Од следната сезона ВАР системот и на македонските стадиони - Канал 5

Од следната сезона ВАР системот и на македонските стадиони

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видеотехнологија.

Од следната сезона ВАР системот и на македонските стадиони

ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности

Лидерот на проектниот тим за имплементација на ВАР Дејан Јакимовски информира за динамиката на активностите.

-Одржавме првичен on-line состанок со ФИФА и веќе дефиниравме дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале - жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени. Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.

Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас е што започнавме со плановите за едукација на ВАР судии. На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот, истакна Јакимовски.

Исто трака, во периодот кој следува ќе се почне со адаптирање на инфраструктурата на стадионите, односно создавање на минимум потребни за добивање лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари. Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА.

Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште и Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.

Со имплементацијата на ВАР системот во МФЛ ќе се добие подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Вирусот западен нил се шири во Европа

Светска здравствена организација соопшти дека вирусот западен нил се шири во Европа.  

СЗО: Вирусот западен нил се шири во Европа

Регистрирани се 25 подрачја погодени од вирусот во шест европски држави – најмногу во Италија и Грција, а помал број и во Македонија, Романија, Шпанија и Франција.

Со оглед на зголемувањето на случаите во некои делови од континентот на почетокот на сезоната на пренос, СЗО за Европа повикува на зголемен надзор и активности за подигање на јавната свест за заштитните мерки.

Секој што живее или патува во погодена област треба да преземе основни мерки на претпазливост за да избегне каснувања од комарци, предупредуваат од СЗО.

Околу 70 до 80 проценти од луѓето заразени со вирусот западен нил нема да развијат никакви симптоми, но оние кои ќе развијат може да доживеат треска, главоболка, замор, болки во телото, гадење или повраќање, а понекогаш и осип или отечени лимфни јазли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието

Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција.

Средба на  Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието

Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција во реално време, развиен во рамките на услугите на ИНОФЕИТ Европскиот дигитален иновациски хаб (INNOFEIT EDIH). Овој модел на вештачка интелигенција е развиен и трениран врз основа на видеоснимките од собраниските седници, што му овозможува со висока прецизност да го препознава говорот, терминологијата и специфичниот начин на водење на собраниските расправи.

Проектот има за цел модернизација на процесот на изработка на собраниските стенографски белешки преку трансформација на досегашниот бавен и рачен процес во скалабилен, инклузивен и систем поддржан со вештачка интелигенција, кој овозможува автоматска транскрипција во реално време. Неговата примена ќе овозможи значително побрза изработка на транскрипти и записници, полесно пребарување на дискусиите по говорник, тема или клучен збор, како и создавање дигитални архиви кои ќе бидат подостапни за пратениците, стручната служба, медиумите и граѓаните. Истовремено, овој модел претставува темел за развој на нови функционалности во рамките на законодавната платформа, како што се автоматско титлување на преносите во живо, интелигентно пребарување низ седниците и примена на напредни алатки за анализа на собраниските материјали, придонесувајќи кон поефикасно, потранспарентно и подостапно Собрание.

На промоцијата, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши истакна дека ова решение претставува значаен чекор кон дигитализацијата на Собранието и унапредувањето на неговата ефикасност и транспарентност. Тој нагласи дека воспоставената соработка претставува основа за идни заеднички активности насочени кон понатамошна дигитализација на собраниските процеси и воведување современи технолошки решенија во работата на институцијата.

Проф. д-р Димитар Ташковски, координатор на ИНОФЕИТ ЕДИХ, ја истакна улогата на европските дигитални иновациски хабови во забрзувањето на дигиталната трансформација на јавниот и приватниот сектор. Тој потенцираше дека ИНОФЕИТ ЕДИХ преку услугите „Test Before Invest“, развој на решенија базирани на вештачка интелигенција, проценка на дигиталната зрелост, обуки и пристап до експертиза, им овозможува на јавните институции и компаниите безбедно и ефикасно воведување на најсовремени дигитални технологии. Воедно, тој ја нагласи успешната соработка со Собранието во текот на реализацијата на проектот, истакнувајќи дека ваквите партнерства ја потврдуваат важноста на ИНОФЕИТ ЕДИХ како клучен двигател на дигиталната трансформација и примената на вештачката интелигенција во јавниот сектор.

Проф. д-р Бранислав Геразов од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ги претстави техничките карактеристики и перформансите на системот. Тој објасни дека за надминување на оперативните предизвици при подготовката на стенографските записи е развиен високо специјализиран систем за автоматско препознавање на говор, кој директно одговара на потребите за брзина, прецизност и автоматизација.

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска ја истакна важноста од континуираното воведување современи дигитални технологии во работата на собраниската служба, нагласувајќи дека тие претставуваат клучен предуслов за понатамошно унапредување на нејзината ефикасност, функционалност и квалитетот на услугите што им ги обезбедува на пратениците и на граѓаните. Таа посочи дека примената на вештачката интелигенција ќе придонесе за оптимизација на работните процеси, побрза обработка на собраниските материјали и создавање понапредни дигитални услуги, со што Собранието ќе продолжи да се развива како модерна, транспарентна и технолошки напредна институција, усогласена со современите европски практики.

Во тек е развој на решение за негова интеграција во дигиталниот екосистем на Собранието. Нашата цел е моделот да стане составен дел од секојдневните работни процеси, овозможувајќи автоматска транскрипција на седниците, поефикасно управување со собраниските содржини и развој на нови интелигентни услуги за пратениците, стручната служба и граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реката Лепенец покриена со необична пена на влевот во Вардар

Со бела пена е прекриена реката Лепенец при влевот во реката Вардар во Скопје.

Реката Лепенец покриена со необична пена на влевот во Вардар

Пената се влева директно во Вардар.

Известени се од Град Скопје, најавено е дека инспектори веднаш ќе додат на терен да видат која е причината за пената во лепенец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер