Јаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревари
1Јаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревари
3Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
ЖивотОдбележан Водокрст во црквата „Пресвета Богородица" во ТетовоОдбележан Водокрст во црквата „Пресвета Богородица" во Тетово, крстот го фати 24-годишниот Нинослав Дамјановски.Во тетовската црква „Пресвета Богородица" се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. По светата литургија, во црковниот базен во дворот од црквата се изврши Водосвет и спуштање на Светиот крст. По крстот скокнаа тројца верници, Нинослав Дамјановски, Дејан Савевски и Горан Анѓеловски. Најуспешен и најсреќен беше најмладиот од нив, 24 – годишниот Нинослав Дамјановски. -Ова е четврти пат да скокам по осветениот крст. По втор пат ми се посреќи да го фатам. Првиот пат го фатив пред шест години кога има 18 години. Очекувам да ми донесе здравје, среќа и бериќет, изјави Нинослав Дамјановски. Празнувањето на Водокрст годинава продолжи со традиционалното спуштање на осветен крст во црковниот базен, која лани поради пандемијата не се одржи. Во Тетово овој единствен чин на спуштање на крстот започнал да се извршува во 1986 година, по иницијатива на црковниот одбор. Утре на Водици централното одбележување е во тетовска соборната црква „Свети Кирил и Методиј", каде осветениот крст ќе се спушти во црковниот базен по 9.30 часот. Водици ќе се одбележува и во другите цркви во тетовските села.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревариВо последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици.Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес остварија средба со 100тина талентирани ученици кои преку здруженија на наставници или индивидуално, годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади и престижни ученички натпреварувања. На средбата, им порачаа дека се гордост на државата и дека институционалната грижа кон талентираните, како и кон сите ученици и млади ќе продолжи да се зголемува. „Се радувам што од година во година евидентираме сé поголем талентирани млади со желба за натпревар, кои сакаат да ја претставуваат државата надвор и со гордост го прават тоа. За мене тоа е вистински патриотизам и затоа продолжете да бидете репрезенти на татковината. Ви честитам на сите кои оваа година учествувавте на врвни натпревари, а дел од вас освоија и високи награди и признанија“, рече Јаневска пред учениците. Во последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици. Нивните семејства повеќе немаат грижи како ќе обезбедат средства за учество на меѓународни натпревари, затоа што Министерството за образование и наука во целост ги покрива трошоците за пат и котизација. Минатата година беа исплатени 5, а годинава досега 3 милиони денари за оваа намена. Министерката рече дека сите деца се важни и должност на институциите е да им се посветуваат подеднакво, да имаат поквалитетно образование и еднаков пристап до образовните можности. Но, талентираните ученици бараат посебно внимание за да можат целосно да ги реализираат личните аспирации и потенцијали, па оттука и значителната промена на политиките за нивна поддршка. Потсети дека министерството редовно објавува повици за доделување на парични средства за освоени високи места и медали на меѓународни натпревари, парични средства за освоени први места на државни натпревари, конкурси за доделување стипендии за талентирани средношколци, како и дека во тек е изработка на Концепција за детектирање и работа со талентирани деца.Тагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 31.08.2026 до 04.09.2026 зема 205 примероци за физичко-хемиска и 205 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Град Скопје вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
АвтомобилизамОфицијално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избранитеИлон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс. Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика. Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили. Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот. Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи. Извор: Б92Тагови: Tesla Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12