Одбележана годишнината од ослободување на тетовското Кале во 2001

Пред Споменикот на бранителите во паркот „Жена борец" во Скопје денеска беа одбележани 22 години од оружените борби со кои македонските безбедносни сили утрото на 25 март 2001 го ослободија тетовското Кале запоседнато од ОНА (УЧК)

Пред Споменикот на бранителите во паркот „Жена борец" во Скопје денеска беа одбележани 22 години од оружените борби со кои македонските безбедносни сили утрото на 25 март 2001 го ослободија тетовското Кале запоседнато од ОНА (УЧК).

Чествувањето го организираше партијата Достоинство. Венци и цвеќе пред Споменикот положија претставници од Кабинет на Претседателот на Северна Македонија и од Владата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и делегации на политички партии.

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, изјави дека тоа била „чиста и неспорна воена победа на македонските безбедносни сили“ во која, како што рече, иако борбите биле жестоки, немаше ни еден загинат бранител.

-Македонската армија и полиција под единствена команда на генералот Панде Петровски рано утрото на 25 март 2001 година почна силен координиран напад врз позициите на ОНА во Тетовскиот Регион, вклучително и на тетовското Кале. Во нападот беа употребени борбени хеликоптери, различни видови артилериски средства, како и армиската и полициската специјална единица „Волци“ и „Тигри“, плус единици составени од професионални војници, како и припадници на резервниот армиски и полициски состав. Во текот на ноќта 25/26 март 2001 година, Калето беше исчистено од припадниците на УЧК и целосно ослободено. Истиот и следните денови исчистени од УЧК беа и повеќето шарпланински села, истакна Ангелов.

Од денешен аспект, како што рече, можеби било и подобро што конфликот кој влегол во напредна фаза бил „пресечен и сопрен“ зашто постоела опасност да прерасне во крвава меѓуетничка војна со многу жртви. Во оружените дејства во 2001, рече Ангелов, загинале 70-ина бранители, а повеќе од 300 биле повредени.

Според него, државата се грижи делумно за воените инвалиди и за семејствата на загинати бранители, но дека тоа не е доволно и, рече, не е однос што го заслужуваат македонските бранители.

-Петнаесетина семејства на загинати бранители и триесетина полесно ранети бранители до ден-денес се уште не се обесштетни... Посебен случај се припадниците на резервниот армиски состав кои не добија никаква благодарност од државата, изјави Ангелов.

На настанот присуствуваше Ацо Стојановски, воен инвалид од 2001, кој пред медиумите реагираше дека е меѓу воените инвалиди што не се обесштетени и дека се заборавени од државата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Ковачки, кој како припадник на специјалната армиска единица „Волци“ учествувал во борбата за Калето во Тетово, соопшти дека оваа недела нивната пратеничка група ќе поднесе Предлог за измени на Законот за бранители, со цел обесштетување на семејствата на загинати и на инвалидите.

Ангелов додаде дека и Достоинство подготвува ист таков закон кој е во завршни подготовки за да се предложи во Собрание.

-За нас во Достоинство е ирелевантно дали ние ќе ја поднесеме иницијативата или ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог-закон за измена на Законот за бранители. Крајно време е да се реши овој горлив проблем. Не се работи за многу пари. Постои расположение и кај пратениците од владејачката СДСМ и коалицијата и кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, додаде Ангелов.

Во оваа пригода тој информирање и дека ќе почне снимање на серија „Воена раскази“ во продукција на Достоинство, во кои бранители од 2001 во епизоди ќе сведочат за настани во кои учествувале.

Одбележувањето на годишнината почна со пеење на државната химна и едноминутно молчење за оддавање почит на сите бранители кои во 2001 загинаа во одбрана на државата.

Беа прочитани и цитати од книгата „Сведоштва 2001“ на генерал Панде Петровски, во тоа време заменик-началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Максим Димитриевски и Арбен Таравари во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Максим Димитриевски и Арбен Таравари.

Дневен хороскоп за 6. јуни 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 6. јуни 2023 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте.

Кариера

Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија.

Здравје

Радувајте ѝ се на иднината.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите.

Кариера

Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат.

Здравје

Веќе не сакате да ве искористуваат.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето.

Кариера

Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода.

Здравје

Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја.

Кариера

Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој.

Здравје

Слабост и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот.

Кариера

Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист.

Здравје

Вежбајте за да зајакнете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат.

Кариера

Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало.

Здравје

Движете се што повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност.

Кариера

Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа.

Здравје

Движете се .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини.

Кариера

Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување.

Здравје

Јадете помалку и патувајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство.

Кариера

Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив.

Здравје

Не останувајте сами дома, излезете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж.

Кариера

Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно.

Здравје

Останете свои.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни.

Кариера

Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате.

Здравје

Внимавајте на вируси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде.

Кариера

Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново.

Здравје

Верувајте во себеси.

Ристиќ: Меџити добар ли си со глаата?

Бурни реакции во јавноста откако беше разрешен кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија.

Јовев добива поддршка и од фелата и од граѓаните. На социјалните мрежи можат да се сретнат низа критики од за разрешувањето на кардиохирургор.

„Не вирее професионалец овде“, напиша докторот Ненад Лазаров.

Со став се јави и градоначалникот на Ѓорче Петров, докторот Александар Стојкоски.

„Со вакви мерки стимулирате само повеќе карти во еден правец надвор од државава! Има разлика“, напиша тој.

Актерката Ирена Ристиќ испрати порака до министерот за здравство Меџити.

„Ако првата трансплантација на срце и уште неколку други кои уследија после тоа, не се резултат и тоа за највисоки почести во државава, онда не знам што е!!! Меџити, добар ли си со глаата?! Ќе ни носиш доктори од Тетовскиот?! Мрш!!! Поддршка за доктор Јовев!!!“, напиша Ристиќ.

Ова се само дел од низата пораки на социјалните мрежи.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија, кој инаку е предводник на тимот што ги правеше трансплантациите на срце. На прашањето зошто го разрешил, министерот Меџити рече дека на клиниките нема да остави директори што спијат и немаат резултати.

притисни ентер