Одбележување на Светскиот ден на аутизмот - Канал 5

Одбележување на Светскиот ден на аутизмот

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) и Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет" денеска ќе го одбележат 2 април, Светскиот ден на аутизмот.

Одбележување на Светскиот ден на аутизмот

По тој повод МНЗА во Кинотеката организира настан насловен „Дружење, дружење и само дружење". Ќе биде прикажан и филмот „Стела". Од МНЗА посочуваат дека годинава повторно се вклучиле и во онлајн кампања на Аутизам Европа што се спроведува ширум Европа, а е наречена „Среќно патување низ животот" за да се нагласи дека е потребен холистички пристап во текот на целиот животен век и за да се осигуриме дека лицата со аутизам можат да ги уживаат своите права и да живеат среќни и исполнети животи.

– Се проценува дека седум милиони луѓе се во спектарот на аутизам во Европската унија. Повеќето од нив доживуваат дискриминација во многу области од животот. Кампањата „Среќно патување низ животот" има за цел да ги истакне грижите и желбите на лицата со аутизам и нивните семејства во однос на различни клучни прашања како што се пристап до образование, вработување, соодветна поддршка за инклузија, самостоен живот, пристапност и политичко учество, меѓу другите. Оваа недела на нашите социјални медиуми Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм беа споделени многу банери и постери со интересна содржина. Луѓето кои сакаат да ја подржат кампањата можат слободно да ги споделуваат овие пораки користејќи го хаштагот #AutismDay2022, информираат од МНЗА.

Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет" по повод Светскиот ден на аутизмот организира настан во Зоолошката Градина – Скопје.

Во програмата, како што информираат од Здружението, освен едукативниот дел ќе има и забава за најмладите, проследена со интересна програма во која се вклучија децата од Златно Славејче, танцовото студио Еурека, зумба со Ирена Лозана, тетарска претстава со уличните акробати и жонглери од ФАЗБАБЛ, куклено мега шоу со Валентино и откачениот пантомимичар Мето.

Целта е подигнување на свесноста за аутизмот и годинава е 10-то одбележување на овој значаен ден. Затоа годинава во подготовка и реализација се вклучија и Здружение на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби „Сплотени срца" – Штип, Здружение на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби, невладина организација „Боиме сино – Илинден", Маргарет Курт Талеска од Здружението „Куќа на среќата" и Ирена Лозана од компанијата „Смартер Гаиа" иницијатори и организатори на проектот Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост под мотото „Разбери, прифати, сакај…создади инклузивна свесност…, посочуваат од Здружението.

Со резолуција на Генералното собрание на ОН од 2007 година, 2 Април се одбележува како Меѓународен ден на свесноста за аутизмот, а симболично многу објекти во светот се осветлуваат во сина боја. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 26. октомври до 2. ноември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 26. октомври до 2. ноември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 26. октомври до 2. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи.

Кариера

Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример.

Здравје и совет

Најдете си ја вистинската мерка во животот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво.

Кариера

Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат.

Здравје и совет

Задржете некои работи за себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се.

Кариера

Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно.

Кариера

Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни.

Здравје и совет

Добро би ви дошло да повежбате .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат.

Кариера

Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес.

Здравје и совет

Опуштете се со добра музика.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов.

Кариера

Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања.

Здравје и совет

Престојувајте во природа за да се освежите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор.

Кариера

Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза.

Здравје и совет

Вежбајте техники за релаксирање.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе.

Кариера

Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа.

Здравје и совет

Прифатете ги луѓето околу вас.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите.

Кариера

Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место.

Здравје и совет

Бидете свесни за себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро.

Кариера

Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни.

Здравје и совет

Вежбајте ја концентрацијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа.

Кариера

Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување.

Кариера

Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)

Припадници на жандармеријата со автобуси влегоа во српскиот Парламент и зградите на Стариот дворец во Белград.

На улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)

Полициското присуство е зголемено низ целиот центар на градот, а специјални сили се распоредени пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК).

Возилата што се користат за разбивање на протестите беа снимени во центарот на Белград, додека колона полициски комбиња беше забележана на автопатот, објави Излаз.

Зголемените безбедносни мерки доаѓаат на денот на предвремените парламентарни избори во Србија. 6.451.292 гласачи имаат право на глас, а гласањето се одвива на 8.392 избирачки места, кои се отворени од 7 до 20 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманоидни роботи изведоа спектакл и влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за синхронизирано танцување во Кина.

Хуманоидни роботи изведоа спектакл и влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Кинеската индустрија за хуманоидни роботи се движи од индивидуални демонстрации кон апликации од голем обем, а во сличен развој, 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено во градот Џинан, покраината Шандонг, Кина, во саботата, објави „Глобал тајмс“.

Вкупно 110 хуманоидни роботи „Експедиција А3“, развиени од кинеската компанија „АгиБот“, изведуваа синхронизирани танцови движења и промени во формацијата користејќи ја платформата за групна контрола „ЛинкБотс“ на компанијата и технологијата за ултра-широкопојасно позиционирање што овозможува точност на ниво на сантиметар.

„АгиБот“ соопшти дека сите 110 роботи изведувале синхронизирани движења без прекин, вклучувајќи менување позиции, скокање, превртување и менување формации.

Компанијата објави дека роботите ќе бидат распоредени во културни и туристички настани, јавни услуги, научни истражувања и образование, како и во други области. Претставник на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија на 19 октомври изјави дека кинеските компании развиле повеќе од 400 модели на хуманоидни роботи и произвеле повеќе од 40.000 единици во првата половина од оваа година, а се очекува годишното производство да надмине 100.000 единици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер