Од владата велат дека во здравството се инвестирало како никогаш до сега - Канал 5

Од владата велат дека во здравството се инвестирало како никогаш до сега

Цената на изградба на нов Клинички центар ќе се знае откако ќе се одлучи колку болнички кревети ќе има во него и дали ќе биде само доградба на веќе постоечки објект, кажа Премиерот Христијан Мицкоски.

Од владата велат дека во здравството се инвестирало како никогаш до сега

Цената на изградба на нов Клинички центар ќе се знае откако ќе се одлучи колку болнички кревети ќе има во него и дали ќе биде само доградба на веќе постоечки објект, кажа Премиерот Христијан Мицкоски кој смета дека најидеално местото е ГОБ „Осми септември“, позната како стара воена болница. Идејата е прво да се заврши со постапките на Клиниките во Штип и во Тетово, а да се почне и со изградба на нова болница во Кичево, па потоа фокусот да се стави на нов Клинички центар во Скопје, од чија изградба Владата нема да се откаже, вели Мицкоски.

-Она коешто сега го работиме откако завршија изборите е да ја продолжиме најпрвин постапката за изградба на Клиничката болница во Штип, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом, потоа болницата во Кичево со проширена дејност и реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово. Мислам дека тој процес откако ќе почне, тогаш може да се посветиме на овој за којшто зборуваме сега. Сепак, тој периметар, мислам дека е најсоодветен, бидејќи има пристап до гас и исклучително добра сообраќајна инфраструктура и мислам како целина може сериозно да се разгледува со лесна надградба да дојдеме до она коешто го посакуваме како држава и пациентите коишто ќе го добијат како квалитет. Не се откажуваме, изјави Премиерот Мицкоски.

Премиерот кој присуствуваше на прославата на 25 годишнината на Фондот за здравствено осигурување кажа дека за здравството се одвојува повеќе од една милијарда евра, од кои само за Фондот 863 милиони евра, што е најмногу досега. И Директорот на Фондот Сашо Клековски смета дека со ваква поддршка здравствениот систем испорачува, и покрај своите недостатоци.

-Каде се најголем дел од фактурираните услуги, кардиоваскуларните, каде што имаме околу 2 милијарди денари, во вложувања, а следни се неоплазмите со 1 милијарда денари. Ова е само за здравствените услуги без условните буџети за лекарства. Овој здравствен систем испорачува, да има недостатоци, но во основа, обемот на услуги што ги испорачува е обемен, вели Клековски.

Статистиката на Фондот покажува дека просечниот месечен придонес е околу 3.000 денари, или околу 50 евра по осигуреник, или како што посочи Директорот Клековски во обраќањето, колку две штеки цигари месечно. Според раководството на Фондот просекот на платите во здравството од околу 50.000 денари е доволна основа за да се има волја да се работи на реформи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Северна Кореја тестираше касетна боева глава наменета за стратешка крстосувачка ракета, само неколку дена откако тестираше касетна бомба за балистички ракети, објавија денеска државните медиуми.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Тестовите биле спроведени во понеделникот за да се процени разорната моќ на боевата глава и способноста на проектилот за вертикален напад, објави Корејската централна новинска агенција (KCNA).

Според севернокорејските претставници, боевата глава може да уништи површина од пет до шест хектари, додека способноста на проектилот прецизно да ги погодува целите е подобрена.

Северна Кореја најави дека до крајот на годината ќе развие различни видови касетни боеви глави, а експертите проценуваат дека, преку подобрување на способноста за вертикален напад, Пјонгјанг се обидува да овозможи попрецизно гаѓање на подземните воени објекти и влезовите во тунелите на јужнокорејските сили, пренесува „Јонхап“.

Агенцијата додава дека јужнокорејската војска соопшти оти одржува високо ниво на подготвеност и поседува супериорни капацитети за одговор на евентуални провокации од страна на Пјонгјанг.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, Џанг До-јонг, изјави дека јужнокорејската војска веќе има развиено системи за прецизни удари и одржува постојана оперативна подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...

Во украинското село Петропавливска Боршчахивка, во предградието на Киев, вчера дојде до судир откако цивили се собрале пред објект во кој се сместени припадници на Националната гарда. 

Видео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...

Во официјалното соопштение од единицата „Азов“ при Првиот корпус на Националната гарда се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ според кои во привременото сместувалиште незаконски се приведени и се мачат воени лица.

Според Националната гарда, дел од војниците во објектот биле неодамна мобилизирани, додека други биле задржани откако неовластено ги напуштиле своите воени единици, во очекување на прераспределба во други единици.

Четворица војници се здобиле со повреди и се испратени во болница на лекарски преглед.

„Командата на Националната гарда, во соработка со полицијата и другите надлежни органи, ја презеде истрагата за овој инцидент. Доколку се докаже дека во просториите на воениот објект се случиле какви било незаконски, насилни дејствија, одговорните соодветно ќе бидат казнети“, соопштија од Првиот корпус на Националната гарда.

Украинската национална гарда наведе дека деталите за повредите и здравствената состојба на војниците ќе бидат објавени дополнително, притоа повторувајќи дека нема смртни случаи.

Националната полиција потврди дека интервенирала на лице место и ги отфрли тврдењата дека луѓе биле незаконски задржани или дека некој го загубил животот.

Според полициското соопштение, полициски службеници биле испратени на локацијата по повик од вработен во приватна служба за итна медицинска помош, кој пријавил дека бил спречен да стигне до маж кој се наоѓал во зградата. При пристигнувањето на лице место, полициските службеници затекнале припадници на Националната гарда и локални жители собрани пред една куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Трамп го нападна Иран,американскиот претседател се заканува: „Ми треба само еден час за да ја освоам планината Пиук!“

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави!

Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион.

Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил .

„Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце.

Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час!

Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер