификациското коло за влез во групното натпреварување во Лигата на шампиони на ЦЕВ за противник го доби грчкиот шампион, Олимпиjакос Пиреус.Стратегот на струмичани, Кире Ричлиев, смета дека добиле квалитетен противник, но не се откажуваат во третиот настап во ЛШ да се обидат да направат изненадување. - Олимпиjакос е мошне силен противник, кој минатата сезона го освои Челинџ купот. Ќе ни биде мошне тешко, но се надевам дека достојно ќе ја презентираме македонската одбојка, изјави Ричлиев, чија екипа минатата сезона освен со сениорите ги освои шампионските титули во сите конкуренции. Првиот натпревар нашите одбојкари го играат во гости во терминот од 17 до 19 септември, а реваншот е во Струмица од 24 до 26 септември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му го честиташе 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп со пораката дека „мирот доаѓа преку силата“.„Среќен роденден, Доналд“, напиша Нетанјаху на мрежата „X“, истакнувајќи дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во „соодветно време“, кога „Америка, голема нација изградена врз слободата и верата слави 250 години слобода“. Нетанјаху рече дека мирот доаѓа преку силата, што е можен коментар за новиот Меморандум за разбирање со Иран. „Ви посакувам континуирана сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина на мир постигнат преку силата и додека продолжуваме да го воздигнуваме сојузот САД-Израел на сè поголеми височини“, напиша Нетанјаху. Happy birthday Mr. @POTUS, Happy birthday Donald. This year your birthday comes at an auspicious time. America celebrates 250 years of freedom - a great nation built on liberty and faith. I wish you continued strength and vigor as you lead America towards a bright future of… pic.twitter.com/PEU1hwSSub — Benjamin Netanyahu - בנימין נתניהו (@netanyahu) June 14, 2026 Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаКОВЗРГ ќе ја одбележи 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот АнгеларијНастанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје.Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 15 јуни 2026 година ќе организира одбележување на 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј. Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на Архиепископот Ангелариј, со почеток во 10:00 часот. Во рамките на одбележувањето ќе биде отслужен помен со кој ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на архиереи и свештенство. По поменот е предвидено кратко обраќање на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по што ќе следи полагање свежо цвеќе пред гробот на Архиепископот Ангелариј. Одбележувањето претставува израз на почит кон животот, духовното дело и историското наследство на Архиепископот Ангелариј, кој со своето архипастирско служење остави значаен белег во современата историја на Македонската Православна Црква.Тагови: КОВЗРГ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter