Од понеделник стартуваат судењата за СЈО, Јанева на одмор

Од следната недела продолжуваат судењата по предметите на Специјалното јавно обвинителство.

Веќе в понеделник е закажано ново рочиште за случајот„ Титаник“ кој се однесува на изборните нерегуларности. За предметот кој е во доказна постапка а пред судот го застапува обвинителката Лиле Стефанова рочишта се закажани и во среда и петок. Следниот четврток пак е закажано и судење за „ТНТ“, случај кој се однесува на уривањето на комплексот Космос. Оставката шефицата на СЈО Катица Јанева отвори дилеми околу судското процесуирање на случаите, но оттаму велат дека пречки нема да има, обвинителите кои ги застапуваат предметите ќе се појават на судења.

Оставката на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се уште не е депонирана во Советот на јавните обвинители, што значи дека обвинителството се уште има шеф. Тоа нема во никој случај да се одрази на предметите кои се влезени во судската постапка и за кои се водат рочишта кои ќе ги застапуваат обвинителите и ќе продолжат до каде што застанале.

По оставката, Јанева зеде боледување па откако се врати неколку дена на работа замина на одмор. Од СЈО велат дека со работа таа треба да продолжи од 15ти.

Освен зачестените рочишта кои за случајот „Титаник“, закажани се и рочишта за случаите Тендери, Насилство во Општина Центар но и за Монструм, предмет кој СЈО го презеде од редовното обвинителство. Во меѓувреме се очекува судот да закаже рочиште и за случајот Талир 2 кој се однесува на незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ за кој судот го одобри обвинението пред неколку дена. Истрагата за овој предмет беше отворена во рокот од 18 месеци што го имаше СЈО, но обвинението е поднесено по истекување на рокот, поточно на 22 ноември 2018 година.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер