Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
2Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
МакедонијаОд Романија пристигнаа авион и хеликоптер за гаснење пожар, активни седум огнени стихииВо текот на изминатите денови на повеќе места во земјава избувнаа пожари кои уништија огромна површина шума, но и имоти. За жал, се уште има активни пожари кои претставуваат опасност за целата држава. Поради лошата состојба со пожарите во земјава, од Романија пристигнаа авион „Ц-27 Спартан" и хеликоптер „Канадер Т21", кои се специјализирани за гаснење пожари. – Авионот „Ц-27 Спартан" на романското Воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со шест тони вода врз пожарите, пристигна во земјава и може веднаш да започне со операција за гаснење на пожари, соопштија вчера од Министерството за одбрана. Од Центарот за управување со кризи вчера соопштија дека специјализираниот хеликоптер за гасење пожари „Канадер Т21", кој пристигна од Романија, ќе биде распределен таму каде што е најкритично. Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски најави дека во земјава се очекува да пристигне и авионот „Хекрулес 530", што е товарен и е прилагоден дополнително за гасење на пожари. – Се работи за специјализиран авион, за специјализирана намена кој со себе носи материјално-технички ресурси, носи луѓе, пожарникари и шесттонски кеси наполнети со вода и при летањето на подрачјето кое му се задава како координати за активен пожар тие се хидраулични и во форма на падобран бомба се концентрираат на пожарното дејствие каде практично е изворот на жариштето на пожарот. Тоа се големи авиони, нормално во координација со ВИНГ-от и со Генералштабот, нагласи Стојановски. Тој рече дека верува оти со овие материјално-технинчки средства и летала кои навистина се користат за оваа намена, за големи пожари и ќе бидат добредојдени со оглед на временските педиспозиции кои се очекуваат – сончево, топло време и можноста од дополнителен развој на ситуацијата со дополнителни пожари многу ќе придонесе за да можат со нив да се справат. Според последните вчерашни податоци на ЦУК, на територијата на земјава беа активни седум пожари и тоа во малешвскиот регион кај местото викано Бајаз Тепе на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, кај делчевското село Нов Иственик, на потегот од село Криви Дол кон Кадрифаково на граница помеѓу Свети Николе и Штип, на непристапните делови во атарите на селата Дрен и Смолане во Прилепско, близу село Дамјан кај Радовиш, кај велешкото село Џидимирци, во скопското село Градманци и во атарот на селото Жељувино во кумановско Старо Нагоричане. Владата на синоќешната седница донесе Одлука за дозвола на Дирекцијата за заштита и спасување за употреба и управување, доколку постои потреба, со 50.000 литри течно вештачко гориво керозин, без надомест, од ресурсите на министерствата за одбрана и за внатрешни работи. Како што соопшти владината Прес-служба, Одлуката е донесена врз основа на анализи и процена на природата и интензитетот на кризната состојба, како и потребата од рационално користење на националните ресурси и сили во нивната континуирана ангажираност во справувањето со последиците и потребата од дополнителни летови во наредниот период, имајќи предвид дека министерствата за одбрана и за внатрешни работи располагаат со доволна количества на керозин. Премиерот Зоран Заев вчера упати апел да се внимава, со цел да се спречат ризиците кои можат да предизвикаат пожар. – Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук. Тој во објавата потенцираше дека во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваат огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони од Романија. – Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност, додаде Заев. Тој, околу сервисирањето на хеликоптерите појасни дека истите се сервисираат постојано, а проблем според него, има и со авионите, конкретно недостигаат компании за сервисирање, регистрирање, одржување и лиценцирање поради што многу често жалбените постапки согласно Законот за јавни набавки никако не завршуваат. – Овие денови побаравме можност преку Бирото за јавни набавки по пат на преговарање да се ангажираат најблиските фирми. Отворивме можност, амбасадите помагаат, влада со влада со Хрватска затоа што нивните воени служби ги имаат лиценците и можноста да го направат сервисирањето на канадерите, на авионите и дефинитивно секогаш кога ни се случуваат вакви несреќи, вакви непогоди, вакви пожари сите сме свесни колку е важно да бидеме подготвени, додаде премиерот. Владата како што, посочи, и досега помагала, според него, има обновено голем дел од противпожарните единици, има многу нови возила, но и најголем дел се со застарена механизација. Најави продолжување и понатаму со уште поинтензивно темпо да се набавуваат средства, машини, противпожарни возила, се што им треба на пожарникарите. – Комплименти за сите оние општини коишто ги наградија овие денови самите пожарникари заради тоа што навистина некои имаат непрекинати часови повеќе од ден, два, три коишто се на терен и навистина заслужуваат. Јас реков, тие се нашите херои – заедно пожарникарите, Армијата, полицијата, ЦУК, ДЗС, но и локалното население како и голем ата благодарност до пријателските земји што помогнаа, рече Заев. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која вчера ги посети припадниците на Армијата упати искрена благодарност до нив и до колегите од Србија и Словенија за натчовечките напори дадени за гасење на пожарите и порача дека припадниците на Армијата мотивирано и посветено продолжуваат во борбата со огнените стихии. Лидерот од опзициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара формирање централно кризно тело од експерти и итна собраниска седница. – Состојбата на терен е пресложена и пресериозна. Делови од Македонија се зафатени од сериозна огнена стихија, а народот е оставен сам на себе да се спасува кој како може, умее и знае. Имаме целосно, целосно потфрлање на системот кој нефункционира. Сакам да испратам апел за целосна мобилизација на се што може да се мобилизира од институции, ресурси и човечки потенцијал и заеднички да се спротиставиме на огнениот пустош, наведе Мицкоски. Од Министерството за внатрешни работи апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е, како што истакнаа, максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец. Од друга страна, од Хелсиншкиот комитет за човекови права нагласија дека Министерството за труд и социјална политика, во соработка со општините, треба да им пружи неопходна финансиска и психосоцијална поддршка на најзагрозените. – Државата треба да ги стави на располагање своите сместувачки капацитети, за навремено да се згрижат лицата чии живеалишта се опожарени или кои се во непосредна близина на пожарите. Исто така, исплатата на соодветен надомест за санирање на штетите врз објектите и посевите мора да биде навремена, нагласија од Хелсиншкиот комитет за човекови права, осврнувајќи се на пожарите кои ја зафатија земјата. Оттаму истакнаа дека она што во моментов е итно и неодложно е заштитата на луѓето кои се најпогодени од огнената стихија. Во насока на спречување идна и поголема штета, од Комитетот апелираа до надлежните институции да ги засилат контролите во шумите на територијата на целата држава, а лицата, за кои ќе се докаже дека подметнале пожар, да одговараат за своите кривични дела. – Оттука, апелираме до Основното јавно обвинителството итно и транспарентно да постапи во случаите каде што веќе има осомничени, потенцираа од Хелсиншкиот комитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗатворени се гласачките места на Нов Зеланд- мртва трка меѓу лабуристите и националната партија Избирачките места се затворени на парламентарните избори во Нов Зеланд, а прелиминарните резултати покажуваат тесна трка меѓу двете најголеми политички партии, Лабуристичката партија и Националната партија.Избирачките места се затворени на парламентарните избори во Нов Зеланд, а прелиминарните резултати покажуваат тесна трка меѓу двете најголеми политички партии, Лабуристичката партија и Националната партија, кои имаат речиси еднакви шанси да ја формираат следната влада, а конечниот исход во голема мера зависи од помалите партии и коалициските разговори. Избирачките места се затворија во 19 часот по локално време, а со преброени 35 проценти од гласовите, Лабуристичката партија освои 29,87 проценти, а Националната партија 29,36 проценти, според Изборната комисија. Зелената партија освои 14,06 проценти, АКТ 10,54 проценти, а Нов Зеланд Прв 9,35 проценти. Партијата на можности освои 5,42 проценти од гласовите, надминувајќи го прагот од пет проценти потребен за влез во парламентот, додека Те Пати Маори имаше 0,60 проценти. Според проекциите, Националната партија би можела да освои 42 места, а Лабуристите 36, додека се очекува Зелените да освојат 17 места, партијата ACT 13, а партијата Нов Зеланд Прв 11 места. Партијата Opportunity би можела да освои седум места, а Te Pāti Māori пет. Според изборните аналитичари, токму помалите политички субјекти би можеле да бидат клучни во формирањето на следната влада, бидејќи двете најголеми партии изгубија дел од својата поддршка од помалите партии за време на кампањата. Од 1996 година, Нов Зеланд спроведува мешан пропорционален изборен систем, според кој гласачите гласаат за политичка партија и кандидат во нивната изборна единица. Парламентот има 71 место, кои се пополнуваат со избор на кандидати во изборните единици, додека најмалку 49 места се распределуваат врз основа на гласовите на партиите.Тагови: Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и ФилипчеСДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус.СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун. Функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и не се потврдени дали имаат фактичка основа и на тој начин создаваат недоверба кај граѓаните. Креирање страв, ширење лаги и манипулации се дел од политичката стратегија на СДС со цел да остварат некој политички поен плус, а со тоа свесно и прават штета на државата. Случајот со Алта банка не смее да биде предмет на дневнополитички манипулации, ниту пак финансиската сигурност и довербата на граѓаните да се користат за собирање евтини политички поени. Затоа институциите мора да постапат. Го повикуваме Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, за делото саботажа, каде што стои: „Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години“. СДС со држењето на прес-конференции пред виталните државни институции како што е Народна банка и нејзино секојдневно обвинување гледаме основи за ваквото дело, затоа што свесно и со умисла сакаат да предизвикаат штета на државен орган, правно лице, како и на штедачите, односно македонските граѓани. Ова не е првпат СДС и Филипче да отвораат теми со драматични најави и обвинувања. Слични политички дебати имаше и околу договорот со Обединетото Кралство каде СДС велеше дека ќе дојдат мигранти, ИПАРД-програмата, извештајот на Томас Вајц, исплатата на пензиите, унгарскиот кредит, водата во Гостивар, а сега и со Алта банка. Јавното обвинителство мора да одговори на едно едноставно прашање, дали во оваа држава секој може без одговорност да пласира тврдења што можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и да ја нарушат довербата во финансиските институции? Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира. ЈО мора да постапува по закон. Молкот не смее да биде одговор, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСДСМ: Кој стои зад Алта банка- криминал, корупција и пари од дрогаAлта банка не е обична банка. Зад формалниот сопственик Давор Мацура - човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога.Во Sky преписките Александар Вучиќ е препознаен како „Оскар“ - шеф на мафијата. Тие преписки, што сега се бараат да се отворат во Србија, укажуваат на врски со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Шариќ - еден од најголемите балкански нарко дилери. Беливук - шеф на криминална група поврзана со убиства и рекетирање. Истите преписки го поврзуваат и со Шкаљарскиот клан. Клан Вучиќ: Александар и Андреј. Андреј Вучиќ, брат на Александар, еден од клучните луѓе во системот на моќ и контрола врз безбедносните и финансиските текови. Полнолетниот син на Вучиќ се споменува во преписките како контакт лице што добивало месечна апанажа од картелот. Милан Радоичиќ - човек со потерница заради упадот на Косово и обидот за дестабилизација во Бањска. Лице поврзано со организиран криминал на северот на Косово, со рекетирање и со контрола на локални бизниси. Звонко Веселиновиќ - бизнис партнер на Радоичиќ. Човек со санкции, поврзан со организиран криминал, шверц и контрола на територии на северот на Косово. Неговите компании и мрежи се дел од истиот систем што го финансира и го штити режимот. Никола Петровиќ (претходно, директор на Електромрежа Србија - ЕМС), кум на Вучиќ. Човек што стекна енормно богатство во периодот на владеење на СНС. Јавноста виде како само прославата на неговиот роденден во Венеција, обележана како карневал, е платена со милиони евра. Таа група нема објаснување од каде доаѓаат тие пари. Има само факти за блискоста со власта и за бизнисите што растат паралелно со моќта. Само да знаат граѓаните за случајот со 5 тони дрога што од Македонија заврши во село Коњух кај сестринската партија СНС. При апсењето еден од уапсените изјавил дека е „државна работа„ на Бата Гашиќ, кој беше директор на БИА, министер за полиција и денес за одбрана во владата на Србија што си оди. Исто така Александар Вулин, поранешен директор на БИА, министер за полиција и за одбрана. Тој беше доведуван во врска со апсењата во Јовањица, каде што беше откриена огромна нелегална плантажа со марихуана. Исти функции како Гашиќ. Во Sky преписките овие двајца се споменуваат како главни за шверц на наркотици во рамките на Вучиќевиот клан. Овие исти луѓе беа гости во Македонија и имаа состаноци со ВМРО и со ЗНАМ, со Максим Димитриевски. Една од темите на состанокот била Алта банка. Ова е мрежата. Криминал, корупција, пари од дрога, контрола врз медиуми, телеком и банки. Алта банка е пералница на таа мрежа. Мицкоски ја донесе во Македонија. Ја донесе со притисок. Ја донесе со пари на јавни претпријатија и на граѓаните. Ја внесе и во осигурувањето. Со луѓе од БИА што се споменуваат во преписките за шверц на дрога. Сега, кога во Србија се бараат истраги за „Оскар“ и за врските со Шариќ и Беливук, во Македонија се кријат трансакциите и се обвинува опозицијата за паника. Нема паника. Има документи. Има Sky преписки. Има апсења. Има одговорност. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Паѓа „Оскар“. Паѓа и Мицкоски. Паѓа ВМРО-ОКГ. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00