Од утре попладне локален пороен дожд, но и високи температури

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но и натаму со многу високи тепмператути, најавува од утре попладне УХМР.

В среда и четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува в петок и сабота.

Утринските темпеартури ќе бидат од 11 до 21 степен, а дневните од 27 до 37 степени.

Најтопло ќе биде в сабота, со температура од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави денеска дека го напушта клубот по крајот на сезоната.

Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес.

„Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во САД“, изјави Жиру, кој во 2018 година ја освои титулата светски првак со Франција, а во сезоната 2021/22 стана шампион со Милан во Серија А.

Жиру во дресот на Милан зад себе има 130 натпревари на кои постигна 48 голови.

Пред да дојде во Милан, Жиру играше за Гренобл, Истр, Тур, Монпеље, Челзи и Арсенал.

Со Монпеље ја освои француската титула, а со Челзи триумфираше во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Во кариерата има 847 натпревари со 342 голови и 113 асистенции, освојувајќи вкупно 13 трофеи. /МИА

притисни ентер