Одбележани 25 години од првата жртва меѓу полицајците во 2001 година - Канал 5

Одбележани 25 години од првата жртва меѓу полицајците во 2001 година

- Во тетовско Теарце денеска беа одбележани 25 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) во 2001 година во тамошната полициска станица која врз која во 2001 година беше извршен терористички напад.

Одбележани 25 години од првата жртва меѓу полицајците во 2001 година

Одборот на бранители на Македонија организираше комеморативен собир за настанот од 22 јануари 2001 кој се смета и почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесни повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

-Ова место, длабоко е врежано во нашата лична и колективна свест. Затоа сме денес тука, да се поклониме на местото на настанот пред оваа спомен плоча, која предупредува и не потсетува на тоа. Момир Стојановски е првиот непребол меѓу останатите бранители во 2001-та година.Тие што го познаваа Момир Стојановски секогаш со гордост се сеќаваат на него како храбар, чесен граѓанин, другар и колега. Тој и сличните на него не ставија на тест да се запрашаме дали е доволно тоа што ние го правиме за нашата држава ако едно толку младо и способно момче ја пролеа и последната капка крв за Македонија. Едно е сигурно-Момир Стојановски стори се за татковината, а ние ќе сториме се тој и сите херои да не бидат оставени на заборавот, истакна Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Одборот на бранители ја потсетува јавноста дека одбележувањето се одржува на местото каде што во 2001 година постоела полициска станица, за која веќе повеќе од една деценија има објект на друго место. Објектот каде порано постоела станицата сега е во приватна сопственост па Одборот бара спомен плочата за Момир која се носи за денот на одбележувањето трајно да биде поставена кај новиот објект на полициската станица во Теарце.

-Во оваа прилика сакам да апелирам до Министерот за внатрешни работи да ја разгледа нашата Иницијатива од 07.02.2011 г. оваа плоча да се стави во Полициската станица во с. Теарце, бидејќи ова место каде во тоа време била Полициската станица денес е приватен имот, а и условите не се соодветни за овој чин, истакна Марин Најдов.

Пред спомен плочатата на Момир Стојановски беше оддадена почит со минута молк, а беше положено цвеќе од Одборот на бранители, СВР Тетово, политичка партии и организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер