Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет".

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од нивните бранители, за укинување на мерката притвор определена со решенија на судии на претходна постапка, ценејќи

ги фактите и околностите во предлозите донесе решенија со кои: -Предлогот на обвинетата К.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решнија на кривичен совет, поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 од ЗКП, со прифаќање на гаранција или определување на мерки на претпазливост – се одбива како неосновано. Предлогот на обвинетиот Б.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решенија на кривичен совет, и замена со поблаги мерки за претпазливост – се одбива како неосновано, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Против овие решенија, како што стои во соопштението, странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје./МИА

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер