Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров, оддадена почит пред неговиот споменик во истоимената општина - Канал 5

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров, оддадена почит пред неговиот споменик во истоимената општина

 По повод 161-годишнината од раѓањето на Ѓорче Петров, делегација на Општината Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски оддаде почит со полагање цвеќе пред неговиот споменик во реонскиот парк.

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров, оддадена почит пред неговиот споменик во истоимената општина

Градоначалникот Стојкоски посочи дека делото на Ѓорче Петров претставува вредносна насока и денес, особено во процесот на развој и унапредување на локалната заедница.

- Ѓорче Петров не е само историска личност, туку име што нè упатува на одговорност, посветеност и работа во интерес на граѓаните. Неговото дело е поттик да продолжиме да градиме општина со подобри услови за живот, со фокус на младите, образованието и еднаквите можности за сите, истакнал Стојкоски.

Од Општината нагласуваат дека заедништвото и солидарноста се клучни во градењето стабилна и просперитетна заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање

На денешната средба со делегацијата од Сенатот на Француската Република, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за евроинтегративниот пат на Македонија и за начинот на кој Владата го води процесот. 

Филипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашање

Филипче посочи дека лошито политики на Владата во повеќе клучни области веќе се нотирано и во извештаите на Европската комисија, особено во делот на владеењето на правото, правосудството и медиумскиот плурализам.

„Лично многу загрижен за евроинтегративниот пат на земјата и за перформансот кој што оваа Влада го има во изминатиот период во неколку сфери. И тоа е перформанс на кој што забелешки имаат дадено европските институции, влезени се забелешки во репортите на Европската Комисија во неколку важни сфери“, рече Филипче.

Тој посочи дека особено загрижува состојбата со владеењето на правото, особено во однос на јавно мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на премиерот.

„Во сферата на владеење на правото, сведоци сме на јавна критика што мислам дека е недозволиво од страна на премиерот, повикување на одредени судии, обвинители и така натаму. Понатаму, недоволниот буџет кој што ја оделем за правосудството, сметам дека е тоа нешто што не треба да биде така, поради тоа што соодветното буџетирање со област на европските стандарди е нешто што во оваа, навистина, лоша ситуација со довербата во правосудството кај нас, како еден од чекорите кои што тој систем треба да го зајакнува“, рече Филипче.

Во обраќањето, Филипче укажа и на сериозните забелешки постојат во делот на медиумскиот плурализам, за кои Европската комисија веќе нотираше притисоци и проблеми, а дополнителна загриженост предизвикува и влезот на странски медиуми и начинот на кој тие добиваат дозволи за функционирање во земјата.

„Притисокот на медиумите, нешто што е исто така нотирано во делот на медија плурализм на страница 4-5 во репортот на Европската Комисија и неколку малформации на кои што сме сведоци изминатиот период. Во нашата земја, околу 40% од медиумите се во сопственост на луѓе близки на поранешниот премиер Виктор Орбан, премиерот на Унгарија. Телевизиска станица, портали и така натаму.Меѓутоа во изминатиот период сме сведоци дека голем притисок и влез на српски медиуми во земјата и тоа на многу, би рекол, незаконски начин, затоа што постојат канали кои што доаѓаат преку српскиот Телеком и кои што имаат незаконски добиена лиценца од страна на независниот регулатор“, рече Филипче.

Филипче предупреди дека времето минува и дека Македонија ризикува да остане надвор од процесите што веќе се отвораат за други земји.

„Ако оваа влада обезбеди подобри услови во преговорите или гаранција дека во иднина нема да бидеме повторно блокирани на евроинтегративниот пат, ние тоа ќе го поддржиме. Но се поставува прашањето што доколку нема и не се обезбедат гаранции, и докога ќе се обидуваат да се обезбедат некакви гаранции, затоа што времето поминува“,рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 25.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите.

Тошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите во работењето.

Во СВР Охрид, посебен акцент беше ставен на завршните подготовки на командниот центар, неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Секторот. На средбата беше констатирано дека активностите се во завршна фаза и дека системот треба да започне со примена од 12 октомври.

„Во завршна фаза сме со уредувањето на командниот центар во СВР Охрид, кој е неопходен за да започнеме со практична примена на ‘Безбеден град’. Начелно се договоривме со раководството дека ќе бидеме подготвени системот да започне со примена од 12 октомври на целата територија на СВР Охрид. Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција“, истакна министерот Тошковски.

Во рамки на посетата се разговараше и за состојбите и резултатите во борбата против криминалот и корупцијата, спречувањето на нелегалната трговија и дистрибуцијата на дрога, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

При посетата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, министерот информираше и за значаен исчекор во соработката со ФРОНТЕКС. Договорено е активностите што досега се спроведуваат на јужната граница да бидат проширени и кон западната граница, при што почетокот на заедничките активности се очекува на почетокот на идната година.

„За првпат е договорено ФРОНТЕКС, во рамки на соработката што ја имаме со Европската Унија, своите активности да ги насочи и кон западната граница, а не само кон јужната како досега. Очекуваме заедничките активности да започнат на почетокот на идната година, со што ќе обезбедиме дополнителни капацитети и подобра контрола на западната граница, пред сè кон Република Албанија“, потенцираше Тошковски.

Министерот нагласи дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на полициското работење, зајакнување на граничната безбедност и унапредување на капацитетите на полициските служби, со цел поефикасно справување со безбедносните предизвици и поголема безбедност на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Верстапен најбрз во Баку на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан

Возачот на Редбул, Макс Верстапен беше најбрз на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан во Баку и со тоа ја прекина доминацијата на Мерцедес за време на тренинг-сесиите.

Верстапен најбрз во Баку на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан

Возачот на Ред Бул постигна време за 0,099 секунди подобро од она на Џорџ Расел, и тоа во самиот финиш.

Британецот беше најбрз на првите два тренинга одржани во четвртокот.

Луис Хамилтон заврши трет, со заостанување од 0,111 секунди, додека Кими Антонели беше четврти.

Шарл Леклер го зазеде петтото место, но заостануваше дури 0,622 секунди зад Верстапен, при што кон крајот на сесијата мораше да излезе од патеката во зоната за безбедност.

Пјер Гасли заврши седми, пред возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.

Иако Верстапен беше најбрз, Мерцедес останува сериозен кандидат за пол-позицијата, особено поради предноста на правците и во бавните свиоци. Квалификациите за Големата награда на Азербејџан започнуваат во 14:00 часот по средноевропско време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер