Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
2Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
СветОд Москва одлета авион со доктори и опрема кон ИталијаПрвиот руски воен авион со доктори и опрема тргна кон Италија, во рамките на помошта во борба против коронавирусот, соопшти руското Министерството за одбрана.Во соопштението се наведува дека рускиот авион во Италија ќе однесе тим воени доктори, специјалисти за вирологија и епидемиологија со модерна опрема за дијагностика и дезинфекција, пренесе „Тасс“. Министерството претходно навело дека во Италија ќе прати осум тимови воени виролози и доктори, како и медицинска опрема и дезинфекциски системи. Рускиот претседател Владимир Путин вчера во разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте во Москва потврдил подготвеност на ја пружи неопходната помош. Русија планира да прати заштитна опрема, системи за дезинфекција на возила и земјиште, како и друга медицинска опрема за најзагрозените италијански редиони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина!САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина! Зделка вредна 2,1 милијарда долари, Зеленски предупредува на сериозен проблем.На 30 октомври, Стејт департментот на САД ја одобри можната продажба на 500 ракети-пресретнувачи за противвоздушниот систем „Патриот“ на Украина, во вредност од 2,1 милијарда долари. Истиот ден, главниот воен командант на НАТО изјави дека испораките на американско оружје, купено од европските сојузници, продолжуваат без одлагање. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, но предупреди дека за испораките би можеле да бидат потребни неколку години, додека на Украина ракетите ѝ се потребни уште оваа зима за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руските напади. Тој ги повика САД и нивните партнери да ѝ обезбедат на Украина ракети-пресретнувачи од постојните залихи, а подоцна да им ги надоместат преку нови договори. Предложениот пакет вклучува ракети-пресретнувачи од типот PAC-3 MSE (Missile Segment Enhancement) – напредни ракети со голема брзина за системот за противвоздушна и противракетна одбрана „Патриот“ (Patriot) – како и резервни делови и логистичка поддршка, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Набавката ќе биде финансирана од Канада, Германија и Норвешка преку програмата JUMPSTART – американски механизам за забрзана набавка, кој им овозможува на меѓународните сојузници и партнери да финансираат и брзо да обезбедат оружје произведено во САД. За оваа набавка нема да се користат средства од американската влада, додека дополнителното финансирање ќе биде обезбедено од украински средства, поддржани преку заем за помош од Европската унија наменет за Украина. Одобрението претставува чекор кон можна продажба, а не завршена набавка, при што датумот на испорака не е прецизиран. Американскиот Конгрес, вообичаено, има рок од 30 дена за разгледување на предложената продажба за Украина, додека производството и испораката на сложени системи за вооружување може да потраат со години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Брилијантниот Леброн „го „урна“ НБА шампионотЕден од најдобрите светски кошаркари во историјата ѕвездата на Филаделфија, Леброн Џејмс дури и на 41-годишна возраст, во својата 24-та НБА сезона, не престанува да воодушевува. Легендарниот кошаркар одигра одличен натпревар за својот нов клуб и ги предводеше Филаделфија до победа од 98:93 против актуелните НБА шампиони, Њујорк Никс, во рамките на утринската програма во НБА . Џејмс го заврши натпреварот со 20 поени, девет скока и осум асистенции, со што беше еден од најзаслужните за победата на Филаделфија. Тој изгледаше особено импресивно во завршницата на натпреварот, кога ја презеде одговорноста и му помогна на својот тим да го скрши отпорот на домаќините. Го реши натпреварот во завршницата Никс се обидоа да направат пресврт во последната четвртина, а Џејлен Брансон погоди тројка за водство на Њујорк од 90:89, на минута и пол пред крајот. Но, тогаш на сцена стапи Џејмс. Тој возврати со кош и ѝ донесе ново водство на Филаделфија. a LeBron James masterclass in South Philly. 20 PTS | 9 REB | 8 AST @PALottery https://t.co/Zbht6gCTiu — Philadelphia 76ers (@sixers) October 31, 2026 Џејмс во текот на натпреварот покажа дека сè уште може да доминира на двете страни од теренот. Во првото полувреме, тој моќно го проби Микал Бриџис и поентираше, додека во третата четвртина, во полн трк, го блокираше обидот на Оџи Ануноби. На тој начин, Филаделфија оствари вредна победа на гостински терен, а најдобар стрелец во тимот беше Тајрис Макси со 27 поени. Во редовите на Никс, најефикасен беше Џејлен Брансон со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконописДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места. Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Маченичка смрт на 84-годишна возраст Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37