Од утре петти Струмица опен фестивал - Канал 5

Од утре петти Струмица опен фестивал

Во Струмица утревечер ќе почне петтиот „Струмица опен фестивал“ кој во наредните девет дена ќе понуди музика, уметност и забава и, според организаторите, ќе има многу гости и дружење.

Од утре петти Струмица опен фестивал
- На сцената во Градскиот парк во Струмица, в сабота во 20:30 часот ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Јо Јо“, по што ќе следуваат кореографија на Денс батл, настап на струмичките рапери Дивизија, а потоа и танцов натпревар. В недела ќе се одржи веќе традиционалниот концерт на лицата со телесен инвалидитет, а потоа ќе има и настап на стенд ап комичарите Марјан Ѓоргиевски и Никола Тодоровски, рече Томи Печков, претседател на Здружението на граѓани „Културно- забавен живот“ денеска на прес-конференција.

Организаторите велат дека токму ваквата богата културно-забавна програма, независна од главните три музички вечери, го прави Струмица опен фестивалот уникатен од сите летни манифестации што се одржуваат во државата.

- В понеделник во езерцето во паркот ќе се одржат два настана, изложбата „Будење“ на деца со посебни потреби и вечер на поезија, а во амфитеатарот ќе се одржи концерт на учесниците на летната школа на гитара кои пет дена ќе бидат дел од работилницата, појасни Печков.

На програмата на фестивалот е и трката на келнери и настап на групата „Летечки пекинезери“ како дел од џез-сцената, а во среда ќе има изложба и промоција на монографија и графичка мапа на Ниче Василев и концерт на акустична гитара.

Фолклорниот дел ќе го исполни Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Оро без граници“ на ансамблот „Тримери“ и гости од Турција, а потоа и вечерта на афоризми. На 12-ти, 13-ти и 14 август се предвидени концерти на домашни и балкански пејачи и диџеи.

- Идниот петок ќе се случува и кулминацијата на „Струмица опен фестивалот“ кога и очекуваме најголема посетеност како и досега. Музичките вечери ќе ги отворат Љубојна, Амадеус, Аца Лукас и Џамбо со Агушеви. В сабота на репертоарот се Хипнотизер, Влатко Стефановски, Архангел, Кад би био Бјело дугме, Брас брадрс и Плејмен. В недела фестивалот ќе заврши со настапите на Силви бенд, Црвена јабука, Жељко Јоксимовиќ, Дуоз и Хаус Твинс, информираше Печков.

Буџетот на фестивалот е скоро 150 илјади евра, од кои 9 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Струмица. Останатите се обезбедени од спонзорства и донации. Најголемиот дел, или околу 80 илјади евра, се наменети за музичкиот дел. Во фестивалските денови ќе бидат вклучени и 150 младински волонтери. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“

Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.

Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“

Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

На 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово.

Лишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Мерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време ан енергетската криза даваат резултати.

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Македонија останува со најниски цени на горивата од земјите во регионот.

За да и биде појасно на јавноста, ќе ги споредиме малопродажните цени на бензинот и дизелот кај нас и во нашето соседство.

Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%.

Следат, Хрватска каде малопродажната цена на бензинот е 107 денари, а споредено со кај нас цената е за 8% повика, па Црна Гора и Словенија со 106 денари или 7% повисока цена, а во Босна и Херцеговина со цената од 104 денари е за 5% поскап.

Следно ќе ги споредиме цените на дизелот кој во Македонија се продава по 104,5 денари, додека во Албанија малопродажната цена е за дури 40,5% повисока и изнесува 147 денари, па следи Грција со 126 денари или за 20%, потоа е Србија со малопродажна цена на дизелот за 18,5% повисока или 124 денари по литар.

Во Словенија дизелот се продава по 122 денари по литар, што е за 17% повисока цена од кај нас, во Хрватска 119 денари, односно за 14% повисока цена, па следи Црна Гора со 117 денари, односно 12% поскапо и Босна и Херцеговина со цена по литар дизел од 116 денари што е за 11% поскапо од кај нас.

Ова се реалните цели на горивата во Македонија и во регионот, македонските граѓани трошат помалку за да ги наполнат своите резервоари на возилата и со тоа им останува повеќе во нивните семејни буџети.

Ова е доказ дека добро испланираните и променети мерки за намалување на цените, како што е намалување на ДДВ и акцизите, даваат резултати и ги држат под контрола малопродажните цени.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се води од интересот на државата и стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер