Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа – 9 мај

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, како и на Партизанските гробишта во Бутел, денеска беше одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа – 9 мај. 

Евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, денеска пред платото на Владата го одбележаа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа со положување на свежо свеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“.

Евроамбасадорот Дејвид Гир положува свежо цвеќе пред платото на Владата на Република Северна Македонија

Денот на победата над фашизмот се одбележува откако Германија во 1945 година го ратификува актот за безусловна капитулација и беше прогласена победа на антихитлеровската коалиција, додека пак, Денот на Европа се слави откако тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи, што подоцна стана позната како „Шуманова декларација“.

Европа денеска ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.

По повод на Денот на Европа, ЕУ и нејзините институции секоја година организираат настани и манифестации за одбележување на празникот. Оваа година по тој повод, Европската унија на 4 мај организираше „отворен ден“, на кој граѓаните можеа да ги посетат седиштата на институциите на Унијата и да се запознаат со начинот на нивното функционирање.

Денот на Европа e прогласен за празник на ниво на ЕУ и е неработен ден за вработените во европските институции. Меѓу членките на ЕУ, 9 мај е државен празник само во Луксембург, додека во Романија тој се поклопува со Денот на независноста на земјата.

Протест на Македонците од ДПМ во Панчево поради притисоците во пресрет на локалните избори

Целосно разочарани од ваквиот развој на ситуацијата, решивме јавно да излеземе и да го изразиме нашето незадоволство од нефер односот кон најголемата малцинска национална заедница во Панчево. 

Поради губење на просториите и седиштето на Демократската партија на Македонците (ДПМ) во Панчево, отпуштањата, опструкциите, неможноста за политичко организирање, Македонците од ДПМ денеска протестираа пред своите простории и го повикаа раководството на Република Македонија да реагира и да ги заштити, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението до медиумите на ДПМ се наведува дека во пресрет на локалните избори во Србија на 2 јуни и можноста што ја имаа за соработка со владеачката СНС по разговорите водени со градоначалникот на градот Панчево, Градската управа одлучила да ги исели од просторитте (20м2) во кои над 20 години е седиштето на ДПМ.

-Целосно разочарани од ваквиот развој на ситуацијата, решивме јавно да излеземе и да го изразиме нашето незадоволство од нефер односот кон најголемата малцинска национална заедница во Панчево. Локалните власти на градот Панчево со закани, опструкции, подметнувања, отпуштања, не ни дозволија политички да се организираме, ни забранија општински оверувачи за изборите, ја исклучија струјата во споменатите простории, за да не спречат собирање на потписи, сето ова поради тоа што во Панчево не има 5000 Македонци според последниот попис, а многу повеќе во вистинска смисла. Значи, на Македонците на територијата на градот Панчево, општина Опово и општина Пландиште им се забранува да имаат макар и еден одборник во локалните самоуправи, се вели во соопштенеито на ДПМ.

Во него се додава дека „сакаме да веруваме дека тоа не е став на раководството на Република Србија, туку став на локални моќници кои не бираат средства да донесат што е можно повеќе потписи (гласачи) во централниот штаб и да се додворат“.

Од ДПМ бараат да си ги остварат најосновните граѓански и малцински права, потенцираат да ваквиот соживот на Македонците во Србије е неподнослив и го повикуваат раководството во Македонија да ги заштити.

-Ние Македонците сме конститутивен, братски народ, лојален на Република Србија, ги дадовме нашите животи во сите претходни војни, кои не беа малку на овие простори, редовно плаќаме даноци и затоа сакаме да ни се овозможи да ги оствариме нашите најосновни права. Заплашувањето, заканите и асимилацијата не се фер однос кон нас, бидејќи додека ова ни се случува во Србија, во Република Македонија српската национална заедница добива министер, тие имаат пратеници, а нам ни е ускратено правото и на обичен одборник во локалната самоуправа. Поради сето ова, сметаме да сега е јасно дека соживотот на нас Македонците на територијата на Република Србија станува неподнослив и сметаме дека, меѓу другото, тоа е последица на невниманието на нашата матица за нашата позиција во последните 7 години. Во тоа име ја користам приликата да го повикам раководството на Република Македонија да реагира и да не заштити, во спротивно на следниот попис нема да има Македонци на територијата на Република Србија, изјави претседателката на ДПМ Маја Георгиевска.

Чави: Второто место на Барселона беше наша минимална задача

Второто место на Барселона беше наша минимална задача, можеме да се натпреваруваме за уште еден трофеј следната сезона.

Тренерот на Барселона, Чави истакна дека неговиот тим ја исполнил најмалата задача со освојување на второто место во шпанската Ла Лига.

-Ова беше минимална задача за нас. Со пласманот на втората позиција, тимот за сезона обезбеди учество во Суперкупот и шанса да атакува на уште еден трофеј. Целта е најдобриот рецепт за стекнување самодоверба. Педри треба постојано да игра, да фати ритам. Потребна му е динамика, која недостигаше поради повредите. Тој е дефинитивен фудбалер кога ја има топката се оди добро. Кога Ламин Јамал ја има топката, се случува нешто посебно. Зборуваме за многу важен фудбалер. Важно е да се грижиме за него и да го одржуваме среќен, тоа ќе му овозможи да остане на ова ниво многу години, изјави тренерот на Барселона.

За иднината на Чави на тренерската позиција во Барселона треба да се расправа денес на состанок со претседателот на клубот Жоан Лапорта.

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси кој загина во пад на американски хеликоптер.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа.

Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори.

Според Уставот, во случај на смрт на иранскиот претседател, првиот потпретседател ја презема функцијата шеф на државата во текот на 50-дневен преоден период до одржување на избори, што е предмет на одобрение од иранскиот врховен лидер, кој го има последниот збор во сите државни прашања.

Хеликоптерот во кој загина Раиси беше американски Бел (Bell) 212 кој го развила компанијата „Bell Helicopter“ за канадската армија во доцните 1960-ти како надградба на оригиналниот UH-1 Iroquois.

Цивилната верзија на тие хеликоптери од ерата на Виетнамската војна беше во широка употреба низ целиот свет и ја користат и влади и приватни оператори. Хеликоптерот беше претставен во 1971 година и набргу потоа почна да се користи во САД и Канада, според американски документи за воена обука.

Хеликоптерот Бел 212 е прилагодлив на сите типови ситуации, вклучително и превоз до 15 луѓе, распоредување на воздушна противпожарна опрема, транспорт на товар и монтирање оружје.

Иранскиот модел што се урна вчера беше модифициран за да носи државни функционери. Хеликоптерите Бел 212 ги користат, меѓу другите, крајбрежната стража на Јапонија, агенциите за спроведување на законот во САД, полицијата во Тајланд. Иранското воздухопловство и морнарица имаат вкупно 10 вакви хеликоптери, а не е познато колку летала од овој тип користи иранската влада. Во последната несреќа во Иран со хеликоптер Бел 212, што се случи во 2018 година, загинаа четири лица.

притисни ентер