Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
2Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
ЕкономијаОд вечерва нова цена на горивата: Бензинот се зголемува за 2 денари, дизелот се намалува за 2,5 денариПоевтинува дизелот – поскапува бенизинот. Со новата одлука на регуалторната комисија за енергетика до ноќеска на полноќ литар дизел ќе се точи по цена од 91,5 денари - што е намалување за 2,5 денари, додека бенизите 95ка и 98ца ќе поскапат за 2 денари. Литар 95ка ќе се продава по цена од 82,5 денари, а новата цена на 98ца од полноќ ќе биде 84,5 денари. Во пресметките за новите цени влегуваат и намалената акциза за дериватите, а дополнително кај бензините пресметките се прави и со повластена стапка на ДДВ од 10%. Вакви бројки претходно пресметаа и од Владата, а премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека не смета дека како Влада избрзале со враќањето на ДДВто од 18 % за дизелот бидејќи неговата цена се намалува, што не е случај и кај бензините. „Кон крајот на неделата ќе ги правиме математиките за оваа недела и ќе носиме одлуки како понатаму останува до крај на април и оној попуст кој го договоривме со ОКТА, така што апсолутно како Влада во овие два месеци се бориме жилаво и успеавме да не дозволиме како многу пати во минатото да бидеме на дното. За окта ќе разговараме оваа недела, уште не сме ја отвориле темата ќе разговараме со министерката за енергетика и се разбира во рамките на можностите ќе направиме се за да продолжи тој попуст...“-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Војната на Блискиот исток и растот на цените на нафтените деривати негативно влијаат и врз дел од македонските комапнии. Од бизнис секторот велат, доколку, состојбата се влоши, и е потребно ќе побараат од државата да интервенира со мерки, кои според нив треба да бидат таргетирани, а фокусот пред се да се стави на македонските комапнии кои се занимаваат со извоз... „Да ќе побараме мерки секогаш кога тие ќе бидат потребни, да тие мерки да се таргетирани затоа што мерките кои општо важат остануваат и ... Да речеме ако се погодени одредени сектори, определни значајни гранки без кои економијата не може да фукнционира таргетирано треба да бидат поставени, а она што се однесува кон граѓаните ние тука нема да се мешаме. “-- Бранко Азески – претседател на Стопанска комора. Од владата досега неколкупати посочија дека со мерките кои ги презеле Македонија е меѓѓу ретките држави ов регионот и пошироко кои навреме се справиле со кризата и уверуваат дека засега немаме проблем со снабдувањето со нафтени деривати.... Тагови: бензините РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФерати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбатаМинистерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма. Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на ФилипчеМали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче, во чиј мандат како министер околу 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело и граѓаните се труелеРЕАКЦИЈА НА ЈОН ФРЧКОСКИ Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар. Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците. Токму поради брзата интервенција на институциите кои ги набројува мали Фрчко, гостиварци веќе извесно време имаат техничка вода во нивните чешми и набрзо ќе имаат и бактериолошки исправна вода за пиење. А во меѓу време, од првиот ден на појавување на проблемот, благодарение на брзата интервенција на Владата, граѓаните на Гостивар се снабдуваат со бесплатна флаширана вода за пиење. За разлика од сега кога се преземаат мерки, се известуваат граѓаните и проблемот со водата се решава, во периодот на власт на талогот на СДС, граѓаните на Гостивар свесно беа оставени бавно да се трујат. Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДС, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење. Резултатите се криеле, граѓаните не биле известени да не ја консумираат и не биле преземени никакви мерки и активности од ниедна институција, ниту на локално, ниту на централно ниво за решавање на проблемот. Така да, му порачуваме на Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче за системското и свесно труење на граѓаните, а не на овие коишто во рекорден рок го решаваат проблемот и состојбата ја ставаат под контрола. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСветските мориња достигнаа рекордни температури во јулиСветските мориња достигнаа рекордно високи температури во јули, делумно поттикнати од развојот на условите на Ел Нињо во Пацификот..Според службата за следење на климата на Европската унија, температурите на површината на морињата минатиот месец изнесувал 20,96 степени целзиусови, со што е соборен претходниот рекорд од пред три години со 20,89 степени. Овие мерења се однесуваат на морињата надвор од поларните региони.. Долж Атлантскиот брег и во западниот медитеран температурите на водата достигнале рекордни вредности, проследени со силни морски топлотни бранови..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter