Од понеделник почнува вакцинацијата против сезонски грип за граѓаните кои не влегуваат во ризичната група - Канал 5

Од понеделник почнува вакцинацијата против сезонски грип за граѓаните кои не влегуваат во ризичната група

Сите граѓани што не влегуваат во ризичната група од понеделник ќе може да се вакцинираат против сезонски грип.

Од понеделник почнува вакцинацијата против сезонски грип за граѓаните кои не влегуваат во ризичната група

Вакцинацијата ќе се одвива во Центарот за јавно здравје „Пролет“ и според информациите ќе чини 700 денари. Од таму велат дека за Скопјани набавени се 1.000 вакцини, а вакцинацијата ќе се одвива по принципот прв дојден прв услужен, што значи дека нема да има потреба од претходно пријавување. Од центарот за јавно здравје за Канал 5 велат бројот на набавени вакцини е ист како и минатата година, и очекуваат истите да бидат потрошени во целост, бидејќи велат и лани интересот бил голем.

„Со вакцинација почнуваме во понеделник. Оваа година имаме 1000 дози, во споредба со минатата година бројката е иста, лани ги потрошивме сите количини што ги имавме па верувам дека и оваа година ќе ги потрошиме затоа што интересот е многу голем. Цената на вакцината е 700 денари, не треба термин да закажуваат, само треба да дојдат во Центар за јавно здравје и да се вакцинираат. “ - Љуљзиме Бајрами – Центар за јавно здравје

Пред околу една недела започна и бесплатната вакцинација, со која се опфатени лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци до пет години и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во нив. Пријавувањето за оваа категорија граѓани се врши преку вакцинација мк. Министерството за здравство досега набави најмногу или 80 илјади вакцини и очекуваат оваа бројка да е доволна за сите оние кои имаат право на бесплатна вацина и сакаат да се имунизираат против грип. Засега пријавени се околу 75илјади граѓани, а досега според информациите повеќе од 37 илјади се вакцинирале.

Инаку, според последните податоци на институот за јавно здравје за две недели регистрирани се 140 случаи, или за четири седмици околу 240 граѓани се заразиле со инфлуенца, но сè уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, кој се очекува дури во февруари да го достигне својот пик. Иако процентот на заразени е околу 60 отсто повисок од истиот период лани, состојбата, според лекарите, не е алармантна и е очекувана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер