3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаОд септември вештачката интелегенција влегува во средното образованиеОд септември вештачката интелегенција влегува во средното образование. Како што најави минситерката за образование Весна Јаневска на слободните и изборните часови, преку тематски обуки и повеќе училишни активности средношколците ќе учат како да ја применуваат вештачката интелегенција во образовниот процес како олеснителна алатка, но притоа ќе учат и за можните ризици од нејзиното користење. Јаневска вели дека министерството заедно со експерти од областа подготвува документ со насоки за наставниците кои наскоро ќе започнат со обуки за дигитална писменост. -Децата „chat gpt“ веќе користат, веќе користат вештачка интелегенција но освен што треба да ги научиме како правилно да ја користат, треба да ги научиме и да се заштитат, оти таму постојат и опасности. Тоа се теми кои учениците ќе ги совладуваат заедно со своите наставници, дел во обврзната програма, но дел и во слободните изборни предмети и сите други активности,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука . Според Јаневска вештачката интелегенција е од особена важност како за наставниците и учениците, така и за директорите на училиштата, бидејки како што вели со неа за многу пократок период можат да се решат бројни проблеми во образованието, но и да се скратат долгите административни процедури. - Вештачката интелегенција може да им ги средува сметководствените потреби, доколку се употреби во тој правец, наставниците можат вештачката интелегенција ако ги има податоците за темата која е учена може да им направи наставни ливчиња, тестови, вежби. Учениците можат да ја користат за на една платформа да вежбаат и решаваат задачи,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука . Дополнително министерката уверува дека по неколку години недостатоци, оваа учебна година за основците ќе започне со сите учебници. Таа ги покажа и новите одобрени учебници за Англиски и Германски јазик од 1 до 9то одделение, а наскоро најави дека ќе бидат одобрени и комплетирани учебниците за сите останати странски јазици.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДве делегации ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание.Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание, откако тој изјави дека комунистичкиот режим во Хавана е „целосно пропадната држава“ и рече дека режимот наскоро ќе падне. Кубанците и Иранците ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп „Мојата администрација бара радикална промена на ситуацијата во Куба, каде што комунистичкиот режим е под најголем притисок под кој некогаш бил. Тоа е целосно пропадната држава“, рече Трамп пред собраните светски лидери. Тој додаде дека режимот „се урива како никогаш досега“ и рече: „И ќе падне“. Претседателот на САД во својот говор ја истакна улогата на државниот секретар Марко Рубио, кој присуствуваше и на годишната сесија. „Тој е длабоко во преговорите со Куба. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп. Кубанската делегација, предводена од министерот за надворешни работи Бруно Родригез Парила, стана и ја напушти седницата токму во моментот кога Трамп ги изнесе обвинувањата. Куба не беше единствената земја чии претставници демонстративно го напуштија говорот на Трамп. Кога американскиот претседател се осврна на теми поврзани со воените напади врз Иран во изминатите шест месеци, иранската делегација исто така ја напушти салата, а само еден од нејзините членови остана да седи во клупите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Во дилема сум дали да го уништам Иран засекогаш, очекувам договор по изборите во ноемвриПочна 81. заседание на Генералното собрание на ОН... Украинскиот конфликт ќе биде регулиран многу побргу од очекуваното а САД и Иран ќе склучат договор набргу после среднорочните избори во Америка, по што глобалните цени на нафтените деривати значително ќе паднат – соопшти американскиот лидер Доналд Трамп во своето обраќање пред главното собрание на Обединетите нации. Трамп настојува на тоа дека Иран во иднина не смее да има своја нуклеарна програма а ги покани и останатите присутни лидери во Генералното собрание да се придружат кон економските санкции врз Иран. „Дали да ги однесам (Иран) во пеколот без шанси за преживување и без надеж за идна величина со генерации? - но верувам дека ќе постигнеме договор веднаш по изборите, бидејќи нема смисла тие да не го прават тоа. // Тесно соработуваме со лидерите на Русија и Украина и ќе го завршиме тоа, и ќе се случи побрзо отколку што луѓето мислат, бидејќи веќе им е преку глава.“ Трамп додаде дека подоцна денеска меѓу САД, Кралството Данска и Гренланд ќе биде потпишан договор со кој Америка ќе добие целосна контрола врз безбедноста на Гренланд, а ги пофали и земјите членки на НАТО кои ги зголемиле одбранбените трошоци од 2 на 5% од БДПто. „Овој договор склучен со Кралството Данска - неверојатна, прекрасна земја и самиот народ на Гренланд, им дава на Соединетите Држави трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби на таа територија. НАТО сега е посилен од кога било досега. НАТО прави работи за кои никој не мислеше дека ќе може да ги направи.“ Според Трамп, Америка е како што рече најсилната светска сила на чија економија завидува светот, а голем дел од неговото обраќање беше посветено на неговата републиканска администрација. Подоцна денеска во Обединетите нации ќе се обратат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како и францускиот лидер Емануел Макрон. Обраќањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред светските лидери е закажано за в петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп се обрати во Обединетите нации (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.Претседателот на Соединетите Американски Држави, земјата домаќин на Генералното собрание на ОН, традиционално е меѓу првите што ќе зборуваат. Меѓу светските лидери кои исто така треба да се обратат на Генералното собрание денес се францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и, подоцна во текот на денот, британскиот премиер Енди Бернам. Пристигнувањето на Бернам на Генералното собрание и неговиот говор денес беа потврдени и од британската влада. Тој се пофали со наводните резултати од неговата администрација На почетокот на говорот, Трамп ги истакна резултатите од неговата администрација во областите на економијата, имиграцијата и безбедноста на границите и потврди дека бројот на насилни злосторства во САД е намален. Тој, исто така, зборуваше за вработување, намалување на сиромаштијата, дерегулација, намалување на даноците и раст на берзата. Тој потврди дека САД „предводат практично во сè“ и дека иднината на земјата е светла. Потоа се префрли на војната со Иран и рече дека изборите нема да влијаат на неговиот пристап кон Техеран. „Додека другите зборуваат за мир, јас создавам мир“ „Додека другите зборуваат, јас дејствувам. Додека другите зборуваат за мир, јас создавам мир. Додека другите ги игнорираат заканите, јас се соочувам со нив. Додека другите зборуваат за храброст, Америка го покажа тоа. Додека другите ветуваат сила, јас ја искористив за да ја направам Америка најмоќната земја во светот“, рече Трамп. „Како претседател на најисклучителната нација во историјата, немам намера да дозволам опасностите да растат уште еден ден“, додаде тој. За Иран Трамп потоа го наведе Иран како одличен пример за таква закана. „Нема подобар пример за опасност на која ѝ е дозволено да расте, загрозувајќи го целиот свет, од најголемиот спонзор на тероризмот во светот, Исламската Република Иран“, рече тој. Тој рече дека Иран порано бил „насилник на Блискиот Исток“, но дека „веќе не е“. Во говорот пред Генералното собрание на ОН, Трамп рече дека Иран се соочува со „голема одлука“: да се постигне договор со САД или да се ризикува уништување на земјата. Тој се закани дека ако Иран не се согласи со договорот, ќе биде „однесен во пекол без никакви шанси за преживување“. За што друго зборуваше? Тој зборуваше и за својот Одбор за мир, кој го претстави како тело кое помогнало да се заврши војната во Газа. Тој ги наведе и војните за кои тврдеше дека завршиле. Тој рече дека картелите се ИСИС на западниот свет и дека зборува за лоши луѓе кои треба да бидат убиени или затворени. Тој рече дека додека е претседател, нема да има глобални даноци. Тој го нападна и Меѓународниот кривичен суд во Хаг и се осврна на „трансродовото лудило“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook