Од штрајкот на аеродромите во Германија се погодени над 200.000 патници - Канал 5

Од штрајкот на аеродромите во Германија се погодени над 200.000 патници

Безбедносните работници на повеќето поголеми аеродроми во Германија денеска штрајкуваат поради спорот околу платите, што доведе до масовно откажување на летовите.

Од штрајкот на аеродромите во Германија се погодени над 200.000 патници

Синдикатот ver.di, кој најави штрајк во вторникот, ги повика работниците на штрајк на 11 аеродроми, во Франкфурт, Берлин, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Штутгарт, Лајпциг, Хановер, Дрезден, Бремен и Ерфурт.

Аеродромите во Баварија, вклучувајќи го и Минхен, вториот најфреквентен во земјата, не се погодени. Сите поаѓања за тој ден од Берлин, Хамбург и Штутгарт се откажани пред почетокот на штрајкот. Откажани се и околу четири петтини од летовите во Келн и една третина во Дизелдорф.

Во Франкфурт, операторот на најпрометниот аеродром во Германија рече дека безбедносните контролни пунктови надвор од транзитната зона ќе останат затворени. На патниците кои планираат да одат таму им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот. Сепак, некои летови биле овозможени, па Луфтханза планира да оперира поголем дел од распоредот, вклучувајќи ги и интерконтиненталните летови.

Аеродромската групација АДВ проценува дека вкупно околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени, што ќе влијае на околу 200.000 патници, објави германската новинска агенција ДПА.

Три рунди работни преговори не доведоа до договор за платите на околу 25.000 работници од обезбедувањето. Ver.di бара зголемување од 2,80 евра на час за сите вработени и повикува да се воведат бонуси за прекувремена работа од првиот дополнителен час. Здружението на работодавачи соопшти дека понудиле покачување од 4% оваа година и 3% следната година, како и отстапки за тоа кога ќе почнат бонусите за прекувремена работа. Разговорите треба да продолжат на 6 февруари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Александар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. 

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат..

Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезоната

Алекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.

Маркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезоната

Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството.

Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник.

Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер