Од заседа е убиен внук на мафијашки бос во Италија, бил осуден за убиство на момче

Во наводна заседа е убиен внукот на италијанскиот шеф на криминална организација од Бари, Тонино Капријати, а убиецот со пиштол го застрелал Рафале Капријати додека минувал со мотор.

Единицата на Полицискиот штаб во Бари, која е координирана од Окружната антимафијашка управа, го истражува злосторството извршено синоќа, врши претреси и испрашува некои од роднините на жртвата, јавува Анса.

Рафеле „Лело“ Капријати претходно поминал 17 години во затвор за соучесништво во убиството на 16-годишниот Микеле Фази, кој беше убиен по грешка за време на тепачка меѓу ривалските мафијашки кланови.

Убиецот на Фази исто така бил нападнат од заседа во 2003 година, додека Лело и уште еден соучесник биле во затвор.

Лело бил ослободен од затвор во 2022 година, а неговото враќање било добредојдено во стариот дел на Бари, каде е сместена мафијата Капријати, со прослави, огномет и видеа на социјалните мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ: Довербата во правосудниот систем блиску до нула, Коцевски и ЈО да почнат да работат

Од слоганот на СДС „Нема правда нема мир“, но и од правдата на која се надеваа дел во учесниците во Шарената револуција, денес правосудството е на дното, а довербата на граѓаните во судството и обвинителството блиску до нула.

Надежта за правда, на која се фокусираше СДС, заврши неславно со инсталирање на обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал.

Од урлањето на Зоран Заев дека ќе донесе правда во Македонија, остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас кои ги опструираат предметите и не постапуваат.

Љупчо Коцевски 6 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него.

Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот, тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството.

Коцевски е платен од граѓаните и треба да ја гарантира правдата и владеењето на правото, а не да е во спрега со политичките криминалци на СДС и ДУИ.

Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас.

Коцевски не постапува по наводите за криминал во Онкологија, ЈПДП, Државна Лотарија, ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, Министерството за здравство, нивите купувани вдолж трасата за автопатот Скопје – Блаце и мноштво предмети за кои известуваа медиумите.

Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Британија нема да и врати на Грција делови од Партенон

Британската влада пред посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Лондон најави дека нема да го промени ставот за сопственоста на скулптури од Партенон. 

Скулптури од Акропол биле земени од Атина од лордот Елгин во 19 век и оттогаш се наоѓаат во Британскиот музеј и покрај силната кампања за нивно враќање во Грција, објави Политико.

Мицотакис пристигнува во Лондон и според британски медиуми, членовите на неговата влада одржале серија „приватни состаноци“ со високи претставници на Британскиот музеј за да разговараат за потенцијалниот договор за заем за античкото уметничко богатство. Секоја промена во статусот на скулптурите на Партенон, која минатата година доведе до жесток спор меѓу Грција и тогашната конзервативна влада во Лондон, ќе треба да биде одобрена од британската влада, бидејќи Законот за британскиот музеј од 1963 година спречува нешто да се отстрани од неговата колекција.

За време на спорот на Грција со ториевците минатата година, Кир Стармер, кој сега е премиер и во тоа време беше лидер на опозицијата, одлучи да се сретне со Мицотакис откако тогашниот премиер Риши Сунак ја откажа средбата со него поради жестокиот спор околу сопственоста. на скулптурите.

Портпаролот на владата во Лондон, синоќа рече дека „нема планови за промена на постојната политика на владата за реституција“.

Во пресрет на посетата на Мицотакис, од кабинетот на Стармер соопштија дека тоа прашање нема да биде на дневен ред на денешната средба. Наместо тоа, Стармер ќе инсистира на теми како што се континуирана поддршка за Украина и прекин на огнот во Газа.

Белата куќа настапи во заштита на одлуката на Џо Бајден да го помилува неговиот син Хантер

Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина.

Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина, во чисто политички мотивирани судски процеси.

Изјавата доаѓа во услови на гласни критики кон претседателската одлука како и од демократите, така и од републиканците.

Демократот Бајден, чииот мандат завршува на 20 јануари кога функцијата ќе ја преземе новоизбраниот претседател-републиканец Доналд Трамп, во неделата потпиша указ за безусловно помилување на Хантер Бајден. Шефот на Белата куќа изјави дека, според неговото мислење, неговиот син е предмет на селективна правда и е неправедно обвинет од политичките противници на претседателот.

Претходно, Бајден во два нарати изјаие дека нема намера да потпише одлука за помилување на својот син.

Оваа неочекувана одлука предизвика критики од страна на републиканците, како и од некои демократи, кои тврдат дека тоа ја поткопува довербата на јавноста во владеењето на правото – концепт врз кој Бајден и неговата партија ги засноваа нападите кон Трамп.

Хантер Бајден беше изведен пред суд за даночни прекршоци и обвиненија поврзани со купување оружје, по долгогодишен притисок од републиканците во Конгресот, кои го обвинуваа за склучување деловни договори користејќи го името на својот татко, но не успеаја да докажат јасна врска меѓу неговите дејствија и политичките функции на Бајден.

Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, синоќа застана во одбрана на претседателот, изјавувајќи дека, според Бајден, Хантер би се соочил со понатамошни гонења од своите противници. Таа, исто така, нагласи дека Бајден верува дека ако не биде помилуван, ова ќе продолжи и по неговото заминување од функцијата. Жан-Пјер, која претходно повеќепати изјавуваше дека Бајден нема да го помилува својот син, појасни дека ситуацијата се променила.

-Една од причините зошто претседателот ја донесе одлуката за помилување е што неговите политички противници, најверојатно, не беа подготвени да ја свртат страницата. Изгледаше дека ќе продолжат да го гонат неговиот син. Тоје убеден во тоа, изјави таа за новинарите во авионот „Air Force One“ за време на летот на Бајден за Ангола.

Жан-Пјер забележа дека ова не е првпат претседател да помилува член на своето семејство. На пример, Бил Клинтон го помилува својот полубрат Роџер, а Трамп – свекорот на својата ќерка, Чарлс Кушнер.

Таа додаде дека Бајден продолжува да му верува на Министерството за правда, и покрај неговата изјава дека судскиот процес против неговиот син бил „политизиран“.

-Две работи можат да бидат вистинити истовремено: претседателот навистина верува во правичен систем и работата на Министерството за правда, но исто така верува дека неговиот син беше предмет на политички мотивирано гонење, изјави таа.

Жан-Пјер одби да даде детали за тоа зошто и како Бајден го променил своето мислење и не појасни дали резултатите од неодамнешните избори, на кои републиканците добија контрола над Белата куќа и двете тела на Конгресот, влијаеле врз оваа одлука.

Републиканците го обвинија Бајден за корупција, додека демократите се поделени во своите ставови: некои тврдат дека тој ги ставил интересите на семејството над интересите на земјата, а други укажуваат на именувањата на Трамп во судскиот систем како оправдување за оваа одлука.

Хантер Бајден во септември призна вина за даночни прекршоци во федералниот суд во Лос Анџелес, а изрекувањето на казната беше закажано за 16 декември, под претседателство на судијата Марк Скарси, кој беше номиниран од избраниот претседател Доналд Трамп. Поротата го прогласи Хантер за виновен во јуни за лажни изјави при проверка за купување оружје; пресудата за овие обвиненија исто така се очекуваше овој месец.

Во неделата, Бајден изјави дека неговиот син бил предмет на селективна правда и бил неправедно обвинет за разлика од други лица во слични околности. „Ниту еден разумен човек кој ги проучил фактите околу случајот на Хантер, нема да дојде до друг заклучок освен тоа дека Хантер беше избран само затоа што е мој син – и тоа е погрешно,“ изјави тој.

Доцна во неделата вечерта, адвокатот на Хантер Бајден поднесе барање за укинување на обвиненијата.

притисни ентер