3 Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските години
БалканОд утре прекин на работата во училиштата во Србија одлучи синдикатотОд утре прекин на работата во училиштата во Србија одлучи синдикатот по денешниот вооружен напад во ОУ во Белград. Главниот одбор на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија одлучи од утре да ја прекине работата во сите училишта во Србија. Потегот е преземен по денешниот вооружен напад врз ученици и наставници и училишен персонал во Белград, пренесе Бета Одлуката е донесена врз основа на Законот за безбедност и здравје при работа, бидејќи на вработените во образованието им се заканува непосредна опасност по нивниот живот и здравје, се вели во соопштението. НСПРС изразува сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакува брзо и успешно закрепнување. НСПРС бара итно разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ, „поради одговорноста за денешната трагедија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во која загинаа неколку лица. НСПРС посочува дека постојано бара од Министерството за образование „наместо да ги шминка постојните прописи, да преземе опсежни мерки за зголемување на безбедноста во училиштата, што министерот и Министерството ги игнорираа“. Поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградските основни училишта нема да има настава попладне, потврдија за РТС од Министерството за образование.Во училиштата ќе има само дежурен кадар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на потпишување договор за нова инвестицијаПремиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерииУкраина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски. Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степениСончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter